Денес протеински ден, за ручек 3 јајца(мал размер домашни) варени,со пола тегла цвекло салата и една малаа кифличка.За вечера,1 јајце и салата
Да ви се пофалам -1 ама без строго придржување кон диетата инаку повеќе ќе беше, ама од сега натаму здравје, бтв денес ми е скробен ден ии досега 2 јаболка и тањир грав со парче леб
57ми ден, овошен. Малку забушавав викендов, ама простено е, утре воден ден, денес поригорозно и ќе биде
53ти ден и не мрдам од 62 кг. Од 75 на 62 и пред 3 дена ја почнав турбо ун. Незнам дали да ја прекинам диетава,можеби веќе нема да слабеам,ве молам дајте ми некој совет.
На малку загреано маслиново масло се пропржува ситно сецкан кромид. Кога ќе омекне се додава и ситно рендан морков. Откако ќе се пропржи и морковот се додаваат макароните и се додава вода и зачини (сол, бибер, сушен зеленчук). Се претура содржината во тавче и се става во рерна на 180-200 степени. Мене денес ми е јаглехидратен ден и ова ручав. Се надевам ќе ти се допадне
благодарам.. утре ми е овошен ден и сакам да прашам освен овошје дали смее да се јаде пример кикиритки, сончоглед, лешници (најмногу 100грама).. ве молам за одговор
Смее али не е пожелно,100 грама кикирики пример или сончоглед ти е еднакво на 15 јаболка да си изела...
па ти за месец ипол си ослабнAла 13 кг, не се откажувај, ке продолжиш да слабееш, но со послаб интинзитет
Јас некаде попладне, кога сум веќе прегладнета јадам по 50тина грама бадеми непечени и несолени, некогаш лешнци.
Мене ми е ОК. Деновите кога сум на работа не ни приметувам кога дошло време за ручек. Проблем е што морам претходната вечер да готвам и со кесите натоварена да одам на работа ама тоа е тоа...
баба ми ме предомисли да не држам турбо ун...бидејки еве трет месец ми е а треба да симнам уште околу3 кг па се надевам дека ќе ослабнам со истиот режим на ун диетата... да не сум му правила шок на организмот за толкку малку кг, па викам ајде да ја послушам, сепак баба е бидејќи во втортиот месец ослабнав само 1 кг најмногу 2 сега сакам во третиот да симнам уште 3 ... па ќе видеме
Мене ме фати некој страв од дебелеење посебно после водениов ден што го поминав, да не вратам некое кило од тие што успеав да ги симнам со оглед на тоа дека нели пак се враќам на диетава, и некако ми се гледаше дека многу јадам. Среќа и после 4 дена вагата ја покажа истата килажа инаку депресија сигурно не ми бега. За овој месец таргетот и очекувањата ми се намалени зошто како што ве читам гледам дека кај сите има стагнација во намалувањето во вториот и третиот циклус. Мислам дека и со -2кг ќе бидам задоволна со завршетокот на вториот циклус, ипак немам уште многу за симнување. Инаку денес ми е протеински ден, мојот омилен, за доручек 1 јаболко и 1 портокал, ручек и вечера зелена салата со пилешки стек. Туку имам едно прашање за вас, дали диетава ви ствара нервоза и умор или е до мене?
Луѓе јас минатиот пат кога ја држев диетава ослабев 12 кг и тоа си јадев леб и за вечера, а некогаш вечерав и по 2 пати а немав ниту еднаш воден ден. Најдоброто беше што толку неосетно си намалуваш во обем, што јас дури и се прашував дали воопшто ми делува диетава, пошо секаде рамномерно се намалував, а не се мерев секој ден, дури после првиот месец застанав на вага. Сега почнав од вчера, па да видиме што ќе се случи. Не се мерам ни овој пат, пошто сакам да ми биде „long term“ начин на исхрана, да си намалувам се додека си се допадам во обем, а не психолошки да се оптеретуам со бројки... Држете ми среќичкааааа!! И со лесно на сите што се на овој режим на исхрана периодов!
Се согласувам со мамаја, не е до диетата, до времето е. ЈАс сум во екстаза кога е убаво оснчево и плус на диета . Имам енергија и елан за работа па макар и на вода сега кога бев..А ако е времето тмурно надвор, јас и на јагленохидрати кога сум, се осеќам омалаксано ...