21/90ПРОТЕИНСКИ П:јаболко и кафе Р:мелено месо со моркови(од моркови никогаш доста)и спанаќ печени+зелка салата и лебче +супа В:пола од меленото со морковчиња
22/90СКРОБЕН П:јаболка и кафе Р:леќа,зелка,краставица салата +тостирано лебче на коцки В:исто И денес работно кај мене
Би требало во јаглехидрат. Псевдожитарка е и на 100гр киноа има 64гр јаглехидрати. https://drmitov.mk/киноа-семе-растителен-извор-на-сите-9-е-2/
23/90ЈХ П:мандарини и кафе Р:геврече со маслинки В:пицаа парче(ја утнав) чоколадо 24/90Овошен Кафе,марула салата
Тедич браво, се држиш ептен и како што гледам најактивна си. Кажи ми, забележуваш напредок на вага и во изгледот? кажи ми и совет како психички издржуваш рестрикција за благо хаха
Ја прекинав диетата пред некое време од оправдани причини и сега пак ја почнав со надеж дека до крај ќе се истера 9 ден Протеински Појадок: Јаболко Ручек: Краставица, домат, сирење, пржена тиквица, леб три мали кришки, и јогурт. Вечера: Сирење и домат. Од вчера до денес минус едно кило, колку имав пред тоа не знам, немав батерија на вагата
Ја држев првично до пред 2от воден ден ама бев болница со малата и ја прекинав на 2 недели....ја почнав пак одново...претходно на првиот воден бев -8,5кг и 13цм обем...почнав со 93 тогаш...а сега реално не очекувам толку многу здравје ми се ближи прв воден(по 2пат)...а околу изгледот екстра сум и вака 175 сум висока и бев 85,800 кога почнав сега...а имам и сега резултати Се подновив т.е се почастив фармерка тесна и тексас палто се тапнав сама по рамо и напред...почнав да вежбам за стомакот сепак три имам деца родено а и генетиката ни е таква диетава ми е колку да се одржавам сепак не се дозволувам на 29г да бидам крупна А околу активноста на форумот ми е како инспирација за пробување/измислување рецепти и секако јас кога почнав со диетава прв пат пред 10г цела тема ја исчита од 1ва страна а и сега знам да направам така...е овој ми е нов профил претходниот ми беше @меца91
Вчера 10/90 скробен Појадок: Јаболко Ручек: Гравче и салата од морков со три мали кришки интегрален леб. Вечера: Гравче 11/90 ЈХ Појадок: Компот од сливи Ручек: Две интегрални гевречиња со маслинки Вечера: Карамел колач мало парче плус мал еклер и чаша какао без шеќер.
27/90ЈХ П:кафе Р:веге пица(тесто,сината,кромид,мслинки,тиквички)+киноа салата(киноа,домат,краставица,роквица) В:планирам палачинки
12/90 Витамински Го мрааазаам денов, ми се гади и од овошје и од се Изедов јаболко, малку чиа семе со банана, две урми и до вечер краставици две и толку.
Девојки некако се решив да ја држам диетава и сакав после велигден да почнам со неа ама читајки ја темава сакам уште денес да почнам само имам мало прашање . Кај мене е долга и широка работата имам хашимото со хипо значи многу забавен метаболизам моментално постам и сум со тековна килажа 82 кг од постот симнав 4 кила , бидејки имам уште две недели прашањето ми е како да го терам протеинскиот ден а да биде посно , кои протеини ми се замена за месо јајца млеко ? И доилка сум па во ваквиот период дали заради хормоните намалување на килажа многи тешко ми одело и со претходните две деца ама тогаш сум имала многу малку вишок , сепак решена сум и 5 кг да симнам да не прекршувам диета , а целта ми се барем 20 кг ....