Успешен гладен трети ден. Ви кажав дека не го сакам јх ден, мене јаглехидратите не ме заситуваат, после два саата сум гладна. Едвај чекам утре витамински
Дали во овошниот ден смее да се јаде овошје само три пати во денот или смее повеќе пати во случај да ни се пријаде меѓу оброци?
Овошен 8/90 Појадок чиа пудинг со бадемово,шумско овошје и банана Попладне салата зелка,морков и цвекло со лимон
5/90 Нестрплива утринава се мерев и имам -2,100 kg. Никогаш не сум имала ваков резултат со диетава за само 4 денови во почетокот, секогаш сум имала резултати подоцна. Одиме понатаму
Денес ми е 4/90 т.е. овошниот ден и сум пренервозна од што сум гладна. Ми се плаче од што ќе ми текне дека треба банани и јабуки до утре ручек да јадам. И вчера гладна бев од тоа шпагетите само ме подуја не ме ни најадоа. Ма да туркаме, све е до психата. После ќе се радуваме кога ќе видиме вагата надоле како иде.
2/90 Д - 2 портокали Р - 2 полнети пиперки со ориз и зелена салата В - 1 полнета пиперка и зелена салата
Најчесто да, во протеински ден на пример,три јајца за ручек,200 гр.сирење(најчесто и тоа ми е многу),околу 200 гр.месо за вечера на пола а скоро секогаш имам и салата плус во скробен полн тањир за ручек,обично пола за вечера+салата ама ако имам ручано порано,некогаш и за вечера е полн тањир,без леб нормално нели во јх пишува поголеми количини во табелите што ги имаше постирано во темава ама одприлика 125 гр.тестенини јадам,едно пакетче шпагети на 4 пати го варам,нешто тесто исто не многу количински,вечера зависи,некогаш 2-3 палачинки,некогаш една,некогаш повеќе некогаш помалку.Или нешто друго зависи што ми се јаде. на овошен одсабајле овошје,попладне претежно салати и јаткасто. Од леб јадам тонус или понекогаш интегрални фит тортиљи,зависи. Ја имам и порано држено и имав резултати,сега сум постара,потешко иде ама решив да пробам уште еднаш па ќе видиме
Само упорност, ќе успееш. Те прашав за грамажата дека и јас ја почитувам али по цел ден сум си гладна некако. Пијам мерц можда од нив имам апетит.
Ти благодарам.Се надевам ќе имаме успех. Можеби е од мерцот што ти се јаде. Јади си леб со ручекот слободно,во протеински супа а во јх црно чоколадо, само корист од нив може да имаш. Повеќе салата и зеленчук јади,јас во овошен јадам и чиа пудинг со бадемово,додека сум на работа ме држи сита,не ми се јаде.
3/90 Д - 2 мандарини Р - пица со печурки, маслинки, тиквица, шери В - најверојатно сладолед и црно чоколадо
6/90 Скробен ден д - 2 јаболки р - 1 тањир грав со зелка салата в - не ми се јаде воопшто ама ќе земам барем две три лажици манџа за да има нешто да работи организмот