Здраво девојки има некој што ја држи диетата за да се бодриме? Јас почнувам денес, држете ми среќа Јаболко како овошје, риба и салата за ручек и вечера, плус кришка леб за ручек. Ја држев диетата одамна и ослабев околу 3 кг за 3 недели. Сега веќе подолго време се мачам да мрдне вагата барем еден килограм и не успевам да издржам
Еве јас. Ја почнав ама имав патување ја откажав и сега пак. Протеинскиот ми е омилен, едвај чекам понеделник. Прв циклус ми е во моментов. За протеинскиот имав кајгана со краставичка и патлиџан и кришка тонус. Вечера истото. Доручекот мандарини. Скробен- најмалку го сакам. Доручек два портокала Ручек салата од домат и краставица , тонус и леќа манџичка која ја открив од неодамна и сум заљубена во неа. Не ми е јасно зошто од претходно не сум јадела. Вечера исто без леб. Јх- доручек две јаболка, Ручек макарони со сосче од домати (купечко). Вечера - некое благо ќе видам дали чоколадо или нешто друго. И утре витамински- многу овошје и салатаи.
Дали некој ја има терано диетава од почеток до крај? Какви резултати има? И дали тие килограми лесно се враќаат? Дали е здрав овој начин на исхрана?
Се мислам да ја почнам диетава повторно. Претходно имав многу добри резултати за краток период. Е сега сакам да прашам дали има некоја опција да се држи посна верзија од оваа диета или да не се залажувам себе си? Дали некоја има некоја држено на тој начин?
Ако мислиш за со велигденските пости, тогаш би било измачување. И општо, тешко дека ќе најдеш соодветна замена за протеински ден. Тофу и печурки не се на долг рок одржлива опција.
Да, за велигденскиот пост. Баш за протеинскиот ден најмногу се мислам за се друго ке се најде замена ама за протеински не знам.
Друг проблем кај овие пости е тоа што само за викенд може да се готви со масло а риба се јаде само двапати во тие +/- 50 дена.
Здраво на сите кои ја држат диетава. Еве и јас конечно се приклучувам денес, лани ја држев 3 недели и изгубив 3кг. Сега почнувам со 66кг целта ми е 58кг . Нека се пријави кој ја држи па да се поддржуваме Поздрав!
Еве јас сум денес 11ти ден- јх. Денес за појадок јаболко. Големо беше па само едно изедов. Ручек- проја со ајвар. Не знам дало е грешка пројава ама нели во јх може и торти во кои има и јајце и млеко па се водам по тоа. Затоа вечерата ќе ми биде нешто поедноставно- можеби чоколадо или пример банана со крем. Утре витамински- ова ми е најлесно затоа што знам дека не готвам ништо. До сега само 1 кило. Ќе терам бар 21 ден ако нема поголем ефект ќе одам на кето. Претходно за 8 дена со оваа симнав 4кг сеа некако малку.
1/60 Д: едно јаболко Р: печено месо со салата В: само салата (ќе видиме колку ќе издржам само со салата ) Планирам да ја држам околу 60 дена, ако има резултат ќе продолжам, ако не ќе мора нешто друго да смислувам
2/60 Д: едно јаболко Р: варен компир и салата В: салата и едно парче леб има некој друг што ја држи диетава или сама сум?
Јас ќе почнам од утре, денеска закаснив, ќе пишувам често. Се надевам и вакцото водење на дневник ќе ми е мотивација плус.
супер ќе се бодриме заедно Да дневник е убаво, затоа и јас пишувам како обврска ми е, така и издржувам . 3/60 Д: две јаболка Р: макарони со ќечап В: 3 колачиња Орео и еден ред темно чоколадо
4/60 Д/Р/В различно овошје Денес ми беше најтежок ден, едвај издржав да не прекршам, еве планирам порано да легнам да не мислам на једење, ако успеам да заспијам
И јаткасти плодови си можела и 5-6 помали оброци и плус суво овошје. И првиот ден ми беше тежок. Од доручек до ручек едвај издржав.