После водениот ден (пред 10 дена) со кг стојам во место. Никако не сака надолу да оди. Дали да ги намалам порциите?
Јас јадам само од таа со ајфеловата кула тетрапак што е...можеш и нормално сирење Не се откажувај.... Дали ти осеќаш нешто поинакво...??? Дали ти коментирале дека си ослабена??? Мереше ли на почеток со метро обем на гради,папок,половина и нозе ... Немора да значи ако во кг не намалуваш да не топиш сало... Ако пред циклус поарно не се мери чекај да помине.... Ова ми е од вчера...Јх
Па јас си се чувствувам полесно. Но последниов период немам почувствувано глад. Да добив коментар дека имам ослабено но скоро не забележително. До водениот ден паднав на 88кг а сега 90кг ми покажува. (почнав со 96кг). Се мерев пред самиот почеток и до водениот ден имав намалено неколку цм.
ТедИ11, со што ти е пицата? Печурки, маслинки, кромид и што е тоа другото што личи на кашкавал одозгора?
Срам ме фаќа веќе да изустам збор ама јас после 1695916 пат, еве три дена сум веќе на Ун диета и си велам овојпат нема да се откажам ептен сум без карактер за диети, почнувам засилено неколку дена и после прекинувам Утре ќе ми биде овошен ден, ќе јадам цел ден овошје, и малку јаткасти плодови, а во овошниот ден всушност може да се јаде и зеленчук без масло, сол и киселина, па ако ме фатат кризи, ќе каснам малку и зеленчук
Денес шести ден, значи скробен. Појадок:Јаболко и кафе Ручек:ориз со грашок, едно парче леб и салата марула. Вечерата ќе биде:Малку ориз, без леб и малку салата. Издржувам океј засега, само на овошниот ден ме фатија кризи, ама пиев многу вода, и каснав малку печени кикири и оревчиња
Здраво. Дали ви се случило да имате некакви промени во врска со менструацијата додека бевте на диетава? Денес ми е 48/90 ден а менструацијата ми доцни 14 дена.
Убаво изгледаат ама зошто е во темава рецептот? Ниту една од состојките не се дозволени во УН диетата.
Здраво на сите се зачленив тука зошто налетав на овој topic, а тукушто ја почнав диетата, па супер би ми дошло да се поддржуваме Ја имам држено и пред повеќе од 15 години (успешно, ослабев 15кг), па еве сега повторно бидејќи имам повеќе кг од било кога (едвај се натерав). Денес ми е трет ден - и сега за сега воопшто не ми е тешко - напротив уживам. Ќе видиме допрва утре на овошниот ден
И мене денес ми е трет ден, во понеделникот почнав Ја имам држено порано и имав одлични резултати. Се надевам ќе бидам истрајна, зошто никогаш сум немала килажа како сега
Здраво, Како и сите и јас на диета, накачено повеќе килограми после бременост. Престанав да дојам пред еден месец и конечно се решив. Денес ми е овошен ден од прва недела, добра сум до сега. Треба да ослабнам едно 20 кг плус и вежбам два пати неделно. Да прашам модар патлиџан кој ден може и со што го комбинирате.
Не си сама.. Ех тешки да издржам до трет ден, кој е ко мене. Во саботата решив да почнам. Немав ни поручано, праев палачинки и лап несвесно една палачинка, значи мозоковв не ми е програмиран. Денес еве поручав две јаболка, кафе испиено. Немам ни ручано, рано е, ама јас си се сметам дека сум на Ун, дај боже да издржам оти имав многу убави и брзи резултати порано ко ја држев(повеќепати). Фино кај диетава ми е шо знам шо би јадела утре, мм секогаш ми велеше, ко че си на Ун, најадени сме Секој трет ден јас месев зелник Епа ајде со лесно да ми е, дали има некоја која почнува денес, или денес и е протеински?