12/90 овошен денес на мени лубеница, модри сливи, суви сливи, суво грозје, рибизли… приквечер може една салата домат со малку сол
16 ден/ овошен Не знам како ќе го издржам, најверојатно ќе мамам. 70 на вага видов, кога ќе видам 6ка напред ќе частам За месец дена сум на свадба, фустанот ми се смее, ми вика може ќе пополниш доенечко деколте ама каде со стомакот?
Здраво девојки, ви се придружувам и јас по незнам кој пат веќе Доилка сум, бебето ми е 4 месеци но после пораѓајот се здебелив 10 кила и стигнав до 85, кои никогаш порано не сум ги имала (освен во бременост). Денес ми е 7ми ден, добро се држам сега за сега. Веќе имам -2 кила. Се решив да пишувам со вас бидејќи сама полесно паѓам во искушение да јадам што не треба. Дали има друга доилка што ја држи диетата?
14/90 Д: праска + кафе Р: компири (уште незнам какви ама изгледа пржени ке бидат ) + краставица салата В: исто
13/90 протеини Д: две модри сливи Р: една плескавица со салата краставица и супа бујон В: пола плескавиче и салата инску вагата сабајле покажа -3кг
14/90 скроб Д: лубеница Р: печен компир со морков и печурки, кришка интегрален леб, краставица салата В: пола од ручекот
Само да знаеш дека јаглехидрати ти се потребни за да прават лактоза (шеќерот во млекото). Со самото доење трошиш 300-500 калории дневно. Консултирај се прво со доктор. Не држи диети на своја рака дур доиш
15/90 јаглехидрати Д: лубеница Р: пица со пиперка, тиквица, домат, печурки, маслинки + салата В: два три реда бело чоколадо и еден ред црно чоколадо 75%
Ива да му се пријаде стварно на човек, таман сме исти ден, можам иста пица да направам 23/90 јаглехидратен ден Највеќе можам да забегам со овој ден, другарка дојде да ме види мене и бебуш и вика дека и делувам послаба Сакам да се сликнам пред и потоа да си имам слики. @Butterfly..7 и јас сум доилка, си ја терам диетава, поздраво дури јадам вака. Со чипсови, благо, хамбургери, било што да бутнам бидејќи сум мртва гладна од што сум ненаспана. Вака си имам ред, имам салата во неограничени количини, неутрални намирници да си каснам, млекце имам исто, не се намалува. Вагата варира, не ја држам строго ама многу полесно се чувствувам.
16/90 овошен го обожавам денов пошто се осеќам многу лесно, суви сливи веќе изедени во 9ч, сега ќе се пие кафе додека бебка спие… денес на мени лубеница, модри сливи и бадеми, приквечер може да се изеде една салата… и плус 0,75мл вода со л-карнитин
Zdravo devojki. Vi se pridruzuvam posle 5meseci pauza Zabegav i toa dosta, dojdov do brojka koja ne sum bila vo poslednite 15 godini, 69 Alarmot se vkluci!!! SAKAM i MISLAM DEKA MOZAM,.. Pocnuvam od utre, pa ke se druzime se dodeka ne vidam 63 na vaga. Ubav den!!!
27 ден јаглехидратен 69 кила, не ми се верува Се мислам шпагети со сос од тиквички и лукче ама има време до ручек Сега за сега сливи за доручек. Може и некоја банана
Горчлив по малку,прашкаста.....ова е зелен чај (листовите се само мелени) појак е од зелениот Јас можам да го пијам а има мн разни начини на употреба јас и во смуди го ставам