Јас кари правам со неутрална павлака за готвење и кари зачин и мислам дека одеше лук, јас од сушен ставам зачин не свеж. Затоа велам има повеќе калории. Откако ја почнав диетава ни леб не јадам ни супа, премногу ми е. Така да нема да е страшно и малку павлака да внесам.
Здраво на сите. Диетава ја држам 8 дена, односно 2 циклуси. Немам направено ниту една грешка, само еднаш имам прескокнато поручек. Прашањето ми беше дали е нормално да не намалам воопшто кг?
11/90 Jх ден Р: пица со дом.кечап и печурки В: 2 амер.палачинки 2 ,5 кг имам намалено за овие 10 дена. И тоа ударно беше првите 7 дена, сега стагнираат кг.
Имаш 100гр јатки . Јас си мешам , ореви , бадеми , лешници.. и се ги распоредувам во текот на денот. Во јатки ваљда спаѓаат и семки тиквени сончогледови..
Здраво, планирам да ја почнам диетата, ме интересира само дали кога се јаде ручекот, пример месо, салата и парче интегрален леб, дали треба првин да се изеде првата, намирница, па втората, па третата, и дали се прави некаква пауза помеѓу секоја намирница, или може се заедно да се јаде додека јадеш мевце да си јадеш со леб и салата? И друго во врска со кафето, каков засладувач може да се користи, пример стевија или некој вештачки засладувач како Натрен?
Сите намирници се јадат заедно и не се прави никаква пауза. Па според мене не би требало да има некаков проблем доколку ставиш стевија.
7кг ми се вишок. Одлично напреднав со диетата,за жал се заразив со ковид и еве 2 дена како ја прекинав . Да закрепнам и продолжувам
Ајде и јас ќе ви се придружам 2/90 Скробен ден Појадок: 2 јаболки со цимет, чаша чај и турско кафе без шеќер Ручек: печени компири со сусам, салата цвекло и кришка интегрален леб Вечера: половина од ручекот без леб Затоа што сега ја почнав диетава по првпат, би ми значело некоја од вас да сподели добри резултати како мотивација затоа што брзо се откажувам, карактер 0 а имам околу 7-8 кг за симнување
Решена сум од утре да ја почнам диетата, ајде диеталки кои сте на почеток од диетата пишете за друштво и поткрепа, а тие што сте при крај пак пишете ни за мотивација Според мене тоа е една од ретките диети во кои се вклучени и овошје и зеленчук и месо и леб, па дури и благо....сааамо многу ќе ми е тешко без појадок, т.е. овошје само ќе ми треба бајаги време да се навикнам само на овошје од сабајле, после кафето имам страшна потреба да појадувам, и тоа ѕверски глад имам од сабајле , ручек скокам и тоа често, ручек и вечера ми е во едно, но без појадок дали ќе успеам да се навикнам?!?! Инаку имам цел да симнам околу 10кг до 12 кг , сега сум 62кг сакам да намалам до 50кг, ниска сум (1.60м )и ми личи премногу качената килажа.
Три недели ја држам. Мислам дека тука финтата е во мали оброци. Плус не мешаш месо и леб или месо и компир.
Леле и мене тоа со лебот многу ме буни, кога се јаде леб, месо и салата, или пак еве вториот ден компир или ориз со салата и пак парче леб .....а пак во постовите повеќето велат да не се избегнува лебот, си имал улога во диетата за организмот. Еве јас ќе практикувам Тонус леб, или кога имам дома од "Лебот на мама" лебови со цело зрно пченица, или р'жан леб.....но сепак ме буни таа комбинација. Е сега на мали порции ќе пробам и јас да не се прејадувам, а да се осетам сита, најадена.
Сакам да прашам печена тиква дали може да се јаде наутро 2/3 парчиња во зависност од големината, тиквата е неутрална на вкус ( знае да биде и малку блага) но незнам да не е многу "месната" дали спаѓа во овошките, незнам ни колку е калорична...?