Јас забегав малце денов(јаг.хидр). Видов сабајле дека имам ослабнато уште едно кило и си се опуштив . Прво изедов цела вегетаријанска пица. И како да не ми беше доволно изедов + четири кифлички мали со кечап и растителен кашкавал. И пошто сум ненаситна ко говедо, изедов 3 реда чоколадо за готвење и пола обично чоколадо..А да, и 2 витанови. И за крај сега изедов еден огромен сад со пуканки. Животно не ми е рамно, мајке ми. Денов што го упропастив и утнав, го утнав.. Него утре цел ден на лимони ќе бидам! Морам да се прочистам.. И си ветив дека од сега многу построго ќе ја држам диетава! Морам!
Девојки, сакам да почнам да ја држам диетава и кажете ми дали се враќаат килограмите после завршувањето на диетава (после 90 дена) доколку и понатаму продолжиш да се храниш здраво да пиеш многу вода и да вежбаш. Можеби некој имаше претходно пишано ама ми е спор интернетов и ништо неможам да видам.
И јас исто ја прекршив диетава Овошен ден денеска, се убаво издржав се до сега.. вечерва патлиџан + сирење + парче леб Зошто морав?
.. Aјде, ајде Wooden, од утре построго! Мене прееска од тоа што се прејадов не ми беше воопшто добро, и морав да повратам.. Многу се каам, многу, многу! Ептен мразам кога излегувам од контрола, како што направив денеска. Цел ден дома, и ете што се случува. А кога сум у движење, цело време ваму - таму, денот ми поминува брзо и немам време за јадење.. Уф, не сте свесни како ми беше тешко прееска..
Ако внимаваш што јадеш не се враќаат килограмите, но ако се вратиш на стар начин на исхрана и се прејадуваш, сигурно ќе ги вратиш.
Не сум многу сигурна ама мислам дека диетава се држи 90 дена па потоа ако сакаш уште да ја држиш препорачливо е да направиш пауза. Провери си
jas nе ги вратив, а веќе речиси 2 месеци како не ја држам диетата, едноставно се навикнуваш на помалку храна, и ги менуваш навиките, сега пијам секојден зелен чај и јадам цитрон... и се е во ред
навистина, зошто продолжуваш со диетата од почеток? не ти е доволно толку колку што ослабе? мора да се направи пауза, 3 месеци само појадокот да ти е овошје, а после уште 3 и со нормален појадок, па после тоа можеш повторно да ја држиш, а мислам дека целта на оваа диета не е нон стоп да ја држиме за са не се здебелиме, туку да ни се промени метабоизмот и со нормална и правилна исхрана да ја зачуваме постигнатата тежина... мој совет, немора да прифатиш, прекини ја, јади овошје сабајле, а во текот на денот нормално, повеќе салати, нема да ги вратиш илограмите
Скоро две недели како ја држам диетава, но мене метаболизмот многу ми се забави...пред да ја почнам, точно по три пати на ден одев во wc а сега преку еден ден...може ли ова да биде последица на диетава ??
Па да ама онака немам контрола.. И мене не ми е тешко да ја држам,туку си имам ред што треба и кога треба да јадам..
јас искрено едвај чекам да ја прекинам некни мајками направи гибаница едвај издрж ав да не каснам.....и прво со ке јадам кога ке прекинам гибаница со кислео млеко ....имам уште 19 дена за до крајот................а да прашам во кој ден може да се јаде геврек и да ли можи од оние варените???????
дали некој од вас има јадено благо млеко со конфлекс и во кој ден се јаде ако можи некој да ми каже однапред фала пооооооззззззз
Денеска имам за учење, не можам да трчам, ама утре има да трчам за и јас да си ја исчистам совеста.. Инаку 17ти ден денес, протеински.. смеам ли риба печена да јадам?
Да, дефинитивно диетата е причината. Би требало наредните денови да ти се регулира, но ако не почни да пиеш зелен чај. Јас не можам, тежок ми е и ми создава болки во желудникот, но гледам дека повеќето ги пијат. Поздрав