уште 2 кг минус Вкупно - 5 кг за 22 дена. Ќе терам додека не симнам уште 3, за да дојдам рамно на 60 кг.
јас сеусте нема обавези така да доруцекот мие касно негде кај 12/13 сато посто спијам до касно....ручекот негдде гледам да ми енајкасно до 16:30...а вечерата да не ми биде покасно од 20 сатото....така да ако не ми се јаде многу вечерата си ја заменувам со салата..марула или краставица али си ја правам само со кислелина и сол без масло....
диеталки денеска ми помина 75 ден од диетава...ама последниве денови некако забшавав така да ми страв да се мерам сега да не има кацено некое кило..а стигнав до 61.5.....ама уште овие 15 дене ке ги издржам па незнам што да е секако од утре поцнувам со физичка работа..ама сета гардероба што ја имав сега сета како протурена ми стој....се радивам за тоа што ќе морам да ја обновам гардеробата среќно на сите со диетава поззз
Девојко, браво!!! Каааакоооо??? Јас за 65 дена едвај 10 кг симнав, а богами имам за симнување многу. Што правиш? Што јадеш? Секоја чест... мислам дека го држиш рекордот на форумов :up:
Значи БРАВОС! Не само што си ослабела,туку докажа дека имаш Карактер! Малкумина го можат ова! Инаку за уште 6 килограми да симнеш ти предлагам да почнеш да пиеш секое утро јаболков оцет во вода растворено( 1 лажиче по една чаша вода).Значи ова е доказ дека не се слабее само од 15-25 килограми,туку се слабее колку се има вишка толку!
Не ме јеби! Ако ова е вистина, браво, навистина браво! Јас ти се восхитувам! Инаку јас денеска овошен ден сум. Досега имам изедено само едно јаболко големо и не осеќам некој поголем глад. До после ќе си направам сок од портокали 2,3, пола банана и јаболко, во соковник! И сакам да прашам нешто. Утре на протеински ден, смеам растителен кашкавал да јадам или слабо?
не смееш! Значи општо маргарини растителни кашкавали путери такви работи НЕ! тоа се транс масти тоа се најлошите масти! Се втрднуваат на висока температура плус се канцерогени! Работат само за масното ткиво
Јас сум презадоволна од ун диетата, за 45 дена ослабев 11 килограми, и еве од први мај навака не ја држам (ме мрзи ) и си јадам се и сешто и пак си стојам на истата килажа... еве сега од понеделник пак ке ја почнам да си ги досимнам и другите килограми. БРАВО за другите што симнале толку килограми, секоја чест
21 ден, протеински. За појадок јаболко, за ручек две јајца и салата од краставица и патлиџан.. шо друго можам да јадам со ова? Се откажав од леб, нема веќе по едно парче.
Кажав погоре, 3-4 килца ама со прекршување на диетата. Од денес озбилно почнувам anabel-a ми даде надеж со сирењето
76 ден скорбен си ставив гравче едвај цекам да биде готово да се изнасркам уфуф...десега две јаболка среќно на сите поззззз
Еве вака јас кога ја почнав диетата бев 105кг како што имам напишано и претходно имав проблеми со тироидна жлезда и кога ја стабилизирав ја почнав диетата и уште првите 7 дена ослабев 4 кг а првиот месец вкупно -10 кг значи без лигавење до целта кога си решил треба да бидеш упорен и без забушавање пред да ја почнам диетата направив убаво истражување што и како одат работите и си се водев до нив до самиот крај( првиот месец вежбав 30 мин ) и вториот месец ослабев 13 кг значи за да нема стагнација и да се изгубат кг вежбав 1 час +30 минути пешачење и последниот месец -9 со диетата мора да си има вежбање ако сакаш добри резултати и 2месец обавезно помала количина на храна и зголемен интензитет на физичката активност за да нема стагнација бидејки во 2 месец сите се разочаруваат дека се губи помала килажа од првиот епа со упорност се се може си докажав и самата на себе (а пак чуството кога ке се качиш на вага и кога сите те прашуваат што чудо се случило со тебе ) позз
Дефинитивно!!! Јас веќе ја прогласив И и посакувам истрајноста и упорноста што ја покажа тука да ја има на секое поле во животот, а тоа секогаш резултира со успех, како што впрочем и таа покажа!!! Секоја чест!!!
