Јас не практикувам се одвоено. Мене тоа ќе ми биде мачење а не јадење. Секогаш си јадам заедно месо со салата или јајца и салата и пак имам резултати.
Па да,и се заедно да јадеме пак ќе имаме резултати како и да е. Но, пример доколку требало да ослабнеме во еден ден (еве да го земеме протеинскиот) 500 грама,наместо тие 500 ќе ослабнеме 300 грама,затоа што сме ги комбинирале заедно состојките,а не одвоено. А може и помалце од 300..се зависи до огранизмот,истиов случај е и со пржена,или печена или варена храна. Ние ако земеме да јадеме пржени компири наместо печени или варени,или месото да го пржиме,пак ЌЕ ОСЛАБНЕМЕ,но ПОМАЛКУ од колку што би требало тој ден Значи пак слабееме,но помалку од колку што треба,доколку го смениме вареното со пржено,или пак мешаме храна. Иначе,денеска ми е 41 ден,овошен,но повеќе го практикувам како воден,некако споро ми одат килата,па сакам да убрзам малце и така
Се зачленив во форумов само заради оваа тема,а ме инспирираа луѓе кои гледаммн паметни се прават, и пишуваат постови со извичници - алергична сум на таа работа. Овде сте да си помогнете и да се мотивирате а не да мудрувате. Ќе ви кажам едно - гледам некои од вас по втор пат ја држат диетава, но тоа не ве прави експерти - кога пак сте се вратиле на диетава,или сте немале карактер да ја здрѓите линијата до која толку тешко дојдовте, или некаде сте погрешиле. Оваа диета ја држев минатата година - вкупно 72 -73 дена, и изгубив 20 килограми. Она што го видов во огледало ме мотивира никогаш повеќе да не се вратам на стариот, свински начин на исхрана. Освен тоа, успеав да изгубам уште некое килце и сега сум во топ форма, со низа физички актовности, и секако многу ограничувања во исхраната, бидејќи сум склона кон дебелеење, но не вратив ни грам! Така да, ако оваа диета е вашиот пат кон совршен изглед, не сте излажале никого ако мамите , освен себеси. Вашиот слаб карактер само ќе биде причина повторно да ги вратите килограмите. Тука сум да ви помогнам и да ве искарам, а најголема причина поради која се зачленив е дадичка моја која ми е тука низ темава и многу,многу се труди,не прекршила ниту еднаш, а некои се осудуваат да ми ја караат. Е не ви давам !
Пржена храна - никако. За ова со комбинирањето на месни и млечни продукти, не е проблем, на пример, јадиш еден стек, 1 чаша јогурт и мезнуваш со сиренце. Е сега, пожелно е да внимавате тоа да биде јогурт со ниска масленост, а сирењето да биде фета, бидејќи содржат помалку калории. За лебот - значи, тие месени работи максимално избегнувајте ги. Пожелно е ако сепак јадете леб тоа да биде црн. Нема ништо хранливо во белиот леб луѓе, тој е причина за вашите мешина...
slobodno duri i 2 parcina led e ok samo ako pazis na drugi raboti edno parce leb plus ne ti menva nisto ... znaci ako porano si jadela po 5 parcina sega jadis samo 2 toa e nisto... a ti si posita ... jas na primen jadam 2 parcina leb na rucek vo proteinski i skroben den a edno za vecera ...ama za smetka na toa vo ovosniot den banani nejadam plus med ne konzumiram voopsto dodeka sum na dieta sokovi nikakvi samo voda kafe i caj bez seker i meseni raboti nikako ... i sega imam 59kg a koga pocnav so dietata 65
Благодарам Јас до сега 13 дена и во тие денови не се придржувам 100% бидејки ми се случува некогаш воопшто да не јадам леб, а никогаш не вечерам ( освен кога во јагленохидратниот ден ) и ретко кога имам доручек Работам од 8ч до 16ч додека сум на работа само кафе и цигари, ручек во 16:30 некогаш и 18ч ме најде и толку. Е сега , уште од денес знам дека утре ќе утнам, ПРОЧКА, ручеци гости , ама среќа утре ми е јагленохидратен ден
Голема грешка ти е тоа што пропушташ оброци. со диетата и онака внесуваш малку калории, па не е паметна идеја да испуштиш вечера, имајќи го во предвид фактот дека нема да јадеш пообилно до следниот ден за ручек. Не разбирам зошто не појадуваш, на пат до работа, пред работа, па и таму, верувам дека може да се најде време за да се изедат барем 2 мандарини. како ручаш кога е јаглехидратниот ден? нели имате пауза за ручек на работа? Навистина е важно да не прескокнуваш оброци, бидејќи ќе останеш без енергија. Ти советувам да запишуваш на ливче секоја вечер во колку сатот би ти биле оброците наредниот ден... можеби тајната е во организацијата За ова со лебот, јас препорачувам 2 парчина интегрален леб за ручек и 1 за вечера. Ако сепак немате дома интегрален, направете двопек, бидејќи е мноооооооогу подобра идеја од обичниот бел леб.
