Ве дружам и јас. Ден бр. 5 , уште во критична фаза. 8 дена да поминат после сум психички постабилна и деновите ми минуваат побрзо и полесно, тоа ми е како некоја психолошка граница. Иначе само после еден овошен ден се осеќа како телото почнува да губи од задржаната вода.
12/90 Д: Две јаболки + кафе Р: Една банана, една круша и 100гр измешани бадеми, ореви и индиски ореви В: Салата - краставица и домати Ќе си легнам порано денеска изгледа
јас издржав, можеш и ти , овој пат нема откажување лето иди само легнување е спас, а и побрзо се слабее
5/60 Протеински Д: 2 јаболка Р: 4 ќебапи (300г.) и печурки В: 2 ќебапи (100г.) и печурки сабајле после овошниот стомакот ми беше супер, сега со ќебапиве како подуен го осеќам, ќебапи повеќе не, не ми одговараат во диетава
ќебапи не смееш,бидејќи се правени од мешено месо. Се јаде само една врста месо,дали свински дали пилешко,телешко итн. Во ќебапите има повеќе врсти на месо плус соја,избегнувај ѓи.
Па има и ќебапи само од телешоо месо, само пилешки само свински. Барем тука во Германија имаш така избор. Соја не се става во ќебапите.
прочитав во некоја листа дека смее, само телешки беа, ама како и да е не ми одговараат, во таква ситуација се најдов вчера немав друг избор .
10/90 Скроб Д - банана Р - боранија со печурки и зеленчук В - витаминска салата 11/90 Д - ананас Р - немам појма,дајте идеа ... В - чоколадо или палачинка
Јас вчера претерав малку со компирот ама нема врска, битно останав само на скроб . Денеска интегрални маркарони со домашен кечап и многу салата исто и за вечера ако не ме фати мерак за палачинки да правам.
Пица за ручек Како ја направи боранијата? 6/60 скроб Д: две јаболка Р: ориз и салата В: исто пола доза
Искрено ништо не значат овие оброци вака напишани. Што значи салата? Додаден е зејтин, колку грама 10? 30? Оваа тнр диета е тотално без врска. Тотално нездраво