ne znam kakva figura imas i koja kilaza ama sepak spored mene na masko ne mu lici da bide premnogu slab ne i premnogu debel de neli...mazite koi imaat malku poveke kg mozat dobro da se nosat so toa za razlika od zena.ta ne li si e taka
Да да,за машко најдобро е колку високо - 100! ете јас сум 185,треба да сум од 80-85 килограми но јас имам 10-15 вишок сега.Инаку,јас лично многу се грижам околу одржување на телото искрено!како што реков на почетокот,тие килограми ми се од тоа што лежев толку многу време со месеци во кревети од пворееда на глуждот па се поправив и сега сакам што побргу да ги симнам.Имам и другари што не се секираат,имаат пивски стомаци,гуши како мисирки ма баш ги брига! мене ме мачи буквално тоа оти мислам дека не су мпривлечен а и добро е за здравјето! поздрав да да така е! а 50 би ти била перфектна тежина и да ја достигнеш и да не мрдаш од нејзе баш ми е мило за тебе! инаку,сите што сте на воден ден ,ете јас денес бев на воден ден на моја иницијатива,денес требаше да ми е овошен ден по распоред така да утре протеински! само замислете се во купачи летно време,стегнати нозе,блескава кожа,мускулесто тело....па и бикини танга уууфф ајде јас да не ве замислувам! а и незаборавјте,ние сакаме пополнечки....немојте ептен СКИНИ! Ааа и тоа ......да не ве потсетувам,што и да ви треба совет од нутриционистички аспект,слободно инбокс или овде не е проблем! секогаш за вас! поздрав
Добредојде назад нутриционист само храбро и немај гајле. Нема ништо срамно во тоа да се грижи човек за својот изглед, пред се за своето здравје. Точно е дека машките можат да се носат со својата тежина без никаква мака колку и да била таа прекумерна, ама сепак се треба да биде во граници на нормалата. Па и ние женските сакаме згодни машки . Ти си машко и нормално е дека ќе ти треба повеќе храна, па јади си повеќе. Зголеми си ги порциите, покрај тренинг ќе трошиш се и нема да биде никаков проблем, секако вие машките полесно слабеете, блазе си ви хахахха. Добро е ти што имаш физичка активност, само со диета ништо не се прави. И јас бев во искушение овие неколку дена да ја прекинам ама издржав и мило ми е што издржав и дефинитивно ќе ве дружам до велигден. Ќе почнам да правам и стомачни и вежби за нозете. И ќе успеемееее И ајде како што е редот да си кажам утре ми е скробен ден ќе јадам ориз со кромид (тука некаде го прочитав рецептот) и едно парче леб, не можам без леб макар едно парче да е ме заситува оти сум невиден зависник од тесто . Поздравче до сите
утре мие скробен ден па си се мислам компирчина варени салатичка да си направам со кромитче или домата
мене мие рано за воден ден ама без кафе неможам да издржам,станувам и за кафето се фајкам и години уназад го пијам без шеќер
mislam deka toa ke ti bide premnogu... i jas sum kako tebe visoka mislam 165....a so dietava se nadevam barem 10 da oslabam ili barem da ne sum podolu od 7/8 kila poz
десега два портокали и кафенце мислам дека е доволно за доричек, денеска скробен ден па малце графче ке си поткаснам....па за вецера ако не ми се пријаде нема да јадам краф малце салата ке си направам од зелка
Ве читам сите за диетава и читам дека имало резултати.. Сакам да прашам за еден месец колку се ослабнува? од прилика.. Висока сум 165 а 72 кг имам летоска со помош на орбитрек стигнав до 67 кг а зимава оп 5 кг плус. Во еден коментар на Amyy Lee (мислам вака е потпишана ) кажува дека крвта и ослабнала со оваа диета. Па подолго време се наканувам да почнам ама никако. Подршка имате сите што сакате да ослабите време е да се ослободиме од салото пс: (редактирав бидејќи во килограмите сум утнала наместо 2 јас 5 сум стиснала леле)