Јас си јадам секогаш по едно парче интегрален леб, во случај уште да ми се јаде знам да изедам уште едно со кечап или пак без ништо (го обожавам тој леб ). Еве на пример денес протеински изедов 2 парчиња, бидејќи ме исцрпува овошниот ден и многу сум гладна кога доаѓа протеински ден. Веќе на скробен ден се стабилизирам. Е сега поради празникот нормално дека мора малку да се прекрши ама не е страшно ако изедете едно парченце баклава, лошо е ако немате контрола цел ден на јадење. Јас утре си планирам да си јадам ориз и едно парче баклава ако ептен ми се пријаде ако не ќе прескокнам
Ниту јас не практикувам одвоено...а супата ич не ја ни јадам! си мешам и салата и месо и лебчето све заедно..значи дали требало поединечно да се јадат? како кај таа некоја медицинска ?? :О леле...
Не дека намерно не доручкувам туку неможам наутро освен кафе, чај или вода ништо друго. Е сега накај 13ч ме фака криза ама пијам кафе и помине а ручам ко си дојдам дома и толку. На вечера ретко кога помислам. Ама сега ќе се потрудам да не прескокнувам
Според тоа што јас го имам читано во врска со оваа диета, знам дека за да се постигне саканиот ефект НЕ треба да се пропушта ниту еден оброк. (исправете ме ако грешам)
И за лебот 1-2 парчиња леб(препорачливо е интегрален)/двопек е дозволено. За среќа јас сосема го исфрлив од мојата исхрана
Слободно мила, не е многу , јака ти душа како н ти е преблаго... само не заборавај на чоколадото за готвење, за сите кои не знаевте, тоа ви помага да не настанат алергиски реакции од диетата... Така, интегралниот има предност пред двопекот, а ако си го исфрлила лебот скроз, честитам, ја направи најдобрата работа за твојата фигура. За тоа дали ќе ослабнеш ако ги прескокнуваш оброците незнам, бидејќи јас строго се држев, но знам дека со такво темпо, сериозно може да си наштетиш на здравјето, а и прашање е на денови кога ќе се почувствуваш прегладнета и ќе се фрлиш на јадење како порано. Имајте сите на ум дека диетава не е многу здрава, може да ви се влоши крвната слика и сл, но како што знаете, дава резултати. А за оние кои се при крај со диетава, најтопло им ја препорачувам диетата на irenne, ќе ја најдете низ форумов. Тоа ви е повеќе како здрав начин на исхрана кој ќе ви осигура дека нема да ги вратите изгубените килограми...
денеска скробен ден, ориз и салата, а утре со нетрпение го чекам јагленохидратниот ден баш ме интересираат вашите резултати, некако мнооооооогу ќе ме мотивираат
Леле ме испаничивте со ова НЕ ПРЕСКОКНУВАЈ оброк Веќе ќе давам се од себе да не биде така. Наутро макар на сила ќе јадам барем една овошка, а за вечера ќе ангажирам некој да ме подсетува
Се надевам дека нема да биде проблем да ви вметнам еден добар рецепт за ручек, брз и едноставен, дури и за најголеми антиталенти, како мене. предлог за ручек/ вечера во скробен ден - ПИЛАВ Потребно : 15- 20 минути од вашето драгоцено време Ориз (доволно ќе ви биде 1 шоља за чај) вода сол 1 -2 главици кромид (2 главици за кромидари како мене ) Масло Водата ја ставате да се загрее. Кога ќе почне да чади, посолете ја и измешајте за да се растопи солта. Веднаш потоа додадете го оризот. Варите со мешање или на понизок степен додека оризот не се свари. Потоа го цедите оризот. Додека чекате да излезе водата од него, во тенџерче го потпржнувате кромидчето. Кога ке се потпржи, во тенџерчето додадете го оризот. Сега е време да го тргнете оризот од оган за да не ви загори,значи мешате подалеку од токата. На ова можете да му додадете малку вагета или сл. Добар апетит
денес ми е 3 ден од диетава јагленохидрати казете ми ве молам дали згресив во нешто усвари колку ке смета тоа на диетата???? однапред ви благдарам на одговорот појадокот го скокнав и отидов на руцек пошто касно станав и кај 13часот јадев 2 пишии а за вецера салата од марула со 2 трошки пржено дропце свинско(знам дека дропчето не спага денес но тоа е ) и кај 8часот 2 парчинја баклава внатре со чоколадо за куванје а се мерев------------2 кила можно ли е???? фала колески и колеги
Јас сум си гурман и си уживам во храната а ако јадам одвоено ич нема да уживам само мачење ќе ми биде, а и вака си имам резултати. Може е подобро да се јаде одвоено ама не сме роботи фала богу да живееме прогамирано. А за медицинската диета можам да кажам дека е најлоша диета што сум ја држела и никогаш повеќе нема да ја држам. Издржав 10 дена и за тие 10 дена не се осетив сита ниту еден момент а кога јадев ми се гадеше оти мораше да се јаде домат па после јогурт така нешто беше. Важно знам дека беше зафркнато и не ослабнав којзнае колку, не повеќе од 2-3 кг. Така да за мене оваа диета е најдобра што сум ја држела и со која најмногу сум ослабнала и во која уживам во храната и ќе продолжам да си ја држам.