Здраво на сите. Јас сум принудена да ја прекинам диетата пошто заболев од корона, а имав уште некојси 15 дена до крај. Немав направено крвна слика откако ја почнав диетава првиот пат и направив сега и железото ми е доста ниско. Не сум баш сигурна дали од пред то или од самиов вирус, но би сакала да апелирам да си проверувате крвна слика и да си земате плус витамини, иако во диетава си јадиме многу овошје и зеленчук. Поздрав и секое добро
7 ден - скробен Појадок-портокал Ручек Вечера-половина од ручекот Нека мине со лесно, ако можеш да споделиш колку килограми симна?
7 ден-јаглехидратен појадок-2 јаболка ручек-посни кифли со маслинки вечера-ќе биде бисквитна торта и ред црно чоколадо
15/90ЈХ П:јаболко и кафе Р:веге пица+салата(немам слика) В:чиа пудинг(со домашно бадемово млеко) и некое овошје ќе ставам+домашно темно чоколадо ќе го сликам рано ми е за вечера
@ТедИ11 може рецепт за бадемовото млеко? И дали може да се консумира во друг ден освен јх, на пример во овошниот?
100гр бадеми непечени се киснат во вода преку ноќ,наредната ден се ставаат само бадемите во блендер(јас во големата чаша од нутрито правев) се става засладувач(агаве,јаворов или мед)јас урми 5 ставив поздраво е и 1л вода и мн малку сол...ако не собира толку вода отпосле може да се додаде и блендираш некое време се цеди со газа,крпа и тоа е тоа...тоа што останува се печен на мн тихо 50степени околу 2ч и имаш бадемово брашно Стои 3дена во фрижидер (ако достои) Тоа со бадемот е чоколадото
Лупени бадемите пред да се блендираат? И рецептче за чоколадото, ич не обрнав внимание дека е домашно.
Не не ги лупев, пакетче какао(има темно какао),3л мед и 5-6л кокосово масло(може и повеќе ставив) и испадна како за чизкеик да се рони но се составува смесата и на фолија го израмнив и му ставив бадеми можеш и брусница
8 ден-витамински Јаболка, банани, портокали, малку лешниви непечени и приквечер салата краставица и домат.
Здраво, сакам да ве прашам дали може за протеинскиот ден ако за ручек се јаде пилешко месо, вечера може туна?
17/90 П:кафе Р:3јајца варени,авокадо,краставица,марула,лимонов сок,магдонос во тортиља + супа В:2јајца,авокадо..... Работбо