Здраво на сите! Ја читам темава веќе некое време и многу се загреав за диетава. Имам јас вишок околу 20кг (висока 160см, тешка 70кг), ама би била пресреќна ако успеам да намалам барем 15кг. Работам канцелариска работа (во превод: 8ч седење пред компјутер дневно), значи физичка активност=никаква. Спојлер Пред две недели почнав со режим на исхрана (овде на форумов има тема: диетата на Иренна) и демек ќе си јадам се, ќе си пазам на комбинациите и полека но сигурно ќе слабеам - ама ништо (среќа моја што не се здебелив повеќе). Можеби и ќе имаше ефект ако бидам трпелива, ама мене ми треба мотивација. А за мене најдобра мотивација ќе беше вагата да ми покажеше некое килце помалку по две недели. Кога бев помлада (средношколка) држењето диети ми беше многу лесно, симнувањето 4-5кг беше песна, ама со тек на годиниве, се потешко и потешко станува губењето макар и на 1кг. Сега последниве две недели почнав да пешачам по околу 1ч дневно (но не секој ден, времево ме зафркава). Сакам да почнам со УН диетава, но имам неколку прашања, па сакам да ве замолам доколку можете да ми одговорите (според вашето искуство): 1. За првиот и вториот ден се вели дека ручекот и вечерата се исто, со тоа што вечерата е на пола количина од ручекот. Е сега, дали баш мора да биде исто? На пример ако за ручек јадам месо и салата, дали за вечера мора да јадам пак месо и салата или може да јадам јајце и салата, или само салата? Бидејќи јас на работа сум од 7:40 до 16:00ч и таму имам избор за топол оброк, но тешко е веројатно дека дома ќе имам исто јадење. Или за вториот ден, ако на работа јадам варен ориз, дали дома може да јадам леќа? Или пак ако на работа јадам грав, дома да јадам варен компир? Има ли некој такво искуство? 2. Месото на пример, на работа, многу ретко може да се случи да е печено на скара или само варено, обично е со некаков сос, од печурки, или сенф, или којзнае каков сос - дали може да се јаде такво? 3. Ако на работа за ручек не јадам сирење во протеинскиот ден (наместо тоа ако јадам јајце или месо) дали може за вечера да јадам сирење или не? Однапред им благодарам на тие што ќе ми одговорат и воедно се извинувам за должината на постов.
Здраво за членката над мене. Ќе пробам да ти одговорам на прашањата. 1.За време на првиот ден ручекот и вечерата мора да бидат исти. Пример ако за ручек си јадела јајца и за вечера треба да јадеш јајца со што дозата односно количината ќе ја смалиш. Или пак ако си ручала месо, ќе вечераш и месо. Доколку мислиш дека нема да можеш да го изедеш јајцето(јајцата) или месото предвидено за вечера за време на протеинскиот ден, можеш и само салата да си јадеш. Во големи количини! Што се однесува до скробниот ден, не ме држи за збор ама мислам дека со оглед на околностите, дека работиш, дозволи си ручекот и вечерата да ти бидат од различен вид, ама секако да бидат работи со скроб што содржат. 2. Не можеш некако да го изедеш без сосовите или да побараш печено месо? Сосовите не се дозволени, за џабе само ги го оспорувале слабеењето. 3. Може да изедеш сирење вечерта, пример направи си шопска со малце сиренце, со што дозата на месото/јајцата или шта год за ручек, ќе ја смалиш.
И повторно јас со прашање, последно ми е за деновиве ветувам Појадок - јаболко Ручек - две јајца со шопска (со сирење), без леб Вечера - едно јајце со шопска (со сирење), без леб Добро ли е? Исправете ме ако сум згрешила некаде