Vcera 3 den jh. D. 2 mandarini R. Spageti so zelencuk I domaten sos V. Torta Denes 4. Ovosen Dve mandarini za pocetok na denot, vo plan sum ovosna salata
Не сум искусна, особено не за диетава, само зборував она што сум истражувала на тема слабеење со цел да утврдам што се всушност фактите, како се слабее, со цел да не си го комплицирам животот и да не се измачувам со диети беспотребно... Ќе прокоментирам мое мислење, иако не сум експерт: Вака, прво не може да внесува исто храна како претходно, а да се дебелее освен ако нема некои промени во хормоните (да ѝ се забавил метаболизмот дополнително) или поверојатната опција според мене, да има некои мали промени во храната што не ги забележува, не им обрнува внимание оти се мали или пак, се движи помалку од порано, односно троши помалку калории. Кога сѐ би било скроз исто, во најлош случај, би стагнирала, не би качувала килажа. Исто така, како што напишав во претходниот пост, важно е кога и како се мери и кои резултати на вагата ги споредува. Значи, прво на што треба таа да обрне внимание пред воопшто да делува некако е: - Дали поткаснувам по некој залак плус? Дали ги земам предвид пример колку масло користам, неколку залачиња грицки или друго нешто калорично, лажичките чоколаден крем или лажиците што ги подлижнувам после готвење? И слични такви ситници што си велиме ништо не, малку е, а всушност се собират преку деновите и плус, најчесто се високалорични работи кои и во мала количина имаат значаен придонес кон вкупните калории што се внесуваат. Ова не значи дека нешто не треба да се јаде (пример, грицки, благо), туку само да се обрне внимание на количината. - Дали седам повеќе од порано, помалку се движам? - Дали ја споредувам тежината од ден во ден (напишав во другиот пост зошто не е пожелно така да се споредува)? Дали воопшто мерам тежина во исто време, под исти услови (не е исто денес ако се измерам после јадење и утре сабајле на гладно)? - Дали сум можеби поизложена на стрес и спијам помалку (влијание на хормони, надвор од тироидната) од порано? И ова влијае врз килограмите. Кога ќе утврди што од ова е проблем и го елиминира, веројатно сепак ќе се наоѓа во стагнација. Тоа е така, затоа што како што кажав претходно, со намалувањето на тежина се забавува и организмот и веќе не троши толку колку што трошел претходно, туку се изедначува, односно троши толку колку што се внесуваат калории, т.е. не се губи тежина. И ова претходно го напишав: во тој случај, има две опции: јадеш помалку (внесуваш помалку отколку што трошиш) или се движиш повеќе, спортуваш (трошиш повеќе отколку што внесуваш). Движењето повеќе е можеби полесно, меѓутоа ако веќе не јаде доволно, може да има вртоглавици. Од друга страна, може да јаде помалку, ама ако веќе јаде малку, ова нема да може да се изведе... Затоа и лоши се ваквите диети, оти од старт јадеш малку, и после кога ќе ти забави метаболизмот, не можеш да намалиш со храната за да продолжиш да слабееш. Во тој случај се применува reverse dieting, каде што постепено зголемуваш исхрана, односно си во суфицит, со цел да го забрзаш метаболизмот, но тоа значи дека ќе качуваш тежина. Сепак, кога контролирано се прави ова, тоа нема да биде претерана тежина, и кај луѓе што се хронични држачи на диети и општо, вака толку им се забавил организмот, нема друга опција освен таа. Мора прво да го забрзаат метаболизмот, за почетната точка на метаболизмот за губење тежина да им е подобра, односно да можат повеќе пати да го подесуваат начинот на исхрана, т.е. калорискиот дефицит. Здраво слабеење би изгледало нешто вака: откриваш при кој внес на калории одржуваш тежина, и тој треба да ти е задоволително голем (не пример, да одржуваш тежина со 1200 калории внес, тоа е премалку). Потоа дефинираш колкав треба да ти е дефицитот со цел да губиш Х килограми седмично (се препорачува да се губи (0.4-1)% од тежината седмично), односно сега знаеш колку калории помалку треба да внесуваш од што внесуваш моментално со цел да губиш Х килограми седмично. Го држиш тоа темпо и по одредено време гледаш дека тежината ти стагнира, значи ти се забавил метаболизмот. Сега повторно наоѓаш нов дефицит на калории со цел да продолжиш да слабееш. И така продолжуваш додека не