Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

УН Диета

Дискусија во 'Диети' започната од mKdevojce, 7 јануари 2010.

  1. SexyPrincess

    SexyPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    132
    Денес 8-ми ден, овошен. Искрено овој ден ми е најлесен и не ми се јаде воопшто, а јадам само 3-4 пати по 2 овошки, и пијам зелен чај, црн чај, кафе и многу вода.

    А сакам да прашам има некое кафе слично на капучино, оние јакобс.... и такви слични, ама без шекер???
    Ми се здосади само експресо пијам (турско воопшто не пијам).

    A мора леб да се јаде??? Јас не јадам..

    И продуктите треба одвоено да ги јадеме или може да ги мешаме??? На пример парче стек, салата и парче фета сирење, треба едно по едно или може заедно??
     
  2. VivienneWestwood

    VivienneWestwood Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    10
    Long island iced tea во кој ден од диетава спаѓа? :D
    Ахх... 43ти ден, и кардинална грешка, но продолжувам напред, нема да дозволам едно излегување да ме демотивира :)
     
  3. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    626
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    сакам да ја почнам диетава ама се двоумам поради тоа што една колешка од работа и другарка ми ми го кажаа истото , се забавува метаболизмот немој а тоа е несшто што најмногу ме плаши кај диетите !!! имам 3 4кг за симнување и несакам да си го упропастам метаболизмот
     
  4. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Воопшто не се забавува метаболизмот,тој се променува да,но во корист на телото.Зашто да се забави кога не гладуваш со оваа диета.Тој се забавува со гладување само а овде имаш и доручек и ручек и вечера и тоа ручекот во оваа диета во други диети може да претставува целодневно јадење.Поздрав :D


    Јас мешам,не пишува нигде дека не треба да се меша инаку не би ми било слатко.И првиот пат кога ја држев све мешав па ослабев 5-6 кг за 20 дена.поздрав :D
     
  5. Macci.007

    Macci.007 Активен член

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    8
    Денеска ми е 12 ден...утре се мерам,лелел само ако немам симнето ни еден грам ќе се убијам ми се чини :lol:
     
  6. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    2.061
    Допаѓања:
    6.550
    Пол:
    Женски
    38 ден. Млечен ден ^_^
     
    На Macci.007 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. nasmejse

    nasmejse Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    27
    Здраво! И јас денес започнав со диетава. Се надевам ќе има успех. Поздрав до сите :)
     
  8. volsebna

    volsebna Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    1.162
    Допаѓања:
    806
    Пол:
    Женски
    Fала нутриционист, умам уште 1-2 недели со УН диетата, после ќе го применувам твоето мени :) инаку сите ми велат дека сум се преполовила, а имам симнато само 7 кила.. :) денес успешно издржан овошен ден, плус трчање по ридот... супер
     
  9. DEBELUSKA

    DEBELUSKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2012
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    273
    резултати колку што знам ке имаш после две до три недели за 12 дена незнам ама не ми се верува сепак тое до организмот позз
     
  10. DEBELUSKA

    DEBELUSKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2012
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    273
    досега го издржав овошниот ден ама се подујав еден лимон исцеден во кило ипол вода...и само тоа пијам и сега зелен чај....утре планирам да одам на гости незнам дали таму ке ја дрзам диетава ама ке се трудам со можам повејке да ја држам....не убаво во туѓа куќа да се пребарува ;(
     
    На NATALI.27 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.578
    Aко сте решени да слабеете цврсто, ништо не може да ве убеди да посегнете по друго јадење.
    Јас сум крајно решена да слабеам и досега све сум одбила, тулумби, баклави(најомилен десерт), зашеќерена пченица со орев, омилената торта со мармалад и чоколаден прелив најтазе од вчера, пржени компири(најомиленото јадење) и што е најважно алкохолот го откажав.
    Така да треба само да кажете НЕ.
    Ме молеа саботата да пробам од баклавата, а мене пусто овошен ден. Како што ја сакам толку и лиги ми течеа, но не.. си се тргнав на страна и си јадев банана.

    Така да ви треба упорност. Дебелушка неможи денес во еден период да ја држеш диетата, во друг не.. Еднаш така правиш, ќе направиш и втор и трет. После што? Ќе се препиеш вода и лимони и мислиш сето тоа ќе го снема?
    Или држеш диета или не.
    Како што реков треба само упорност.
    Мене денес такви ми беа околностите, до пред еден саат бев јадена само два портокали, бидејќи цел ден бев излезена. Сега каснав два варени компири со салата(скробен ден) и тоа. Неможам да вечерам бидејќи се чувстувам презаситена.
    Не е лесно да се држи диета, првите денови се најкритични,после ти прераснува во навика.
    И да, мене ми го забави метаболизмот диетава, но пијам зелен чај еднаш во денот, па тоа некако ми помага.
     
