Дечки, едно прашање ... Во протеински ден дали може да се користи хопла (неутрална павлака)? Сакам да направам пилешко во кари сос за утре, па незнам дали може
денеска јаглехидратен досега едно јаболко и кафе а после макаронцина со маслиново масло,лукче лути пиперчина и некоја маслинка ммммммммммм убаво поззззз
Денес мене скробен ми е, ќе јадам леќа, ама сакав да прашам дали во варењето може да и се стави компир, пошо така е поубава?
Јуху, уште едно кило минус . Инаку денеска овошен ден сум (24) сега изедов 4 печени јаболки, до после ќе си направам еден сок од портокал и лимун. И ако ми се јаде ќе си земам уште некое јаболко. Инаку незнам дали сум само јас, ама на овошен ден ич глад не осеќам... Утре протеински ден, ќе си правам мимоза салата. За ручек марула салата со 2 јајца а за вечера исто мимоза салата само сега со едно јајце. Измеѓу ако ми се јаде многу, може ќе си направам и салата зелка со морков и цвекло. Можно е да пробам и малце сиренце, од иштаф .
Аха. Фала. Инаку многу ме стра после диетава да не ги вратам пак килограмите. Јас ослабнав 15кг. и ке продолжам така со доручек овошје ама незнам каква храна да внесувам после. Многу ме страв пример ако доручкувам овошје,па јадам макарони или кифла или нешто пржено дома кајгана или пример мусака,сарма да не ми се покачуваат килограмите Многу сум смотана Се извинувам за замарањето ама немам каде да си ја испразнам душичката Поздрав
Аха. Фала. Инаку многу ме стра после диетава да не ги вратам пак килограмите. Јас ослабнав 15кг. и ке продолжам така со доручек овошје ама незнам каква храна да внесувам после. Многу ме страв пример ако доручкувам овошје,па јадам макарони или кифла или нешто пржено дома кајгана или пример мусака,сарма да не ми се покачуваат килограмите Многу сум смотана Се извинувам за замарањето ама немам каде да си ја испразнам душичката Поздрав[/quote] И јас треба да симнам толку ко ти, иста висина сум и 7ми ден ја држам диетава. Ти кога примети дека имаш резултати? Сега за сега се осеќам поубаво и мислам дека сум симнала кило. ПОздрав
И јас треба да симнам толку ко ти, иста висина сум и 7ми ден ја држам диетава. Ти кога примети дека имаш резултати? Сега за сега се осеќам поубаво и мислам дека сум симнала кило. ПОздрав [/quote] Значи додека на вагата бројката почна на секој 4ти ден да оди надолу,а лично јас на мене резултати видов на после 1 месец Инаку диетава е прекрасна и сигурно ке имаш ефект!
После диетата,ако продолжиш да јадеш овошје за доручек пак 3 месеци ќе симнеш пак килограми(2-3) и секако нема да прејадуваш со све и ќе гледаш повеќе органска храна да јадеш и нема да мешаш протеини и јаглехдирати во исти оброк.Например наутро ќе си јадеш овошје,после пак ужина овошје можеш па на ручек нешто протеинско или скробно па за ужина можеш јаглехидрат(парче торта или сладолед) и за вечера салата се знае секако има и други трикови.Наутро штом станеш ќе пиеш вода со лимон или пак една лажичка оцет јаболков во вода растворен на гладно и тоа ќе помогне да симнеш колку си вишок и плус да контролираш.Тоа јас го правам додека ија држам диетата затоа толку многу симнав дури 11 килограми до сега.Сите ми се чудат како од 100 спаднав на 89 и тоа за 5 недели.
Луѓе, јас да прашам нешто за друг пат. Дали на овошниов ден (кој уште се нарекува нели и витамински ден), смее да се јадат и салати? Или сктриктно само овошје?! Прееска се зареков. Таман реков дека на овошниот ден не ми се јаде нешто многу, многу, умов цело време ми беше накај јадење, фрижидери, смоки..
Смееш салати иако наведено е само овошје. Сигурно нема да качиш килажа Него,салатите да бидат чисто од зеленчук,масло,зачини.. Значи без додатоци како сирење,мајонези такви работи. Јас некогаш ,во овошните денови не ни јадев овошје, цел ден знаев на салати да бидам па ништо страшно
Абе може но после салатата да не јадеш овошје! Сепак мислам дека подобро е овошје,затоа што овој ден е прочистителен а во салатата се става и сол и масло и оцет...
е и јас дефинитвно од утре ја почнувам оваа диета...не сум којзнае колку дебела ама не сум ни слаба паа.. ќе пробам до летото да симнам некое килце..уште сљамо неш да прашам,, алкохол смее ли да се пие
Луѓе денес барав по интернет и на еден сајт видов дека после Ун диета се држи уште 3 месеца по следниов редослед: 1.протеински 2.скробен 3.скробен 4.протеински 5.јаглехидрантен 6.овошен Тука следи исто доручек овошје,само што вечерата немора да е како за ручек,може некој друг протеин,скроб. И баш тука се симнуваат уште 3(и повеќе) килограми и со тоа се уверувате дека дошло до промена на метаболизмот.
Femina, несмее алхохол, го оспорува слабеењето. Инаку фала дечки на одговорите. Наредниот пат ќе бидам само на салати на витамискиот(овошен) ден.
И јас имам читано дека по завршетокот на првите 90 дена, во наредните 90 треба да се продолжи со појадокот на ист начин (две овошки) и доколку се намалат уште три килограми значи дека дошло до промени во метаболизмот, меѓутоа немам сретнато и за остатокот. Веројатно е ова некоја модификација.
Полека, полека и протеинскиов ден си помина.. Мимоза салатка си јадев прееска. Кај 9 кога ќе се вратам од јога ќе вечерам една салата и готово. Порано и да сакам не можам... А нели оброците трба да ги јадеме се до 8 саатот. Утре, скробен ден (25). За ручек 2 варени компира со кечап и салата од зелка, цвекло и морков. За вечера еден компир и салата од истите состојки.