стигнеш до посакуваната тежина/физички изглед. Но како што кажав, ако имаш лоша почетна точка, тогаш нема да можеш вака да правиш. Ако ти почнуваш од 1200 калории, потоа ќе треба да намалиш пример на 1000, па на 800 итн, шо е невозможно да се изведе, телото не функционира со толку малку јадење, ќе настанат здравствени проблеми. Друго што придонесува за трошење повеќе калории е имање на поголемо мускулно ткиво (никој не вели дека треба да си билдер, само да си позатегнат). Тоа ти е сепак поврзано со вежбањето. Од една страна, со самото вежбање трошиш калории, но и колку имаш повеќе мускули, толку и при мирување се трошат повеќе калории. Ако земеш двајца луѓе со иста тежина, ист начин на исхрана, но едниот има поголемо мускулно ткиво, тој повеќе ќе троши калории, за разлика од тој што е со помалку мускули. За да ти растат пак и мускулите, ти требаат и протеини, за кои од друга страна и повеќе се трошат калории при обработка/дигестија во телото за разлика од јаглехидрати и масти. Значи овие се сите главни информации што треба да се знаат за процесот на слабеење и сега само треба да се пронајде каде се наоѓа и да се прилагоди соодветно на тоа. Знам дека не е конкретен совет, туку малку поопшто се распишав, ама навистина е индивидуално и како што гледаш, не може да се даде веднаш решение/објаснување, треба да се согледаат повеќе параметри. А основата, суштината е таа, без разлика која диета се држи.
Со лесно женски ве читам и си реков да ја активираме малце групата порано беше многу активна Полнувам од денес конечнооо (од септември си викам ај утре ај утре почни 2 3 дена и ништо и оп плус 15кгсе надевам сега до крај) Протеински 1/90 Појадок:Цеден портокал Ручек:Пиперки со урда и јогурт Вечера:исто на пола
Инаку ја имам читано книгата на ун диета верувајте дозволени се многу работи што се забранети на фб групите значи некогаш и да згрешите продолжувате следниот ден и без секирации
Ајде активирајте се Денес 3/90 2 мандарини Шпагети со спанаќ сос плус праз и пиперки манџичка Чокобисквит и нешто ситно плус нес
Дали е изводлива оваа диета доколку идеш и 3ти смени на работа? Доколку е, Ве молам споделете го начинот.
Здраво девојки ајде јас уште еднаш да споделам со вас мојата ситуација со диетава. Пишав овде пред некое време ја држев помалку од месец и немав никаков резултат ,прекинав и почнав со нутриционист исто така без резултат па пак се вратив на ун ..помина цел месец веќе замислете пак без резултат а во целиот овој месец јас бев баш посветена со сите можни физички активности од фитнес до пилатес до се грешки минимални навистина се под контрола и еве ништо..се работи за 5кг и еве ниту грам не мрднува вагата..почнав да се фустрирам полека ...незнам дали воопшто ми вреди нешто ако продолжам како што реков некако ништо неоди ..дали некоја од вас има слично искуство ?
Ако градиш мускул А губиш масно ткиво нормално е дека на вага може да нема промена. Погледни се во огледало и ќе видиш дали има ефект или бе, или по облеката ... Плус малку кг се и потешко оди.
проблемот е во тоа што никаде не гледам промени ..јасно ми е дека потешко оди со помалку кг ама сепак Боже мој цела година се мачам со овие 5 кг и ништо не успева а верувај баш се пробав сменив 3 нутриционисти за на крај пак да дојдам до ун..дали кај некој со помалку кг му успеа
За да намалиш килажа мора калорискиот внес да е помал од бројот на калории кои што ги внесуваш без разлика дали диета или било што.... Ама штом велиш нутриционисти сигурно тие пресметале што како... А пак да нема резултат не знам чудно е. Макај еве јас со 2 кг последни што ми се за намалување се мачам веќе некое време.
Мила Snowflake јас сум една од најопседнатите личности со оваа тема,веке години наназад бројам калории од јадење ,па пресметување од вежбање и плус сум доста активна општо ..се до минималност ..плус сум веганка ,еве сега се адаптирав на постот и без масло и незнам навистина се мислам уште оваа недела ако не пак кај нутриционисти ти исто со оваа диета уште се "мачиш"?
Не не ја прекинав . Сега сама си смилувам и гледам да не претерувам било што. И почнав да вежбам па ќе видиме како ќе биде. Си испитала ли хормони некогаш? Да не имаш таков проблем па да ти влијае на тежината