Ајде и јас да се пријавам по четврт пат Денес овошен ден 12ти и минус 3кг . Имав за симнување 16, значи уште 13. Всушност колку и да ослабам ќе е таман, само да успеам да се победам себеси и да одам до крај. Жива гладна сум денес. Со тек на време стануваат поподносливи овошниве, ама сега засега смрт. Изедов 2 круши, 2 праски, неколку кајсии, смути со банана, портокал, јаболко, малини и урми, па 100 грама непечени индиски ореви и мислам дека е таман за денес. Сакав јаготки, ама немаше. Додуша и за ананас се помислив ама ајде нареден овошен ќе се почастам. Феномен за овошниве ми е што сум прегладна а, би каснала се друго освен овошје. За утре ми е во план риба. Да видам искрена не секогаш успевам да вечерам пола од ручекот, почесто јадам различна вечера ама е во дозволеното за денот. А да, јас сум благо џанки и си дозволувам малце повеќе во ЈХ ама работам на случајот.
Jas voopsto ne obozavam ovosje, ama se naviknav na ovosnive denovi. Si pravam litaripol smuti i go pijam cel den , stavam jabolko, banana, malku spanak, kiva, jagoda, malina, pa nekako mi e poslesno da pijam odkolku da jadam ovosje haha
Вчера 18ти ден турбо ун. Скробен: Доручек: еден портокал Ручек: грав, парче леб и салата Вечера: грав и салата Денес 19 ден Витамински Изедена една банана и испиена по пола литар топла лимонада и пола литар чај.
Денес ВОДЕН и можам да кажам го издржав без проблем до сега 4литри вода и 3кафиња... Вежбав 30мин и си направив припрема за утре печев зеленчуци ...
Нов циклус од денес Протеински 1/60 ( планирам само два месеца да ја држам) Појадок: Цреши Ручек: Пилешко со печурки, салата марула , леб и супа. Вечера: Пилешко со печурки
Здраво ! Почнав од вчера со диетава,стартна килажа 76кг. 23.05.22 Протеински ден Појадок : Портокал Ручек : Печени пилешки крилца и еден домат Вечера : Пола од ручекот 24.05.22 Скробен ден Појадок : Цеден сок од портокали Ручек : Печени компири со сусам и салата од цвекло,зелка и морков Вечера: Салата од домати
Здраво и од мене Исто и јас започнав од понеделникот со диетата. Почетна килажа ми е 67кг. и целта ми е -7кг. Најголем проблем со диетите ми е истрајноста, многу лесно се враќам на старите навики, па се надевам дека ќе се дружиме тука. Денес, 3 ден, јаглехидратен. Појадок: Јагоди Ручек: Вегетеријанска пица со зеленчук Вечера: Сладолед
25.05.22 Јаглехидратен ден Доручек : Цреши Ручек : Печени јуфки со кечап Вечера : планирам да го скокнам благото и да јадам салата марула плус и малку ајвар.
2/60 Скробен Појадок: Банана Ручек: Топчиња од компири со марула салата Вечера: Топчиња од компири со краставица 3/60 Јх Појадок: Јаболко Ручек: Две мали ѓевречиња и маслинки Вечера: Сладолед ,чоколатце со кокос и чаша какао без шеќер.
26.05.22 Овошен ден Појадок: Портокал и јаболко Ручек : Заменив овошје со зеленчук,јадев марула салата и морков Вечера: Краставица и морков
4/60 Витамински Цреши, јагоди, јаболки, банана, бомбици од урма, лешници, кокос и за крај краставица.
Zdravo, So UN ke pocnam od ponedelnik Po vina na soprugot, muabetot posle bremenost stomakot nemozel da bide ist e Aj da vidime, imam visok 4/5 kg. Dali nekoja posla poragjaj drzela?
Само 3.5 кг до дега а веќе 3 недели и повеќе ја држам. Дали можеби затоа што бев 68 а сега сум 65, висока 166 а сакам 59 да видам барем. Исто вежбам секој ден па мускулите ако се затегаат... не ми е јано