Да се надоврзам на она "Поздравот" на Нутриционист во врска со салцето (изгледа сите ги мачи овој проблем), единствен начин да се справиме со него, освен правилна и здрава исхрана МОРА да се вежба, ако не секој ден барем секој ВТОР ден барем 45минутно вежбање, и можете слободно да кажете ДОВИДУВАЊЕ МАСНИ НАСЛАГИ! п.с. Нутриционист одлична ти е замислата, верувам дека ќе го постигнеш посакуваниот ефект до лето...
Денеска ми беше 24ти,овошен ден и сум изненаденаа. Од 75 на 66 килограми и тоа баш сите ми велат дека сум ослабната.. Многу убаво се чувствувам..
Да да така е.Мене ми почнуваат напорни тренинзи,3 пати неделно по 1 час ракомет и плус теретана.А и времето да се постопли,кога ќе му ја тркнам покрај вардар ништо не ме сопира! :Р
јухууууууууууууу се издржа овосниот ден....денекса протеински 5 ден од сабалје две парчина ананас и кафе....дали можи оние со што се како зитарици од витанова??? пред ручек??
49ти ден денес овошен, утре ќе го ставам воден ден,бидејќи ми се паѓа наредната недела да ми е воден а сум втора смена на школо,нема шанси да издржам, така да сега барем додека сум 1ва ќе си го држам Ќе се мерам таму вторник,среда и се надевам на 2 килца помалце Поздрав до сите,биде храбри,нутриционист со среќа понатаму и brownie честитки!!
Лелеее не се уклучив една вечер и дури 3 страници сте исполниле хаахахах има многу диеталци . Мене денес ми е протеински ден, ама имав гости и цела фамилија тука јадевме пастрамајлии, ама во моја одбрана немам јадено 1 месец и за вечера ќе јадам салата само. Денес 42 ден и се немам мерено, здравје во вторник ќе се измерам да видам што е како е и ветувам ќе почнам да вежбам. И јас си имам доста проблем со масно ткиво, само со диета не можам да го тргнам тоа, затоа кога ќе си дојдам од екскурзија почнувам со вежбање.
Здраво на сите. Решив да се најавам на овој форум затоа што веќе подолго време ја следам темата Ун-диета и ми претставува огромна мотивација. Минатото лето ја држев оваа диета еден месец и успеав од 75 килограми да дојдам на 67, што претставува најмалку килограми што сум ги имала во мојот живот (во рок од една година со редовно вежбање и без посебен режим успеав од 95 да дојдам до 75 ). Но, поради многуте обврски што ги имам, повторно ги вратив тие 8 кила и еве, денес ми е 28ми ден (овошен) како го држам овој режим и тоа без ниеден прекршок што е мој најголем личен успех затоа што порано редовно си поткаснував нешто без разлика дали сум на диета или не Е сега, проблемот е што по облека ми се приметува (малку) дека сум ослабена, исто и на фаца, но немам некои огромни резултати. Сакам да стигнам до 60 кила до лето (висока сум 173) но некако споро ми оди Колку што успеав да прочитам, другите имаат стигнато и до минус 7-8 килограми во текот на еден месец, па дали е можно да ми оди толку тешко слабеењето затоа што веќе имам драстично ослабено?
Секој организам различно реагира,затоа не се секирај може дури после 2 месеца одеднаш многу да ослабнеш,затоа не се демотивирај:]
Искрено, се надевам, затоа и не се откажувам, ако ништо друго барем ќе го навикнам организмот на здрав начин на исхрана, така да немам што да изгубам
јас си јадам точно како што пишува во диетата само незнам дали ги земам точните количини или одповеќе а дали е дозволено по една чинија празна супа да се јаде во сите денови и кога фаќа криза дали си земате сончогледче да се залажи мешето?
Ајјј у пизду матер неможам да ве оставам! Ко фамилија ми станавте,зависник веднаш штом се укл на интернет на вас скачам!Ќе ја држам диетата па шо сака нека биде,ќе јадам поголеми порции само и толку!Ми влезе под кожа овој начин на исхрана и нема назад веќе! Бтв се консултирав со баба ми рече дека со правилна исхрана и тренинзи нема да ги намалам килограмите толку брзо како што јас сакам до ескурзијата во крај на мај и нема -15 туку ќе намалам половина од тоа,а друго било диета.Е сега стар човек ко стар ја ставив во работа да ми пишува диета како да ослабам до јуни и нека си пишува таа јас ќе си бидам на таа диета место 3 парчиња стек ќе јадам 4,досега не јадев леб од утре ќе јадам по 1 парче и меѓу оброк дали ќе може салата оти еднопставно кога не сум јадел ми се гади во уста.И да ви се пофалам,денес бев на лимон и вода цел ден и издржав евее а и мастики пола пакетче орбит зашо ми се гадеше.Правев распоред што утре за ручек што за вечера се изнервирав зашо со оваа диета се ми е организирано и треснав ај у пм шо се замарам кога УН е златна! ... така да ...ме примате ли назад?? :geek:
axx денес криза касна 3 лажици мед и 4 смоки ама затоа не вечерав не дека не ми се јадеше ама не ми оризз кризззза ајди утре макарони ги обожавам Поззз до сите