Јас морав да ја прекина болна бев некој вирус ме фати, грло, темперарура , еве од денес почнувам пак . Е па супер си добро си со килажа екстра, мене ми треба прво до 60 да стигнам, иделна ми е 57кг, денес се мерев 64 имам сега
-5 (задоволна) сега веќе се олабавив ама пак се придржувам доручек овошје, ручек и пола од ручек за вечера не ги делам по денови. Леб, благо, газирано не
Супер, па не ти ни треба повеќе да симнуваш, јас ќе гледам до Велигден да се придржувам строго па ќе видиме
Дали некој ја држи диетава? Пред 12 години ја држев последно и симнав околу 16 кг. Сега ја почнав постбременост, зашо ништо друго не функционира. Веќе сум на 7миот ден, ама нема да се мерам до 29тиот за да не изгубам мотивација. Прашање: дали на некој друг му фали ужинка меѓу двата оброци? ☺️ Дали е преголема грешка што некогаш оброците ми се свртени, односно поголемата порција ми е за вечера, а половината на ручек? Зашто јас стамувам многу рано, и мојата вечера е до 17 часот и после веќе ништо до следното утро до 9...
Гледај оброците да бидат во дадениот редослед и количина. Не комбинирај две диети во една, затоа што ако гладуваш од 17часот до 9часот следниот ден, организмот влегува во аутофагија и ти требаат покалорични оброци. Гледај последниот оброк да ти биде пред 20 часот за да не чувствуваш глад до следниот ден. Почнувам со работа во 7:30, што значи овошје јадам околу 7 часот, ручекот ми е околу 14 часот, а вечерата околу 19 часот и сметам дека така се издржува.
Дали ја држите диетава, какви резултати имате 100 пати пробувам и се откажувам па стигнав до некоја ок килажа со разни диети па сега пак се вратив зошто претерано јадев и бев под стрес. И не можам да престанам да јадам, не сум гладна најадена и само гледам било што да изедам. Се мислам да ја почнам од утре само сакав да знам дали имате постигнато резултат
Здраво, ми треба помош за протеинскиот ден. Сакам да почнам, но не знам што да јадам за ручек и вечера. Не јадам месо и риба. Ако може неколку идеи... Фала
Не чекајте право време за да започнете со промени. Често слушам ќе почнам од понеделник или од први. Почни било кога не постои право време. И со лесно..
Јајца кајгана со маслинки, со зеленчук... (варени јајца) јас еве така и претежно сум без месо, посебно околу велигден. Или Риба (обожавам)
Кога доаѓа овој овошниот ден животот мислам дека ми се одмилува начисто. Сакам бре оброк, не ми се јаде ни овошје ни зеленчук ни па ме заситува. Ни јаткасти неќам, ко камења да сум каснала. 3ти пат ја држам диетава, трети пат траума имам од витамински ден. Ефикасно сум ослабела многу и тоа, ама денов кога е ми се иде да се упуцам во глава.
Isto..baska na rabota nemam koncentracija i nervozna sum, sega pa i nema nesto izbor na ovosje plus toa
Јас сум дома на породилно, плус вчера недела. Леле стварно не знам како го издржав денот вчера без скандал да направам. Денес во 11 ќе ручам.