Женскии и јас денес почнав прв пат се надевам на добри резултати Моментслно 64,4kg Таргет 58 kg Проетински прв ден: Појадок: 1 Банана Ручек: Риба со салата цвекло, зелка и морков Вечера: пола од ручекот
Темата не е многу активна, речиси ич, па подобро прашај во темата за подршка за слабеење, таму доста повеќе се пишува. Инаку и јас го имав поставено оваа прашање но во контекст на кафе со малку млеко, зошто не пијам црно кафе, и членка која ја држеле диетата ми одговори дека не е на штета помалку кокосово или бадемово млеко, јас си ставам секој ден ептен по малку во еспресо или нес кафе, е сега цела чаша вакво млеко незнам во кој ден би можело. Инаку дали од скоро ја започна диетата или подолго време ја држиш?.. јас си барам муабет за мотивација или некој совет во врска со намирниците, но темата е ептен слабо раздвижена, читам предходни постови за бараните одговори.
Ти благодарам на одговорот. И мене ми е за во кафе. Инаку денес 7ми ден ми е, видов дека не е многу активна но си реков да си ја пробам среќата. Ти кога започна со диетава? Ја имам држено еднаш пред една година некаде одприлика и добри резултати имав со оглед дека не се придржував баш хаха . Мм ја држи многу повњќе пати во текот на годините и му дава одлични резултати. Имам некои слики од претходно од тука даунлоадирани ако не си ги нашла со правилата колку гр која намирница кои се неутрални што смее во секој ден. Ми треба и мене мотивација хаха и идеи за оброците не скам да ми се прости и досадни.
Здраво планирам да ја започнам диетава, сакав да ве прашам пример кога готвите грав или грашок или што о да е дали смеат да се користат зачини (вагета, бибер) и масло или путер, и дали во салатите дозволен е оцет и каков. Последно видов може и шопска салата, какво сирење се става. Поздрав девојки, на сите ви посакувам успех
Да, може да се користат зачини, јас ги правам со зачини и сончогледово масло, без запршка. Е сега Вегета во секоја диета не е препорачливо да се користи, не е баш здрав зачин, па подобро некој сушен зеленчук место Вегета и слични такви на неа. За оцет не се препорачува во салатите, пишува подобро цеден лимон, а за масло пишува дека е дозволено 1 лажица маслиново масло, но јас ставам мноооогу повеќе, посебно кога правам зелка салата или пак марула, ајсберг, таков лиснат зеленчук малу ми е само 1 лажица. Во врска со сирењето исто се препорачуват младо сирење, фета или моцарела, најверојатно не се толку маслени и не содржат многу сол, но јас прекршувам и во тој дел, си ставам обично кравјо сирење .....ќе ми се одразат на крајниот резултат овие грешки секако
Денеска 21 ден од УН диетата, се мерев сабајлето - 4 кг за 20 дена. Се придржувам во глобала, малку грешам, а еден голем минус ми е што напијам доволно вода, со сила 3 чаши на ден да ми се соберат. Е сега дали допрва после месец дена од диетата ќе почнам повеќе да губам килажа, или напочетокот повеќе се слабее? Како што знам, општо со сите диети напочетокот се губи само вишокот вода, а тек покасно започнува вистинското слабеење, но овдека на темата прочитав доста коментари дека напочетокот повеќе изгубиле килажа, а после има некаков застој.
