утре ми завршува турбо уни диетата.....и таман до вечерта ке бидам на вода....и јајце вечерта ке си каснам ....и си викам дека уште утре диетава....и ке је прекинам за празнициве....и после пак си продолжувам....утре ке ми биде 45 ден.... таман напола од диетава ми поминала и да бидам искрена воопшто не ја ни сетив
денес 59ти ден, скробен, за ручек и вечера посен грав со млад кромид и парче леб. сабајлево се мерев и вкупно 9 изгубени килограми.
Незнам кој праша дали смеела цвекло во протеински ден - НИКАКО!!! Тоа е чист јаглехидрат,поготово вареното е полно со скроб...Тања Турунџиева и забрани на другарка ми..освен свежо рендано со морков како салата...
Се изнамачив со диети и немам резултат, ќе ослабам 2-3 кила и после пак по старо. Сега веќе 1 месец и 2 недели кај што одам на фитнес, ги постами велигденските пости, сум ослабена само 2-3 кг и некако сум разочарана, бидејќи очекував многу повеќе. Наидов на оваа диета, прочитав многу задоволни лица и се решив после празниците да ја почнам и јас. Јас и досега јадев по 2-3 овошки наутро, така да нема да ми е проблем тоа, ми одговара денот со тестенини и благото - но едно ми падна на памет, а можеби понатак и друго...ама ај за другото после празниците. Шопска салата - едвај чекам да си направам ) , дали ќе може да се вметне шопска салата во некој ден, - нели зеленчук и сирење???? Ако некој знае, ве молам кажете.
Ај после празнициве да се договориме заедно да почниме, шо викате а? патем убаво поминете си за празнициве)
Оф, незнам што да правам. Дали да ја прекинам диетава сега за празнициве? Ама некако душа не ми дава Вие што ја држите ќе ја прекинете или јок?
Не бе,па и секоја салата е јаглехидрат!Но прост јаглехидрат а не сложен како за јаглехдиратниот ден.Зелката е јаглехидрат,доматот,краставицата значи зеленчлукот и овошјето се исклучливо јаглехдирати.Но сепак така е комбинирано,неможе дневно само протеини да се примаат жолчката ќе пукне...како што јадеме саалати,така и цвеклото е салата
Инаку денеска сум скробен ден.(14 ден) За доручек едно јаболко. За ручек 2 печени компира со малце кечап и зелка салата со рендан морков и цвекло додадено во неа. Минимално количество на сол и зејтин додавам. Колку да се рече дека сум ставила. За вечера планирам еден компир исто печен со малце вегета и пола чинија зелка салата. Во меѓувреме пијам еднаш во денот една чаша цедевита или една шумлива.
Пак ја почнав оваа зошто од 7 дневнана јок резултати. Без разлика на празнициве ќе продолжам да ја држам иоанака утре ми е протеински мислам можам месо да јадам. Денеска ми е 4ри ден по ред и овошен. Имам изедено една банана и многу малечко јаболко. Имам испиено една чаша зелен чај.
Јас не ја прекинувам диетава немам причина, денес ми е протеински, за ручек ке си јадам марула салата со туна и исто и за вечера, а утре ми е скробен ден и месо да има на маса јас ке си јадам нешто друго (сигурно нема само месо да прават ). А иначе многу сим задоволна од диетата и тие што секој ден ме гледаат ми кажуваат дека сум ослабена, а и самата си приметувам и по фармерки, тренерки ... се ми е по широко
да да синоќа ја најдов и ја испечатив и сфатив - ако јадам месо и шопска салата, количината на месото треба да е половина, бидејќи се заменува со сирењето - ако добро сфатив ))
Можеш да ги јадеш во јаглехидратен ден, ама ќе мораш тогаш да скратиш од оброците за тој ден. Секако, во умерени количини. Во овошен мислам дека неможе. Што се однесува до мене, јас не би ги јадела во ниту еден ден, за џабе само би го успорувале слабеењето, кога диетава е направена со намирници кои многу лесно можеме да ги најдеме во нашево поднебје, така да..Кога и да ми се јаде си правам салата, освен за време на овошниот ден.
И јас имам едно прашање. Ненормално многу ми се јаде. Многу, многу, многу! Ми се чини дека ако не пробам нешто, ќе потклекнам на јадење и ќе ја прекршам диетава. Смеам ли пуканки без сол да јадам? Денеска само . М?