Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

УН Диета

Дискусија во 'Диети' започната од mKdevojce, 7 јануари 2010.

  1. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    2.061
    Допаѓања:
    6.550
    Пол:
    Женски

    и јас сум на диетата. 28 ден ми е вечерва.
    Барав многу многу мотиватори ама најдобро ми беше...

    Секогаш кога ќе размислиш за тоа дека сакаш барем уште еден кило или неколку да ослабееш, земи изтрчи се 10тима минути, или веднаш започни да вежбаш.
    Немој никогаш да се концентрираш на тежината. Многу е поважно вложувањето.

    Патем јас започнав и дневник за диетата да си водам. Повеќе да ме мотивира :)
     
  2. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    2.061
    Допаѓања:
    6.550
    Пол:
    Женски
    Да звучи интересно. Неколку пати пробав. Два пати :) Ме мрзеше страшно да јадам овошје. Јади јади, ни се најадувам, ни ништо.
    Но потоа постигнав многу лош ефект на прегладнетост следните денови.
    Сега пак се вратив со ножето во рака. :$
     
  3. b.u.b.i

    b.u.b.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2011
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Браво дечки! Јас утре за ручек ќе јадам пица со кечап, печурки, маслинки и патлиџани, а за вечера ќе изедам 2 парчиња торта (бидејќи ќе славам роденден).. баш убаво ми се погоди денот. позз
     
  4. hubba.bubba

    hubba.bubba Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2012
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    4
    држи вода и тоа што викаш, јас првиот пат кога го држев водениот, супер поминав, цел ден бев искочена и не мислев на храна, ама затоа во наредните денови осетив зголемен апетит
     
  5. hubba.bubba

    hubba.bubba Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2012
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    4
    со оглед на тоа дека неделно е нормално и здраво да симнеш по 1кило, тогаш 10 и малце се, али за кого како, кој колку си има за симнување, ја се укопав во овие 60 и не мрдам бре, а еве крајот на вториот месец се ближи, налет
    бтв, ти до сега како си задоволна??
     
  6. milosavljevski

    milosavljevski Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    10
    денес 26ти ден од диетата, скробен ден, денес планирам да јадам грав
     
  7. DEBELUSKA

    DEBELUSKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2012
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    273
    11 ден од диетата денеска јаглехидратен......ќе си каснам макарончина со домата .....ама вчера ја утнав си јадев ручек се нормално ама после вечерата ја прескокнав бев излезена...ама не јадев ништо само кафе се напијав...сто знаци вечерата си ја прескокнав ;( знам дека е грешка ама си велам подобро нисто со не јадев него да јадев сендвич или скара?
     
  8. Rock.Girl

    Rock.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    48
    Јас после толку натегање да почнам да не почнам со турбо ун, конечно се решив да почнам. Денес ми е јаглехидратен ден, утре овошен и таман од понеделник почнувам. Држете ми среќа :*
     
  9. volsebna

    volsebna Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    1.162
    Допаѓања:
    806
    Пол:
    Женски
    хехехе па немаш ништо згрешено :) уште подобро, ако ја скокаш вечерата повеќе ќе слабееш, само ќе чувствуваш повеќе глад наредниот ден
     
  10. milosavljevski

    milosavljevski Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    10
    не е убаво да се прескокнуваат оброци, посебно вечерата, оти ви се забавува метаболизмот и после ништо од диетата. за вечера макар и едно залче апнете
     
  11. volsebna

    volsebna Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    1.162
    Допаѓања:
    806
    Пол:
    Женски
    диетата е супер, продолжувам да слабеам по 0.5 кг неделно... само од вчера се разболев :( завчера шетав по дождот, и измрзнав, 2 дена сум на парацетомоли, и се чувствувам изнемоштено, немам сила за ништо :worried: денес протеински ден, сабајле портокал и чаша свежо исцеден сок, ама моите направија корисо сирење, и бев принудена да каснам малку, ми велат болна си, ти треба храна, а и доста ми било со слабеењето, а јас сакам да симнам уште 2 кила, висока сум 162, а моментално сум 54 кг, пред да ја ја почнам диетава бев 60. Сега пиев зелен чај, со малку мед :( и лимон. За ручек супа и печена риба со зеленчук, за вечера може евентуално јогурт да се напијам... Може ли за вечера во протеински ден, место јогурт да се пие свежо исцеден сок? И ти DEBELUSKA, ако не е тајна, може ли да знам колку килограми имаш за слабеење, и колку си ослабната, пошто гледам многу строго се придржуваш кон правилата
     
  12. hubba.bubba

    hubba.bubba Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2012
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    4
    денес, овошен, ке пробам да биде воден, ваљда ќе мрднам некој грам, ке пишам утре
     
  13. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.608
    Пол:
    Женски
    Денес протеински,едно мало стекче изедов,парче црн леб и мала чаша млеко :)
    А за доручек пола банана :wasntme:
     
  14. guguence

    guguence Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    291
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Женски
    Во јаглехидратен ден може ли да се јадат 4 бисквити со крем?
     
  15. pirustija

    pirustija Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Поздрав ун диеталци јас денеска изедов два тањири макарони со кечап и сега ми е многу мака, мислите дека е многу? Колку тестенини јадете мислам количински? И уште да казам дека веќе ми е 48-ми ден а сум ослабена 5 кила, стагнирам, овој вториов месец не сум ослабена ни грам, а и плус секој ден трчам по 4 километри така да што мислите што е проблемот? Сакам да ослабам уште 5 кг :)
     
  16. The.Pink.Angel

    The.Pink.Angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    132
    Диетата ми стои добра но малце чудно ми е како е можно за 3 ден за вечера 2 парчиња торта оваа диета ми стои повеке да се здебелиш отколку да ослабнаш
     
  17. Rock.Girl

    Rock.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    48
    Јас утнав начисто денес :tmi: Дојдоа роднините на гости и ајде ручеци ваму таму и каснав стек :tmi: . Утре ветувам дека ќе си платам убаво за се што изедов денес и од понеделник турбо ун, а за денес срам да ми е!!!
     
  18. anna555

    anna555 Активен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    DA I MENE MI SE CINI TAKA
     
  19. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.608
    Пол:
    Женски
    A да видевте дека после тој ден со 2 парчиња торта,има овошен,каде што се јаде цел ден овошје и ништо друго?

    И се прочистува тој ден цел од јаглехидратниот.. Плус другите денови не се јаде благо,освен тој ден.
    Така да нема дебелеење тука.И не значи дека ако се јаде од оние КАЛОРИЧНИ јадења во диетите дека е штетно,треба и тоа да се внесува,потребно е на организмот. :)
     
  20. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Јас по пола пакетче јадам :Р