Да имаш право дека е за луѓе до поголема килажа, го приметив тоа дека на пример 2 јаболка за доручек мене ми е премногу и се чувствувам прејадено, денес изедов само едно јанолко и поубаво некако се чувствувам, исто така мене 250 грама месо за ручек ми е премногу, 2 парчиња торта или 3-4 топчиња сладолед, тоа не можам ни да го замислам да го изедам , но од друга страна некако е лесна диета без многу психичко замарање , така да јас ќе ја продолжам само ќе намалам количина на храна па ако има некој ефект за 2 недели ќе продолжам ако не ќе пробам нешто друго
@BibiMK01 па не дека се премногу 2 јаболка. Рачунај дека тоа до ручек треба да те држи, а јаболките баш и не најадуваат. Не крати многу на количина, да не ти се премалку калории па да си го успориш метаболизмот и контраефект да направиш и онака со оваа диета не се внесуваат сите потребни микро и макро нутриенти. Ја ќе ти препорачам да не кратиш, терај како што пишува. Верувај не е многу, ако така ти се чини, да беше многу немаше ни да се слабее. Леле викаш премногу ти се 2 парчиња торта? Камо мене вака многу да ми беа 2 парчиња, а не да не знам колку ми е доста од благо. Инаку не ми беше поентата дека ради количината е наменета пред се за луѓе со повисока тежина туку напротив, зашто е порестриктивна и поограничена во поглед на оброците. Слаба страна е што не е баш балансиран внесот на макронутриентите и што ги исклучува, вака со правилото да не се мешаат, што значи дека во текот на денот не ги внесуваш сите кои се потребни. За најздрава не е, фактички ниедна од универзалниве диети не е здрава ама толку се популарни и практикувани и даваат резултати.
а да торта не можам две парчиња ама затоа секое сабајле нутела на леб јадев, и касно навечер грицки и бели пецива, така и си ги накачив тие 7 кила . Ок, фала за препораката нема да кратам па ќе видиме за две недели дали ќе има нешто резултати
ајде ќе издржеме , немаме многу за симнување, јас кога ме фаќа криза само на лето, плажа мислам и тоа ме мотивира . Иначе првата недела секогаш е најтешка за се .
Zdravo, sakam da ja pochnam dietava. Imam 10na kg za namaluvanje. Pred bremenost so hrono ishrana imam oslabnato 17kg, sega nekako veke taa dieta ne mi deluva ni kilogram ne simnuvam. Sakav da prasham kakvi vitamini se dozvoleni vo dietava? Chitav neshto deka i shumechki tableti moze
Секакви витамини можеш. Суплементи се, додатоци во исхраната, не се секирај, нема да ти попречат во слабеењето. Поарно во таблетна форма зимај ги витамините и како посебни, не во еден суплемент сто витамини, кои се содржат во премала количина и не бркаат баш работа. Овие прашкасти и шумечи ја би ги избегнувала, преблаги се, и содржат многу вештачки засладувачи.
јас сакам да почнам со тренинг од понеделник, сакав малку да го навикнам организмот на диетава па после да почнам со тренинг Денес ми е 4ти ден не сакам да се мерам до понеделник, до сега издржувам некако
^ Обично се мери после 28 дена,односно после водениот ден. Порано ја држев диетава и имав резултати,сега не можам и не можам
Јас не можам толку да издржам да не се мерам . Еве и сега не издржав до понеделник барем па се мерив пред малку 64.5, понеделникот сабајле бев 65.7 добро е, само да не прекршам зошто викенд ми е слаба точка
Здраво девојки од денес се придржувам и јас.... Ја немам ун држено некое време па време е пополека да се средуваме за летото што доаѓа Изгубив контрола врз себе и стварно качив на килажа.... Прво мерење: 89.700кг Кога ќе ми текне лани летото дојдов до 72кг ми се плаче... Целта ми е барем -10кг
1/90 Протеински ден П:кафе и мандарини Р: салата со јајца варени +леб домашен со семки и супа В:половина салата и јајца
Здраво, со години немам ништо напишано на форумов, а реално не сум ни следела од темите освен ако не се погоди при некоја претрага да ми излезе нешто. Гледам темава уште е активна, баш се израдував! Историјата моја: по две бремености, последната во 2012, морав да намалам килажа. Тогаш почнав со ун диетата, сега точно не се сеќавам временски како беше, прекршував често, со две мали деца... но до летото стигнав до моја совршена килажа 62 од 82, единствено знам дека во април имав 72 а почнав некаде ова време... Многу ми одговараше, реално не ја држев строго бидејќи доев па се се погоди. Долго потоа килажата стагнираше, се до лани, кога од лекови почнав да качувам на килажа, после од витамини итн... Сега не пијам ништо, но сум веќе 77кг.... денес ми е прв овошен, значи ја почнав пред 3 дена. Се надевам на 62 Во меѓувреме имам и физичка активност, трчам и вежбам 3 пати неделно, 2 л вода дневно, па се надевам дека ќе биде се како подмачкано... Слабости: вечерата во вториот ден, порив за благо по јадење ручек, грицки и тоа навечер.... Некој совет? Лепчето кое е, и од каде?
Секако немам точен само Ставив вода,квасец и брашно и пола лажиче мед смесата да биде како каша течна и оставив да се активира квасецот околу 30мин.. Потоа таа смеса и дотурив околу 1чаша вода и брашно т-500 и едно пакетче микс зрна(сусам,тиква,сончоглед и лен)месев додека се добие лепливо тесто и го оставив да стои цела ноќ на собна температура,наредната ден само го формирав како топче без месење никакво и го испеков...
дај совет или некоја диета за што да јадам ослабна 5 килограми ама после пак качи јас и сега сум слаба што да јадам за да ослабнам