Официјално од утре ја почнувам диетава и господ на помош нека ми е пошо сум тежок ликсур. Гледам доста позитивни мислења и исходи од диетава и се надевам дека ќе ослабнам барем 15кг за 3 месеци. Good luck to me.
Успешен прв ден За доручекот имав две сливи. Ручекот и вечерата ги поминав со јајца и парче тостиран црн леб. Е сега ја сакам супата, мислете дека е проблем ако не ја конзумирам? Друго прашање ... барав низ темата некоја веган/посна варијанта но не можев да најдам? Претпоставувам дека како протеини ќе се печурките замена или имате други идеи? Во другите денови би се снашла полесно. Во последно време осетив дека ми прави проблем дигестивниот систем кога конзумирам продукти од животинско потекло Би сакала да ги избегнувам па сите идеи се добродојдени
Печурките во диетава се водат како неутрална намирница што може да се јаде секојдневно,така да можеш со нив да правиш комбинации,меѓутоа риба ти е подобра опција за посно.Веган варијанта за протеински ден стварно не знам што би можело да се јаде .За другите денови ти е лесно,секако се јадат посни и веган варијанти.Супата треба да е задолжителна,меѓутоа кога ручам на работа нема опција да ја конзумирам,диетава ја имам држено неколку пати и имав резултати и без неа ама ако имаш можност не ја прескокнувај. Денес протеини 5/90 д-банана р-месо печено со салата и парче тонус в-месо и салата
Еве денес 1/90 доручек-3 јаболки пошто до 4 на работа повеќе да ме држи ручек-мусака со тиквички,тонус и салата вечера-мусака и салата
Не знам дали може чиа семе да се јаде ама има богата нутритивна вредност и во диета не верувам дека ќе ти направи лошо. Додека путерот од кикирики е многу калоричен и да смее јас не би го јадела додека сум на диета.
Исто се доста калорични, но еве доколку несакаш да се откажеш од нив според мене би можела доколку си правиш чиа будинг со растително млеко да додадеш по една мала лажичка од путерот. Наутро мала чашка чиа пудиг со растително млеко и една лажичка путер и една овошка би бил добар баланс во замена со две овошки. Секако дека би било покалорично но далеку понутритивно. Јас засега се држам само со овошје наутро, не сакам многу да експериментирам, знам дека што поедноставно се хранам имам повеќе резултати.
Секако чијата ја правам со бадемово млеко, ама морам да додадам барем малце путер од кикирики иначе само чиа и еден вид овошје ќе ми биде бљантаво. Секако ќе ми треба нешто покалорично бидејќи на две овошки од 10 до 4 едвај се издржува, еве денес цревата ми виеја. Секако доручек е, барем сметам дека доручекот треба да биде пообемен, а ја би и да нема вечера.
Јас издржувам затоа што немам таков размах од појадокот до ручекот како твојот, ти прилагоди си го според твојот ритам. Во секој случај нема да ти биде грешка, се работи за неутрални состојќи што нема да ти пречат, малку повеќе калорични но во мала количина само добро би ти правиле.
Успешен втор ден. За појадок имав две круши, за ручек интегрален ориз и наут, ги варив со вода и малку доматно пире за вкус, парче црн леб и салата. За вечера тоа што ми остана од ручекот т.е. на пола. Не знам за вас ама јас најмногу го сакам скробниот ден. Во јх ден сум погладна и од витамински
Дали деновите мора да се секогаш по ред, не може пример два по ред протеински и слично? И дали внимавате и кога да е вечерата на пример да не се јаде после 19, 20 часот?
Редоследот на деновите не смее да се менува, а вечерата најкасно до 20ч треба да е. Ајде штом веќе се активиравте ќе почнам и јас од утре. Јад имам за симнување 10кг од пораѓај, летото кога ја држев со грешки симнав 4 кои ги вратив, сега ќе сум поупорна.
Колку месеци си породена? Ако сме упорни со диетата со сигурност ќе намалиме. Е јас стрвна сум по природа ама ќе издржам.