Во диетата што ја држам моментално нема грам леб, а и општо не го јадам многу. Тоа дефинитивно отпаѓа. Од месо ми е веќе смачено, првиот ден ќе биде дефинитивно варено јајце, сирење и јогурт (зарем 3 јајца не се премногу?) Во верзијата која претходно ја имам држено, скратена, вториот ден имаше избор помеѓу грав, грашок, боранија и ориз. Тука гледам место ориз - спанаќ и компири. Оризот ќе биде грешка? anabel-a, ако не е тајна, колку ослабе за од прилика еден месец и досега, гледам дека ова ти е 51 ден?
Досега имам ослабнато вкупно 13 кила. Што се однесува до јајцата, треба дента вкупно три. Пример две за ручек и едно за вечера. Јас обично си правам мимоза салата со марула и две јајца за ручек и исто мимоза со едно јајце за вечера. Или пак ако решам да јадам сирење дента, правам шопска со малце повеќе сирење. Во скробниот ден оризот нормално не е исклучен, затоа што содржи скроб. Можеш да јадеш значи се' што содржи скроб, независно дали е наведено во диетата, секако без претерување, па правење некои чудни комбинации на храна итн итн. За скробен ден, јас досега имам јадено два пати спанаќ со ориз. Вие новите што штотуку сте почнале со диетава или имате план да почнете, со лесно нека ви е .
Протеински ден. За појадок 2 јаблки, ручек и вечера печено свинско со шопска салата ... Инаку мене денот ми наложува ваков распоред: појадок во 8-9, ручек 12-13 и вечера 17-18 часот. За утре готвам грашак со малку компир
waooo суперрр !!! Ќе се бодриме ... јас ослабев 7кг само со физичка активност ама морам и диета, сепак в година сум матурантка и би сакала да изгледам онака како што си имам замислено ! А за тоа морам да ослабам уште 20кг.. шо малце се не се многу , висока сум 170 , имав 90 сега имам 83кг а би сакала да дојдам до 65 ! Многу ќе се потрудам! Спојлер Имам дома и две шишенца јаворов сируп се мислев дали да ги пијам сега додека сум на диета? Од утре кој ќе ме дружи со протеински ден?
20 дена, 3-4 килца Со мн прекршувања на диетата. Не сакам уште многу, сакам уште 2-3 да симнам.. oд утре озбилно, дефинитивно!
-32 kg за 3 месеци јупиии сега уште 6 и сум манекенка и сите ми ја бараат диетата зошто неможат да поверуваат дека сум преполовена со диета хихихи
Waooo неверојатно ! уште повеќе ме инспирира .. и ако не е тајна колку кг имаш сега и колку дена ја држиш? Иначе кога сум попладне научилиште т.е другава седмица што да ручам? страм ми е нашкола да носам тоа шо имам за ручек... ајде за овошен ден се трпи не е проблем и кога сум сабајле за поручек... ама кога сум попладне за ручек? шо ќе правам со шо би можела да заменам? или воопшто да нејадам?
со самото дрзенје на диетава и целулитот се намалаува...кај мене така беше е сега организам и организам има разлика....али кај мене скоро сиот да исчезна од бутовите па среќно
доруцек тие две овошја од кој сакаш.....на пр. две јаболка... две киви....само избегавај ги бананите.....нив само во овошниот ден е попрепорацливо да ги јадиш позззз