јас скоро 5кг сум помалку, еден ден комплетно не ја следев диетата, а сите други дена строго се придржувам, после првите 2 недели осетив олеснување, кризите престанаа и кога ги видов првите резултати тоа ми е мотивација да продолжам, последнава недела веќе не осеќам глад.
6 килограми и многу во обем. Направив свесно неколку грешки, бев на роденден, на прослава итн. Инаку, се придржувам строго. Искрено, многу сум задоволна.
Тоа е супер резултат за месец дена. Јас пред многу години за 45 дена имам 10 кг ослабнато. И оттогаш никогаш да стасам до еден цел месец. Иначе да, во обем се слабее доста и се некогаш се забележува повеќе отколку на вагата.
Здраво. Јас денес се приклучувам на диетава Доручек - лубеница Ручек - два копани и салата без леб По прв пат ја држам. Сакам да ослабам 10 кг. Ајде споделете резултати за мотивација. И дали сте пробале турбо ун?
Јас сум денес 36ти ден, до сега имам изгубено скоро 6кг, од утре планирам да почнам Турбо Ун па да видиме, ми требаат уште 1-2кг да намалам. До сега сум многу задоволна, најбитно е да се издржат првите 2 недели, натаму е многу лесно, дури и повеќе храна нема да ти одговара веќе . Со лесно тебе и само гледај првите 2 недели да ги поминеш без грешка, по две недели веќе ќе можеш да ги осетиш и првите резултати, па тоа е и дополнителна мотивација
Друштво јас ја почнав 2 недела од вчера.За една недела имам симнато 2 кила и 5 см во обем.Ова за мене е перфекција.Како е кај вас? Со лесно на сите ❤️❤️
После долго мислење пред 5 дена ја почнав Ун диетата. Штом го издржав првиот овошен веќе немам гајле. Порано до тука и се откажував на 3тиот ден. До првиот роденден на бебето имам уште 3 месеци, па се надевам барем 20кг да ги намалам бидејќи имам голем вишок. Почнав со 116.8, сабајле имав 111.7 Значи водата сум ја исфрлила, па ќе чекаме да почне салото да се топи. Поддршка секако ќе ми треба и повремено ќе пишувам во темата. Овие денови јадам по 2 кришки тонус, па ќе намалам на 1. Со лесно и убаво на сите!
Можам да кажам дека двапати добро ми тргна, т.е издржав двапати по 15 дена ама овој пат ПМС ме сјеба комплет. Од станување до легнување чувствувам глад и слабост. @BibiMK01 ти се држиш ли уште?
да уште ја држам со тоа што од мината недела почнав со турбо ун, во четврток ја завршувам, до сега сум -7.3кг многу сум задоволна, доволно е за мене
Фала многу Со лесно и на тебе Денес секако најубавиот ден. Д. Лубеница Р. Две интегрални гевречиња со лажица ајвар и салата. В. Се мислам имам уште едно геврече да го јадам со кремче. Едвај чекам да помине еден месец да видам како би ми делувала оваа диета.
Од денес почнувам со диетата со 78,5кг. П: банана Р: пил. стек и домат В: пил. стек и краставица П.С. Пешачење 7-8км и после 18ч само вода.