Девојки ве нема Ајде постари членки кои имале резултати, нека не мотивираат нас почетниците малку Мене денес ми е осми ден значи овошен, јадев последно околу 18 часот, искрено малку ме фати криза на овошниот ден и грицнав малку ореви бидејќи се сметаат за неутрална храна, инаку не го сметам тоа за грешка, бидејќи доста строго се придржувам, првиот овошен ден не грицнав, ама денес морав Нема да се мерам се до прв воден ден, ама искрено некако во лицето се осеќам ослабено малку Најважно ми е што немам болки во желудник после јадење и општо полесно ми е, претходно бидејќи мешав храна и јадев обилно имав чести болки во желудник после јадење. Сега ми останува покрај килограмите да ја средам и столицата, тоа тешко ми оди, за жал иако сум на овој режим, немам уште редовна столица, ама се надевам дека ќе ми проработи метаболизмот вака и дека ќе се разбуди од зимски сон
Денес ја почнав пак @Iva Mitrevski Ми треба поддршка, ако сме повеќе активни мислам дека ќе успееме За 3 месеци прв роденден на ќерка ми ќе биде, ако тоа не ми е мотивација... ќе се саморокнам!
И јас од денес почнувам. Досега 2 пати ја имам држено и изгубено по 15 кг. Првиот пат не ги вратив 3-4 години. Вториот лани летото беше, ама последниве месеци сум под стрес и јадам како стока, па ептен се здебелив. Овој пат не планирам редовно да се мерам. Имам цел да ме соберат едни панталони што ми беа точни во март, кога ќе стигнам до тоа - таман сум. Појадок: јаболко и турско кафе Ручек: Печено пилешко и краставица салата + парче интегрален леб Вечера: само салата. Мени за утре (Ден 2): Појадок: 2 мандарини и турско кафе Ручек/Вечера: Варен ориз и салата Ако преживеам, се читаме задутре.
@Estranged, @Ema.Sk Со среќа девојки, само јако, нема откажување Се издржуваат останатите денови лесно, само овошниот оди малку потешко, ама ќе си грицкаме по нешто јаткасто и решен проблем
После нешто повеќе од три месеца повторно се враќам За сето ова време вратив нешто повеќе од 3 кила, не си се допаѓам, ме збуцка бајаги благото што го донесе мажле од Немачка 1/90 Протеински Појадок: компот сливи без шеќер Ручек: Сирење со домашна лутеница, леб, чаша јогурт. Вечера: Сирење 2/90 Скробен Појадок: Јаболки Ручек: Печени компири, салата од моркови, леб. Вечера: Компири 3/90 Јх Појадок: Јаболки Ручек: Макарони со кечап Вечера: Колач и чаша какао без шеќер.
1/90 proteini Za dorucek edna jabolka ama pogolemka. Za rucek samaticka so sirence i jogurt, isto za vecera bez jogurtce. Leb ne jadam, skroz ke go isfrlam. Plus dve kafinja denvno ama 3in1, bez niv ne moze
2/90 skrob Za dorucek jabolka, za rucek corba lekja so mnogu morkov i zelka salata za vecera isto, samo pomalku od lekjata. Nazdravje
@mKdevojce Читав дека не се грешка оревите, отсега ќе грицкам по малку во овошен ден, првиот овошен освен овошје не каснав ништо друго, ама едвај издржав, цревата оро ми играа @anastasijaki Штом за три месеци си вратила три килограми значи дека не си го променила метаболизмот. После првиот круг од три месеци, треба три месеци да се појадува само овошје и во тие месеци да се изгубат уште три килограми и така ќе дојде до промена на метаболизмот. Инаку после прв циклус некои тераат уште три месеци на одржување, таму малку поинаков е распоредот на деновите за јадење и на водените денови. Денес ми е десетти ден, за појадок јадев една рака аронија и горко кафе. За ручек варен грав, едно парче црн леб, салата од домат, краставица и маслинка. За вечера само грав.
@Rama смееш јаткасти плодови во овошен, ама гледај да не претеруваш, пошто содржат доста масти. 50тина грама е таман, 100гр максимум. Или наместо јаткасти плодови можеш еден грст суво овошје, ама и од тоа не повеќе, заради количината на шеќери. Ако ти е тешко само на овошје, можеш и салата од свеж зеленчук, ама несолена, без масло (може прелиена со сок од лимон). Мене овошниот не ми е проблем, па никогаш не сум јадела зеленчук, ептен ретко знам по бадеми или лешници да посегнам, ама во главно само на овошје сум.
Не бев на одржување, не ми се замараше веќе, а и ми скисна од овошјето Кој си е склон на поправање нема менување метаболизми, ако не внимаваш отиде вагата нагоре
Мене другите денови ич не ми се проблем, само во овошен ми оди потешко, можеби дека ептен ретко јадев овошје претходно, никогаш не бев љубител на овошје, за жал. Така ќе правам сега, ќе јадам малку јатки или пак некое сушено овошје тој ден @anastasijaki Леле не ме плаши сега, јас сум ептен склона кон дебелеење, ама се терам да издржам до крај баш поради тоа демек да го изменам метаболизмот, бидејќи ми е спор ко желка
3/90 jh Domasni kifli samo sto gi izvadiv od rerna i luto ajvarce. Za dorucek jabolko a za vecera moze ke praam palacinki i neskafe, moze nekoj kolac kupen i neskafe.
13 ден-Протеински Доручек:Грозје Ручек:Мусака со модар патлиџан и салата од пиперки печени, и едно парче леб Вечера:Само од мусаката