23/90 Јх ден Појадок: Јагоди Ручек: Пита со спанаќ Вечера: Мал сладолед и белвита плус чаша какао без шеќер.
6/90 2 portokala Tavce gravce, salata i me interesira dali smeam na parceto leb sto me sleduva da si namackam makalo? Vecera isto
7/90 JX Sabajle stanata od 4, dodeka gi izvapcam jajcata me najde 8 ipol, i si legnav. Osven taan madjun i med a i 1.5l voda nisto nemozev da jadam. Sega edno stanuvanje glad osekjam rano e za rucek ama docna za dorucek Taka da ke rucam PALENTA I PECURKI VECERA, TOPLO LADNO
25/90 Протеински Појадок: Јагоди Ручек: Две пржени јајца ,шарена сол, домат, две кришки леб плус супа. Вечера: Краставица
Јас ја држев диетава пред 2-3 години и се на се ослабев 10 кг, толку и ми требаа. Додуша сакав 12, ама ок беа и 10. Не издржав 3 месеци, ја држев месец и пол со отстапки, а после тоа применував некои работи од диетава, ама не ја држев по пропис. Отстапките беа од типот дека насабајле јадев пример банана, ама после саат два и јаткасти плодови околу 30тина грама, па до ручек и јаболче можеби. Ручекот по пропис го терав и за вечера јадев најчесто салата или зеленчукова супа, најчесто брокула со печурки или пак јаткасти плодови со јаболче, по некоја урма итн. Ретко јадев пола од ручекот. И пак изгубив солидна килажа. Не се дебелееме ние од што ќе измешаме ориз со пченка 60/40 сооднос наместо 80/20 ниту ако каснеме уште едно овошје или бадем, лешник (со усул, од ова се дебеелеме ако е мн). Ние се дебелееме од тоа што јадеме и кога не сме гладни ситници и нездрави работи. Затоа сметам дека ако осеќате дека на вашето тело му е потребно уште нешто за да имате енергија и да сте ок, мислам дека нема ништо посебно да згрешите ако апнете нешто здраво. Инаку мене замислете ми беше најлесен овошниот ден, зошто обожавам овошје и бадеми, лешници. Ама тоа јадев до пола ден и после салата, супите зеленчукови итн. Не знам дали пак би ја држела. Не ми беше нешто мн тешка и не мислам дека не е добра диетата, ама лично мене не ми се допаѓа доручекот, иако е овошје. Едноставно не ме држи овошјето, напротив, ми ствара глад. После диетата немав потреба да јадам од сабајле нешто друго, па пак бев на овошје, ама после саат два ќе огладнев и почнав со ситници нездрави до ручек. Така и се здебелив пак, ама не беше ептен јојо ефект. Постепено беше. Кога пак би ја држела би го заменила доручекот со зеленчук пример.
26/90 Скробен Појадок: Јагоди Ручек: Гравче тавче со спанаќ, зелка салата, интегрален леб. Вечера: Гравче