Јас мислам подобро тоа отколку еклери, толумби, баклави или сутлијаш како што прават некои по групите на фб.
Не може млеко. Од кафе јас само турско без шеќер. Нескафето е појако и затоа не можам и јас без барем една коцка шеќер да го пијам.
Девојки ве дружам и јас Почнав на 20.05 а денес ми заврши 15ти ден.Малце ми е тешко бидејќи сум трета смена но добро оди засега со минимални грешки во два дена.За килограми незнам ни колку имам ниту планирам да се вагам во текот на диетата,но барем немам надуеност како претходно.До одмор ќе се држи диетава Поздрав и со лесно на сите
79/90ЈХ 5/12 Денес на мени веге тортиљи Пченична тортиља со чиа семе полнета со брокула,морков,карфиол,ленено семе,краставица и чипс од морков... В: нивното височество палачинки
Би сакала да прашам во врска со тортиљите, не е грешка да се јадат во протеински ден наместо парче леб така? На пр јас вчера си направив врап со пилешко марула и печурки, а за вечера каснав само пилешко. Се надевам не ја утнав со тортиљата
Денес ја почнувам оваа диета. Стартувам со 84кг (два ипол месеци по пораѓај). Посакувана тежина 70кг. 1/90 протеински ден Доручек: едно големо јаболко Ручек: Вечера: пола доза од туната. Пс. можеби ќе испијам едно кафенце со малку млеко покасно, бидејки сум зависник
61 Овошен , и да се пожалам дека едвај чекам да ја завршам диетава, овошниот ден ми. Е неподнослив и чисто мачење 62 Протеински Појадок: Портокал Ручек: Јајца, домат, леб,супа. Вечера: Јајце 62 Скробен Појадок: Цреши Ручек: Компири со печурки, домат, леб. Вечера: Од компирите 63 Јх Појадок: Јаболки Ручек: Сeмдвиче со плескавица од тиквица, салата, сенф. Вечера: Колаченца со чаша какао без шеќер.
Тука сум и јас денес. Исто овошен. Мене ми е омилен оти после него се чувствувам ептен лесно а и не морам да готвам.
Ама за маж , дете пак мора да се зготви, е ако не си мажена предност е Шала на страна, ама со овошен физичка работа јок, не најадува ни па енергија ми дава овошјето
Го издржав протеинскиот. Појадок: Чаша топла вода со лимон и изрендан ѓумбир во водата (желудникот решето ми го напраи) Изодив 2 часа брзо одење кардио низ цел град едно 5-6 км поминав. Дома направив салата шопска. За вечера 4 варени јајца. Се излажав изедов мало кроасанче, сега пак ми се јаде и идам да земам јаболко мислам не е страшно.
17ден протеински Доручек-банана Ужина-јатки (морав бидејќи многу рано сум станата а имам цел ден пред мене) Ручек и вечера ќе биди стек со салата