Дечки малку помош ако може, дали во протеински ден може за ручек шопска салата,леб и јогурт а за вечера таратор?
Не. Само сирење со зеленчук ако одиме по правила, ама од искуство со диетава мали грешки не прават разлика, резултати секако има.
Фала ти,знаев дека тука некој ќе ми помогне,не ми се прашуваше во групата на фб Сепак ќе јадам сирење со зеленчук и за ручек и вечера, денеска ми е 12 ден,овошен и сакам веќе да не правам грешки, одамна ја држев диетава,првпат уште пред 16 години,вторпат пред 12 години, само со неа симнував голем број килограми ама имам испозабoравено правила доста а и доста работи сега се сменети во диетава.
5\90 Протеински Појадок: Портокал Ручек: Две јајца пржени, тостиран црн леб и супа. Вечера: Краставица
Помина 2от Воден... И продолжуваме.... Протеински Скробен Денес јх На работа јадев леб и крем на брзина.... Богами сменето е некогаш беа забранети бананата,лубеницата и грозјето...а сега не се.... Али од искуство (пензија ќе земам веќе) најдобро е јаболкото и грејпфрут ем заситуваат... Еве ти нешто ...зачувај си ги во тел...
Денес скробен 10/90 Д банана Р. Печен компир и салата В. Истото плус печурки. Мали грешки сум правела секогаш кпга ја држам, едноставно не можам 100 посто да бидам принципиелна. И таратур сум јадела ко погоре што праша членката, некогаш и различен протеин/скроб од ручек/вечера итн.. Количина не сум мерела оти знам неможам да изедам колку што е дозволено. Сепак ова било исклучок од правилото. Резултат секогаш имало убав.
Денес 69ти ден. Го држев само првиот воден ден и сум - 11кг. Целта ја постигнав, но сепак ќе продолжам да ја држам до Велигден. Некако се навикнав на режимов и не ми е воопшто тешко.
Денес 21 ден со минимални 2-3 грешки и само 2 kg минус Знам дека улога има и тоа што имам малку за симнување, од 68 сакам до 60 да стигнам но вагата денес ме демотивира. А и количински оброците ми се мали, не сум некој голем гурман
Каде ве снема сите? Таман решив да ја држам диетава после толку време,нема никој на темата @ТедИ11 дали ја заврши диетата,твоите рецепти ми се спас кога не знам што да јадам? Вчера овошен 16/90 едвај го издржав искрено
Протеински: Д-две јаболки Р-парче пилешко и марула салата, со парче леб В-парче пилешко и некоја салата
Денес скробен, 14 ден Д.кафе и банана Р ориз со домат, краставица, маслинк. В. Може да појачам со печурки. Деновиве сум пред добивање, можам вол да изедам, а јас до некој 800 калории внес денес.... Како ли ќе додржам да не згрешам. Ако издржам, после циклус ќе паднам на килажа, плус подуеност, ќе се сакаме со вагата.
Скробен: д-две јаболки р-печен компир и зелка салата в-остаток од компирот и неколку кафиња во текот на денот
Тука сум... Денес ми е витамински Еве за на работа Чиа пудинг Урми,јагоди и чиа + малини и ореви Вода со краставица и марула
Од викендов протеински: д-две мандарини р-парче пилешко, салата морков и цвекло и парче леб в-малку пилешко и салата која остана Помеѓу неколку кафиња скробен: д-јаболки р-грав и домат салата и парче леб в-само салата( не ми остана грав) денес јх: д-неколку мали киви р-кифлички домашни и малку ајвар в- највројатно некое готово благо ред црно чоколадо и супа во протеинскиот секогаш заборавам
Poveke pati niz godinite ja imam zapocnato dijetava, vo pocetokot imav podobri rezultati ,a potoa skoro nikakvi. Sega probuvam pak ama za da se pokrene procesot go sledam rasporedot na turbo un ,Ne znam kolku e pametno za 20 dena - 5 kg.Zatoa sto imam mnogu za simnuvanje ova e skoro ne primetno. Ama pocnuva da me faka strav sega praznici doagjaat dali ke se izboram so strvnosta .Kako stoite so toa ,si dozvoluvate li po nekoja greska?