Јас за 22 дена -3.5 кг само.... Хаха губам трпение полека. Последнава недела само 50 гр сум у минус. Незнам нека каже нкој поискусен
Прво: прекратко е времето за да заклучиш било што. Тежината кај секој човек се менува како во текот на самиот ден, така и од ден на ден. Затоа најдобро е да мериш тежина секој ден, во исто време, на иста вага и на исто место на вагата (сѐ ова има влијание). Најчесто се препорачува наутро после одење во WC, затоа што има помалку фактори на телото кои би можеле да влијаат. Пример, да речеме дека се мериш секој ден во 5 часот попладне. Што ако вчера си јадела во 2, а денес во 4 часот попладне? Нема да е баш реално, условите под кои мериш се различни, односно телото ти е во различна состојба. Се разбира, и покрај мерењето наутро, пак нешто друго може да влијае, но сепак си поблиску до реалната тежина. Второ: баш поради флуктуациите во тежината, не ја гледаш промената на тежината од ден во ден, туку подобро е да направиш просек од целата седмица. Значи, мериш секој ден, но релевантна бројка за твојата тежина ќе биде просекот од цела седмица (ја собираш тежината од секој ден и збирот го делиш со 7, дека 7 дена) и ќе споредуваш како се менува просекот од седмица во седмица. Трето: на тежината кај жените влијае и менструалниот циклус, односно во различна фаза на циклусот може различно да губиш тежина, така што можеш да имаш флуктуации и од седмица во седмица. Тоа се согледува подобро со правење на ова со месеци, и подобро ќе можеш да проценуваш кога ти се јавуваат тие флуктуации. Четврто: ова значи дека губењето тежина на здрав начин, односно начин што ќе биде долготраен трае долго време - месеци, некогаш можеби и години. Важно е да не се брза, затоа што тогаш добиваш само привремено решение, понатаму пак ќе се вратат килограмите, и тоа најчесто повеќе од што биле претходно пред слабеењето. Петто: сите диети без исклучок функционираат затоа што се наоѓаш во калориски дефицит, односно внесуваш помалку калории отколку што трошиш. Сепак, има и такво нешто како: внесување премалку калории, и тоа ќе ти даде почетно брзо резултати, ама нема да се одржливи, затоа што не можеш цел живот да живееш на толку малку калории, некогаш ќе мора да се вратиш на внесување повеќе калории (и најчесто се многу повеќе калории), со што брзо ќе се врати старата тежина и дури и ќе се зголеми. Затоа и процесот треба да е постепен. Нејсе, поентата ми беше: може да следиш просек на тежина секоја седмица и да увидиш дека сепак не губиш тежина. Согласно погорниот пасус, тоа би значело дека трошиш исто толку калории колку што внесуваш, односно ја одржуваш тежината. Тогаш треба или да намалиш внес (помалку да јадиш) или да трошиш повеќе (повеќе да вежбаш). Ова е неминовно (односно, ќе се случи порано или подоцна) во процесот на слабеење поради забавување на метаболизмот (односно, почнуваш да трошиш помалку калории иако внесуваш ист број на калории). Еве нешто плус за ова од што сум пишала во друга тема, како продолжение: Ова значи дека само затоа што следиш некоја диета, намалувањето на тежината не се случува автоматски, затоа што можеби преку диетата внесуваш исто толку калории колку што троши твоето тело. Ова е различно кај секој: се пресметува во однос на твојата тежина и процент на масти во телото (се проценува отприлика колку троши твојот метаболизам), како и твоето ниво на физичка активност. Ова е сепак поредок случај, повеќето диети се премногу ригорозни и создаваат преголем калориски дефицит, па кога метаболизмот ќе забави толку за тие калории да станат калории на одржување на тежина, потоа за да продолжи слабеењето треба да се направи една од двете работи што ги споменав (намалување со јадење или зголемување со вежбање). Меѓутоа, како што кажав, има граница до која можеш да намалуваш храна и зголемуваш вежбање; потоа почнуваш да се соочуваш со здравствени проблеми (пример, преголема глад што може да доведе до чирови на желудник, или вртоглавици поради интензивно вежбање (или дури и за обично функционирање преку денот) за кое ти треба и повеќе енергија, која ја немаш, оти јадеш малку), што значи дека или заглавуваш со таа тежина следејќи ја диетата, или почнуваш да јадеш повеќе и се враќаш назад на почеток. Затоа калорискиот дефицит треба да е умерен/не преголем за да ти дозволува да можеш да намалуваш калории кога ќе го стигнеш платото, односно кога ќе престанеш да губиш тежина при ист внес на храна поради забавување на метаболизмот. При следење на класична диета како УН или било која друга диета, овие работи не се земаат предвид и се нуди едно решение за сите, а тоа е невозможно: не може исто да се храни и некој што има 90 kg (и одреден процент на масти во телото), и некој што има 70 kg (друг процент на масти во телото), затоа што тргнуваат од различна почетна точка и имаат различен метаболизам и различно ниво на физичка активност (односно, трошат различна количина на калории). Прочитај што пишав нагоре, може ќе ти значи. Во однос на твоето прашање, еве ти одговор од друга тема:
Јас денеска треба да сум на вода, ми се паѓа водниот ден, ама нема шанси да го издржам....едно сум дома цел ден, нема како да ми се скрени виманието да не мислам на гладот, друго со бебе од рани зори сум станата, којзнае у колку ќе си легнам, веќе почнува да ми се лоши, имам потреба да каснам нешто, па се мислам дали да го повторам витаминскиот ден само на овошје и салата или пак да си продолжам по ред како што следи, со протеинскиот ден....
