цело време ги читав коментарите.....негде прочитав дека лебот оделно се јаде....и скоро сегде пишува по едно лепце...јас си јадам по две интрегални лепчина за ручек за вечера не практикувам леб....сега дали сум во право или не незнам
конечно помина и водениот ден... денес протеински ден, за доручек две јабуки, за ручек и вечера туна со парче леб и кромитче, ммм...
денеска скробен ден досега едно јаболко и кафе без шеќер....после за ручек леќа со грашок ќе си каснам...и вечера пак исто... 10 ден од диетава нема сеуште резултати ама ке продолжам ке видам по три недели како ке биде
почнете со турбо Ун, ке имате резултати, или едноставно веќе нема што да слабеете, доволно сте ослабнале или јадете повеќе варена храна, салати, без леб, и не јадете банани! треба да се намали внесот на калории очигледно, или исто јадете, ама вежбајте, или се активирајте физички, зошто во овој момент организмот троши исто толку колку што и внесува, па затоа стагнирате. И јас имав некои прекршоци овој период, до сега имам симнато 6 кила, си слабеам по 0,5 кг на недела, што е сосема доволно, веќе го почнувам и 3тиот месец, а ја почнав и турбо УН, па баш во сабота ќе се измерам, исо оглед на прекршоците за 8ми март, ќе бидам задоволна од минатата недела ако имам симнато 200-300 грама, па дури и ако сум на истата килажа Денес овошен ден, па продолжувам натаму, планирам до велигден да ја држам диетата, па што биде биде после продолжувам само со овошје за доручек! поздрав и не се демотивирајте
За слабеење имам што да слабеам 163 сум висока а имам 65 кг, барем уште 7-8 кг бидејќи сум покрупна и таа тежина супер ќе ми стои иако според калкулатор идеалната тежина ми е 54 кг. А за турбо-ун не ми се почнува знам дека нема да издржам и без јаглехидрати ќе шекнам. Ќе пробам со помали порции и со вежбање и ќе видиме што ќе направам. Барем уште 5 кг да симнам па натаму ќе се борам некако.
незнам да ти казам јас ја почнав турбо ун диетата, денеска ми е тет ден и тоа е овошен ама не чувствувам некои потешкотии, инаку јас сум љубител на благите
и јас имам за слабеење не е дека неам, а и имам намалено од јадење, на почетокот и вечерав редовно, сега еве веќе 3 недели јадам навечер само салата, а и воопсто не јадам леб, освен во третиот ден, и ги отфрлив бананите, за да бидам физички активна незнам дали ке издржам, нема да имам енергија. сакам да прашам после држењето на турбо ун бидејќи се враќаме на стариот начин дали пак ке се стагнира или па пак да не накачам, па џабе да се мачам, зашто повеќе има за јадење нели
и што мислите колку е паметно во овошниот ден наместо овошје да се пијат само течности, вода, чај, евентуално цеден портокал со лимон
ќе продолжам да ја држам диетата, се надевам дека за месец и половина ќе симнам уште 5 кг па за натаму доаѓа лето ќе трчам ќе вежбам ќе пливам .....
Сакам да прашам дали јадете супа? јас од денес ја почнав диетата и си сварив од тие коцките зошто нели само водата од супата се пие? и со што ги зачинувате салатите?
Да и јас коцки правам,а некогаш и обична Маги па само водата си ја сипувам другото од дома го изедат,а салатите со зејтин/маслиново масло и оцет,сол и тоа
Од денеска сум и јас член на форумот. Утре ми е 29 ден, водниот ден, па цело време барам мотивација. Еве каде сте биде Навистина ли има толку многу резултати? Супер ако е така. Само едно ме интерсира... повеке од 10 килограми за 3 месеци, нели е многу? Зарем не се соочувате со проблем за стрии?? :/
^ Јас да,за жал. Искрено не верував дека можело ете и од слабеење да се појават стрии.. Ама мене веќе ми се појавија малечки едни,црвени на бутовите,и се изнервирав ептен и таман кога сакав да купам крема за стрии,еве почнаа да се повлекуваат од ништо Баш чудно.. Али ако,ме радува тоа! Иначе,океј е 10 кила за 3 месеци,лошо е ако тие 10 кила се изгубат со гладување и за брз период..и напротив диетава е богата со исхрана,нема гладување и такви работи. Така да,без секирање