Да,јади таратур можеш и маринирани шампињони да додадеш....се пие јогурт...и парче леб... За вечера половина без леб....
Имав цвекло варено,сварив наут и го измешав.... И леб,крекери со семки,целер и морков и да ти кажам вкусно беше...хахах
Вчера скробен https://youtube.com/shorts/RuWJE047igE?feature=share А денес Јх https://youtube.com/shorts/Y2ovgrsPl2I?feature=share За вечера ќе видиме....
Дали оваа диета би имала ефект без овошниот ден? И насабајле ми е тешко со овошје на гладно бетер ми го разјадува желудникот, ама овошниот ептен ми е тежок.
Јас така кога ја држев диетата не бев баш по овошје и кога ќе стигнев на овошен ден цедев портокали пиев така го поминував денот.За три месеци имав ослабено 18кг. ***** Сакам да прашам јас кога ја држев диетата бев значи здрава немав здравствен проблем, сега сум со хипотироид хашимото .Дали ќе успеам да ослабнам пак дека многу се здебелив не знам како да ја намалам килажата.Ако ја има некоја држено диетава со тој проблем да ми каже?
Дали си била со помала килажа или? Јас имам доста за слабеење, ама овошниот ме плаши. Со мало дете сум и е активен премногу, ама па вака само глупости јадам.
Имам и јас држано и уште поригорозно ама на времето, сега се чудам како сум успејала. Сега дека со многу вишок и пак само изговори имам, незнам кога ќе се свестам. Инаку во групата на фб пиши за твојот проблем на лупата и ќе ти искочат слични мислења. Мислам дека скоро имаше објавено една членка дека има резултат, само може поспоро.
Наут варен и цвекло варено правев хумус.... Немораш овошје да појадуваш свежо.... Можеш една рака суво.. Урми,смокви,кајсии.....
Видов убава бројка на вагата и денес се опуштив. Ми беше овошен ден но направив грешки. Бев на гости и каснав салама и се напив нескафе со млеко бидејќи друго кафе не пијам. Дали ќе ми смени многу или ќе продолжам да слабеам? Ептен ми е криво
Ништо страшно, продолжи си со редоследот и нема да има проблем. Јас знам да сменам денови. Ако ми е протеински и се падне во петок, држам скробен затоа што постам, а не сум љубител на риба. Утредента продолжувам со протеински, па јагленохидратен итн. Еднаш во кафана се опуштив и испив 3 чаши винце. Пијам кафе со шеќер и не секогаш ручек и вечерА ми се исти. Само гледам да е во склоп со денот, пр да е скроб или протеин. Тоа ми се грешките во месец дена, а сум - 7 кг. Држев и воден. Не ве наведувам да грешите, туку јас си ја терам диетава по мој терк и потреби и гледам дека има ефект. Уште 5 кг имам и се враќам во топ форма