    На SexyPrincess и Momichka им се допаѓа ова.
  12. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Мене првите 2-3 циклуса ми беа онака потешки, сега сум ОК дури и немам некоја желба за јадење. Утре терам 20ти ден, овошен, и се мерев пред недела дена имав симнато 2 килца. Можеби не се многу, но доволно за мотивација, а и немам некој голем вишок за симнување. Она што јас забележав, покрај забавениот метаболизам кој отсекогаш ми бил проблем, е дека немам енергија. Јадам овошје, пијам и дополнително витамини, но некако немам сила и се чувствувам помалку исцрпено. Желба за вежбање скоро и да немам и овие денови како ја почнав диетата со прст немам мрднато, а не па некоја друга потешка физичка активност. Проблемот го наоѓам во променетиот начин на исхрана и недостатокот на сон и ќе гледам тоа некако да го поправам за да се вратам на старите навики.

    Да, ќе заборавев да спомнам... Почнав да мразам благо. Од програмата мислам дека најмногу го мразам овој јагленохидратниот ден баш заради благото односно црното чоколадо. Денес дури и солзи почнаа да ми течат додека ја лигавев првата коцка и остатокот го фрлив. Замена за тоа изедов неколку бадеми и лешници и горе-долу подобро ми дојде. Ај само се надевам ќе ми се одмилат и белите пецива па веќе никогаш нема да имам проблеми со тежината.
     
    На Macci.007 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ves-s

    ves-s Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2012
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    6
    Денес протеински,инаку почнав од прв ден да сметам пошо ја претерав викендо, ама сега нема откажување, силно и само напред:D
     
  14. b.u.b.i

    b.u.b.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2011
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    кога може да се јаде паштета со црно лебче ? и по колку ?
     
  15. DEBELUSKA

    DEBELUSKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2012
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    273
    јас си ја держев диетата досега немам прескокнато денеска ми беше овошен ден јадев овошје... јаболка портокали ананас...башка тоа со водата...тоа бесе онака си работев надвор и наместо вода пијав тоа...што значи ништо не сум направила погрешно..... 20 дена дрзам досега ни еден промашај немам...
     
    На ves-s му/ѝ се допаѓа ова.
  16. brownie

    brownie Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    49
    Ке сакате ли да ми кажете стекот како го подготвувате? И колку? Поздрав!
     
  17. Macci.007

    Macci.007 Активен член

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    8

    Иста сум.и мене вчера ми беше јагленохидратниот ден и едвај го изедов првото коцкиче другото го фрлив....ми се гади сеа од благо.
     
  18. DEBELUSKA

    DEBELUSKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2012
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    273
    за паштета не сум баш сигурна дали може да се јаде,можеби сум грешка незнам
    ..јас како што е парчето во големина само ќе го исчукам..пошто пред тоа кога го купував го мерев и сите парчина беа 250 до 260 грама....иначе го приготвувам прво го варам...а потоа во загреана релна го ставам да се потпечи и малце водичка за да не загори тавчето..малце го зачинувам со вигета..а масло воопшто не користам... так да многу е кревко за јаење и вкусно се надевам дека помогнав позз :D
     
  19. volsebna

    volsebna Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    1.162
    Допаѓања:
    806
    Пол:
    Женски
    уживај, не е крај на свет, и да згрешиш не е ништо страшно... на крај краишта утре ти е протеински ден, секако ке те послужат со месо, сирење, јајца, риба... така да имаш што да јадеш, плус салата, па и да каснеш малце компир или ориз, секако не е страшно, нема леб да јадеш и крај, најубав ден ти се погодил за гости, малце потешко ке ти е било за јаглехидратен или овошен ден, да ти нудат јадења, а да одбиеш, сепак на гости си, нели :) така да те поддржувам, те читам веќе 3 недели и стварно си за пофалба, мислам дека од сите нас најстрого ја држиш диетата, а и дозволен е прекршок, јас направив милион :D па пак ослабнав, плус не јадев исто од ручекот за вечера, само да е во рамките на то ј ден, а ако многу претераш, држи си утре пак овошен ден и крај, па живи луге сме нели и целта на оваа диета не е да прегладнуваме и да се скратиме од секое задоволство, нели :) убав помин на гостите
     
  20. DEBELUSKA

    DEBELUSKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2012
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    273
    фала мила за подршката....тоа си во право грешките се по луѓето поззззз