4 за ручек . После огладнав па сум изела пола црна чоколада за готвење потсвесно во сон Грешка, сепак сум почетник. А и кросанчето го заборавив...
Многу грешки имаш. Прво немаш за појадок овошје, за ручек си јадела сирење за вечера јајца ( не се мешаат протеини, дента или сирење јадеш или јајца) кроасанот и јаболкото плус грешки ти се. Ако сакаш да ослабеш држи се до диетата, оти ова твоево не ни наликува на ун
Тешко ми оди диетата признавам...... Денес за појадок две јаболка. Па после една краставица и за ручек макарони.
83/90ОВОШЕН 9/12 Здраво женски.... До сега сум со кафе,воден лимон и зелка салата..... Најубав ден ми е овошниот нетреба да готвам за мене ќе имам повеќе време за другите да посветам....
65/90 Протеински Појадок: Банана Ручек: Запечена урда со пиперки, леб, домат јогурт. Вечера: Краставица. 66/90 Скробен Појадок: Јаболко Ручек: Гравче тавче, леб, салата домат и пиперка. Вечера: Гравче. 67/90 Јх Појадок: Цреши Ручек: Ѓевречиња со маслинки Вечера: Еклери, сладолед, чаша какао без шеќер. @Belgin1 јас и без диетава манџи не запржувам, само црвен пипер и компир варам и пасирам за да се згусне. Ама манџи не јадам ич во диетава, кило леб ќе треба да изедам со нив
Добарден девојки Јас вчера ја почнав диетата 09.06 1/90 Протеински П: Праска Р:Стек, Салата, Супа В: Стек и салата. 2/90 Скробен П: Банана Р: Варен компир пасиран со зачини, салата едно парче интегрален леб (и испив едно турско кафе без шеќер) В: Ќе биде пола порција од компирите и салата. И имам едно прашање за ЈХ ден. Дали може да се јадат за ручек инстант нудли со зачините во пакетчето или мора да биде некој друг вид тестенини со кечап, сос од домати...?
Девојки, брокулата со се ли ја комбинирате (со секој ден)? На кој начин ја спремате, како е највкусна? Јас многу не ја сакам, ама сакам да почнам со нешто поздраво...
Здраво. Ја држам оваа диета околу 3 недели. Денес ми беше овошен ден и цел ден си јадам... јагоди, цреши, банани. Знам дека бананите треба да се избегнуваат, но без нив не би го издржала овошниот ден. Прашањето ми е... дали е ограничено колку овошје се јади на овој ден?
Не е ограничено. Што се однесува до бананите, можеш за доручек една во секој ден, а за време на овошниот максимум 3. Една банана има 100 калории, не се грешка, посебно на овошниот ден кога имаме потреба од нешто што ќе не држи сити подолго време.