Бидејќи имаш 10-15 вишка килограми(така земено според тоа како ве мерат) за еден месец можеш и 8 кг да ослабиш е сега зависи,кај некои стагнира веќе во вториот месец и во третиот месец уште повеќе се успорува но се губат полека полека.А за крвта, има решение,како салата јади цвекло и гајле немаш, и на јагелхдиратниот ден за вечера обавезно по една чаша сок од црна ребизла. поздра ви до тебе
ако си висока 165 кг, по правило треба да бидеш тешка 55, сега + - 5 килограми, зависи од тежината на коските и градбата на телото, почни со оваа диета дефинитивно ќе имаш резултати во првиот месец ќе ослабнеш најмногу, после пополека ќе стигнеш до 60 кг дефинитивно, а другите 5 ќе ги симнеш ако плус и вежбаш, или продолжиш со турбо УН
Уффф уффф мајката....доматно пире од тоа ли томатело?? Јас,оти генски ми е тоа да уживам во кување(татко ми е главен шеф во кујна во атлантис Грција) и некогаш навистина експериментирам посебно одкога ја почнав диетата.Купам од тие спирали тестенини.Ги варам во присуство на зеленчуци и сол и зачини(така баба ми ми кажувала).Кога ќе се сварат ги прецедувам и во истото тенѓере каде се варени ставам маслиново масло(од тоа што е и за пржење и за салати-ставам 2 лажици,не ставајте обично маслиново оти канцерогени клетки стварало или така нешто) и ги враќам тестенините пак сега на подпржување.Им ставам црвен пипер мелен,претходно варени печурки шампињони и ги посолувам.Ги вадам и ги ставам во чинија и ги преливам со лут сос(мноогуууу лут оган дури).Може додека се запржува да се додаде топла вода и една лажица брашно и испадне како каша но многу е убаво.За вечера пак,ќе си скратите малце од тој ден ако се прави тој рецепт... инаку на мене ми е протеински ден како што кажав,јадев за доручек 3 портокали,за ручек 2 парчиња стек и зелка салата и за вечера пак стек и зелка салата.Дали џвакате мастики??? мислам без шеќер пишува оти се но незнам колку,дали би наштетиле?? баба ми вели дека и орбитот не е тој што бил претходно.Утре скробен ден еве рецепт и за скробен: Во тава ставиш малку маслиново масло да се загрее,додаваш исецкан кромид(јас ставам мноогу кромид),кога се пропржи ставаш ориз еден филџан, печурки може играшок,морков,царевка(тоа од златна мешавина) па додаваш црвен пипер па пропржуваш и во плехче истураш смесата и со 3 филџани врела вода полевате и ставате во рерна да се испече.Водата испари,оризот набабри и ете ти и за ручек и вечера слатко преслатко.Правите зелка салата со маслиново масло,и во одредена чинија ставате ориз и зелка салата промешувате да се збрка и ставате лут сос од чили одозгора.Може и со цвекло да го јадете.Со овој специјалитет ви предлагам да се напиете и квалитетно суво црно вино од сортата на грозје Шардоне со благ и блуткав вкус.Наздравје! хехехе поздрав!
готово за денеска јадење......можи малце попосле некое кисло кратсавице или цвекло ....ама ке видиме како ке се пријади можи или
јас денеска немав ич апетит..за ручек само грашок една чинија и за вечера исто само половина ( без леб и без салата) во последно време не ми се јаде ич, али добро е не ми смета мене хехехехех
Денес скробен ден. За ручек ориз и за вечера пак ориз и таман ми дојде јадењето. Утре јаглехидрати конечно јувкиии, можам да се удавам во јувки и нема да кажам доста е . Денес ми е 43 ден и утре пак на мерење, се молам на добри резултати лелеее само не сакам да се разочарам. Ај стискајте палци
50ти ден,воден Се држам некако,мастикиве да не беа ќе цркнев Пијам и вода,сега можеби и чај си сварам,ќе видам.. и така. Едвај чекам утре да јадаааам! Планирам јајца,ама ќе подразмислам бидејќи ми се гади од нив И се мерам утре секако,килце сигурно се симнало
И мене ми беше скробеноризот како го јадеш? Пилав или?? Тоа никако да дознам зашто ми се згади веќе од варени компири,поздрав!!