Се надевам дека ќе има и така резултати ....и јас продолжив со протеинскиот, многу сакав да го држам водениот ден, ама баш сега кога не одам на работа, дома цел ден со мали деца не ми успеа , не е тоа оправдување, но еве кога ќе ми дојде нареден воден планирам да не сум дома цел ден можеби ќе успеам така Инаку сабајле се мерев минус 5 ипол кг за 29 дена....очекував повеќе, но ајде почна вагата да паѓа надолу не се разочарувам до толку. Инаку не грешам многу, само што пијам секој ден кафе со многу малку млеко, неколку капки што се вели, ама вода слабо пијам....со сила 1литар.
Devojki i jas ja drzam dietava denes mi 15den i Jh... Dorucek 1banana za rucek ke bide dve gevrecinja so salata a za vecera palacinki, nes kafe i Red crno cokolado... Se nadevam deka ke prodolzam vez greski.
@pdb123 те тагнав како поискусна да ми одговориш на неколку прашања Зошто после втор циклус на диетава значи подолг период се држи на истава и се намалени доста килограми,но последниов месец наместо да ги изгуби уште последните 2кг,ги накачи 2и пол. Значи се држи до правилата добро и е позната оваа диета,единствено што вика може не ке вечерам во протеински или во скробен ден,но тоа го правела и во првиот циклус од 90 дена и имала резултат но сега се разочарала бидејќи на вагата не се намалувале килограмите Пишувам во трето лице бидејќи сум само месинџер. Физички е доста ослабена и не се забележува дека накачила 2 и пол кг. Но маката и е што вагата така покажувала. Што се прави при стагнирање или еве ваков случај качување а е на диета.
Гдје сте људи дај те ми Поддршка Денес мозоков психички го спремам за да почнам со диетчево Стално сум имала убај резултати само упорност и инает ми треба Околу 10тина имам плус се надевам за месец - месец ипол ке успеам во замислата
Ја имаш поддршката, известувај за резултати ....се надевам ќе се активира малку темата ко ќе затопли времето, ќе има повеќе диеталки на УН диета, зошто сега нешто многу слабо е активна... Јас стигнав до -6кг за околу месец дена и почнав да забушавам (се лутам на самата на себе си, зошто 30 дена се држев ко што треба, и после излегоа некои убави поводи за славење и грешев скоро цела недела, и сега морам да се казнат еден воден ден за грешките, и да почнам пак ) некаде прочитав после грешење со диетата казна воден ден
Ај денес ко за почеток се припремав ама и го почнав првиот ден Д. Две јаболчиња Р. Две варени јајца и марулка В. Едно варено и марулка Супата ја изоставив имав обврски и ми беше мака да направам Сега ме интересира дали со јајцето може и сирење или то беше со месо? Имам заборавено одамна беше ова И две литри вода пијам уз денов