честитки, алал да ти е за упорноста, само да те предупредам дека вториот месец губењето на килограмите ќе оди побавно, да не се разочаруваш... а уште колку имаш за слабеење, мислам која ти е висината и која килажа имаш за цел да ја достигнеш до крајот? и... дали паралелно со диетата вежбаш?
Здраво на сите. Сакам да ви кажам дека веќе неколку дена вртам по форумов, читам за оваква за онаква диета ама никако да се решам за некоја. Е денеска некако дали со повеке внимание го читав форумот или е до коментарите и одличните резултати што сте ги постигнале, се решив да почнам и јас со диетава од утре. Некако не сум сигурна дека ќе успеам затоа што до сега не сум држела никаква диета затоа што не сум имала потреба. Ама од пред 2 години ( откако се породив ) ми треба и тоа како. Поправена сум некаде околу 10 килограми, незнам и јас точно зошто не сум се мерела скоро, и мислејќи дена со тек на време ке си се вратам во нормала не сум превземала ништо. Ама сега некако се ми тежи, од секаде ми виси..... едноставно не ми е пријатно во сопствената кожа. Редно е да се средам малку Мислам дека ке имам добра подршка и утеха од вас и ке ви пишам како ми поминала првата ден Поздрав и посакајте ми среќа
Ајде среќно со диетата ја имам држено и јас и имаше ефект навистина , а и лесна е скоро се можеш да јадеш во определен ден.Само ќе ти препорачам додека ја држиш диетата да правиш и вежби , дома по малку за да се зацврстува телото да не ти виси кожата потоа.Ајде па ќе кажеш како помина првиот ден.
Браво!! И мене во првиот месец ми одеше лесно и толку ослабнав,а сега едвај 2 кг во вториот месец,а 56 ден ми е. Веќе изгубив волја.. Поздрав
протеински ден, за ручек 3 варени јајца,сирење,една чашка бистра супа и марула, за вечера исто само без супата..( леб ни за ручек ни за вечера) иначе сакам да прашам во јаглехидратен ден за вечера наместо благо може ли да јадам пуканки?? неможам без нив,кога не држев диета секој ден јадев сега ми недостигаат многу мислам дека е подобро да јадам пуканки одколку благо, ве молам совет ????
Мастики може,барem јас практикувам а за цеден сок неможе,мислам може само наутро и на овошниот ден кога сакаш! оти се смета за оброк
Пуканкките се за во скробен ден,направени со маслиново масло и помалку сол се добри но ако ги правите со шеќер тогаш се за јаглехидратен ден.Но во комбинација со други јадења или пиења пример со пиво,нешо баба ми ми кажуваше се сврзуваат некои молекули и настананува бомба калорична
знам дека треба за во скробен но бидејќи не сакам да јадам благо па викам да јадам пуканки али ќе размислам до сабота иначе не ги правам со шеќер...маслиново масло и малку сол
во јаглехидратен ден за ручек многу ли се 2 варени геврека??? или 4 мали кифлички(празни) ??? што од овие 2 работи да јадам ? што е подобро?
имам еднаш пробано да правам пуканки со какао, но не ми бас успеаа, може да ми пишеш како да ги направам?
Леле појма немам :/ не сум правел ама знам дека јадат многу луѓе.Изгледа место сол се става какао врз царевичките и ппчнуваат да пукаат!
Луѓе а во јаглехидрантниот наместо благо може ли пример 100 грама ореви измешани со мед? Или пилав/сутлијаш? Кажите ми идеи за некои благца што не се толку калорични.. позз
Сутлијаш со кафеав шеќер е така потенко благо, или гриз исто со кафеав шеќер и во него да додадеш реднана јаболка или сецкана банана со мед.Ама не знам дали ова се уклопува во диетата, не ја ни прочитав само давам идеја за не толку калорични благи јадења.