Ако може некој да ми каже што да јадам вториот (скробен) ден кога не сум дома..кога не можам да праам манџи или да варам компир
Има уште некој што ја држи диетава? ја ослабнав 5 кила пред месец па ја прекинав и сеа ми е 10 ден ..
Во овошниот ден иначе ја планирам од утре да ја почнам пак сакам 5 кила да симнам за месец, па ќе видиме шо ќе напраам
хелоу... се изначитав од постовите во темава 70% мн ме заинтересира диетава што значи ја по4ав денеска ... ја до сега бев на диета т.е не на конкретна диета туку онака "здрава храна"и за 37\40 дена ослаев 7кг, ама имам многу кризи за благо па се решив да ја дрзам ун диетава ...сеа имам да поставам неколку прашања: дали можи во протеинскиот ден да се јадат пример варени виршли и во јаглено хидратниот ѓеврек?... ми треба да осалабам уше 6кг по формуларот -112...секако јас не би го почитувала доколку од надвор сум задоволна од изгледов позз... баш охрабрувате,, продолжете така
Здраво народе! Живи ли сте? Ги прочитав сите коментари на постов. малце се згрчив седејќи али нема везе.. па нова сум и воедно член на диетичариве и воопшто диетавааа.. Вака сега.. ми треба некој искусен од диетава или бар да може да ми помогне некако ја држам диетава, еве денес 18 ден и ослабена сум само 3 кила не сум задоволна и мислам дека нема долго да ја држам уште.. .. на почеток ми беше многу тешко и од стрв поткаснував коа ќе ми се пријаде нешто.. после се уозбилив прескокнував родендени али затоа праќаа за дома торта и некои тестенини =( ај тортата ја дочував до 4 ден и ја изедов али коа ми ги донесоа баничките неможев да одолеам и 3 изедов па пропадна цел овошен ден издржав еден воден ден.. не ми беше тешко.. алии што се однесува до веечерата, неможам да и одолеам секоја вечер на лубеницатаа или да гледам како надвор сите јадат варена пченка (клавчиња) па си ја заменувам редовно. од првиот ден. значи никако не вечерам по оној правилниот режим.. не сум пробала но мислам дека ми е тешко да вечерам јајца или компири грав сл.. (секако за благото не е проблем, ни лубеница ни ништо не го менува ) паа ве молам ако можете некако да помогнете, незнам дали да престанам со веечерањево овошје и да се фрлам на строга диета.. сепак сметам дека овојшјето има многу помалку калории од самите јајца,грав.. но го почитувам и фактот дека несмеам да ја мешам храната.. и во врска со коцката супа.. некаде прочитав дека не е задолжително да се пие ако се конзумираат млечни производи (сирење) во протеинскиот ден.. до сега еднаш ја пиев.. последниов пат не затоа што ми е одвратна. благодарам однапред и со среќа :/
здраво summer еве колку можам да ти помогнам.. цел пост го препрочитаав и видов дека ѓеврек е дозволено да се јаде ама за варени виршли нигде не видов.. поздрав
jas ja drzam dietava deneska mi e 13 den i vkupno sum oslabena 6kg ))))))) i mislam deka metabolizmot vednas pocnuva da se menuva bidejki na pocetokot bev gladna a sega veke ne.Odlicna dieta vredi da se proba pozdrav.
Епа вака Симона, секој организам е различен и во зависност од тоа колку килограми сакаш да симнеш, кај секого е различно. Јас за еден месец симнав 4-5кг, а братучед ми за еден месец дури 9кг, но јас сакав од 63 да намалам на 56-7, а он од 80+кг. на -70кг. Сакам да кажам ако имаш поглем вишок на килограми, побрзо ќе се топиш. Иначе биди упорна. Сега си симнала 3кг. и организмот ти стагнира, и после некое време нагло повторно ќе симнеш некое кило. Со оваа диета споро се симнуваат килограмите, но не ги враќаш брзо. Инаку и во самата диета имаш вечера и е задолжителна (половина од ручекот -а можеш и исто, само ДА НЕ МЕШАШ), а инаку и да земеш лубеница или кое било друго овошје како ужина не е страшно - сепак овошје е. Боље кога ќе те пукаат кризи да земеш овошје отколку чоколади. А за супата и не е некој голем фактор во диетава. Ти посакувам среќа и не се откажувај, зошто ќе видиш дека ќе се исплати трпението и трудот. Јас кога ја држев еден ден јадев (во протеинскиот) виршли со салата, парче сирење и кришка интегрален леб. Инаку ѓеврекот ти е исто како лепче па може да се јаде во денот за јагленихидрати.
И ја ја почнав диетава денеска ми е 3 ден, само не знам дали ќе ослабем или ќе се здебелим зашто претходно јадев многу овошје а сега треба само за доручек, скоро еден месец не јадем леб а сега во диетава има 2 дена леб и третиот ден пак теста. Што се однесуе до благото јадев многу ретко а сега секој трети ден. Ама сепак ќе ја држим строго, па ќе видим што ќе се случи.
Здраво девојки диетава ми се бендисава па сакам да ве прасам само едно прашање! Дали може на пример прв ден да ми биде скробен па втор овошен па протеински па така различни да бидат по редослед ама сите четири да си ги одржам или мора прв протеински па скробен итн. Фала многу однапред чекам одговор
Треба по ред, како што се напишани во диетата, а не како што сакаш ти, затоа што само по наведениов редослед ќе има ефект.
Една моја колешка од факс ја држеше диетата 90 дена и супер резултати постигна. Таа изгледа имаше ептен бавен метаболизам па со секакви глупости пробуваше не ти медобил, не ти нејадење до бесветс ама ништо едвај успеваше некои 4 - 5 килограми да симни. Со диетата успеа да симне десетина килограми и веке 2 - 3 месеци не е на диета и ги нема вратено килограмите ..