Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

УН Диета

Дискусија во 'Диети' започната од mKdevojce, 7 јануари 2010.

  1. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Арно е арно е! :D
     
  2. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    И официјално го заокружувам овошниов ден. :D
    Денеска изедов едно јаболко, па правев сок од пола банана едно јаболко големо 3 портокала и еден лимон.
    Па после тоа уште една витаминска бомба направив од 3 моркови и 2 цвекла. Не е најсјајно, повеќе го сакам цвеклото во салата, ама го испив. :)
    И пошто многу ми се јадеше сега, си исецкав еден патлиџан и го изедов со малце сол. Без ништо друго.

    Хоуп со, дека не направив некоја значителна грешка со зеленчуков денеска, затоа што денов како што знам, познат е и како витамински ден. Ако има нешто, кажувајте да исправам следечи пут!

    За утре планирам шопска со повеќе сиренце да јадам и едно јајце за ручек да не биде без ич :D, и за вечера опет шопска со помалце сирење без јајце. Значи само шопска.

    Во хороскоп ми пишува ќе сум качела неколку кила деновиве. Аха, аха :devil:
    Што е најтрагично, секад ми погаѓа, ама не и овој пат :wasntme:.

    Ајт.
     
  3. nasmejse

    nasmejse Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    27
    Скробен ден, шеесет и некој... За појадок две јаболки; за ручек грашак со компир (манџичка) и салата зелка, морков и цвекло; за вечера пола од ручекот со салата домат, младо кромитче, краставица и луто пиперче ... Мх мх мх многу беше вкусно :)
     
  4. princezzza

    princezzza Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2010
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    до крајот на летото ке има уште многу победници само со упорност :clap:
     
  5. brownie

    brownie Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    49
    Епа денеска не да прекршив аман. Правев кифлички,па се најадов како свиња и сега ке одам да се убијам!
     
  6. MartinaSim

    MartinaSim Активен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    13
    супер е идеава, моментално правам пауза од оваа диета, и ја дрзам онаа 8кг за 8 дена, а потоа планирам да си се вратам на оваа, а бидејки многу пати сум ја држела диетава и долго време, еве ке споделам неколку интересни рецепти, кои мене ми се омилени

    Протеински ден- Печен лосос филети со гарнир од динстани тиквици и моркови

    Замрзнати филети лосос околу 400гр(бидејки е многу поефтино од свежи да се купат)
    (за спремање на месото е потребно: сол, бибер, една лажичка сенф, лимонов сок,лук и магдонос)
    1/2 тиквица и 4-5 моркови
    (за спремање на гарнирот е потребно: оцет, сенф, пола лазичка мед*ако сакате изоставете го медот*,малце зејтин и млад кромид)
    -Одмрзнатите филети се посолуваат, се додава и малце бибер, и на фолија во тафче, во загреана рерна на 180 степени, се печат 10 мин. Во мегувреме во сад се месаат лимоновиот сок,сенфот,магдоносот и лукот, и по 10 мин се вадат филетите и се прелива сосот врз нив, и потоа се вракаат во рерна уште 10-15 мин да се допечат.
    -За гарнирот морковот прво треба да се исечка на кругови(малце подолги) се вари во вода со малце сол, околу 20 мин, а во исто време и тиквиците исечкани на парчиња во одприлика 1/4 чаша вода, со многу малце, скоро ич зејтин се динстаат да омекнат( не им треба многу). Одкако ке бидат готови се ставаат во сад заедно со морковот и ги оставате да се подоладат малце, се додава 1-2 млади кромитциња исецкани, а на страна се меша сосот(оцет, сенф,мед и малце зејтин) и се додава во тиквиците и морковот
    *Многу е едноставно за готвење, се е готово за одприлика 30 мин а воедно диетално и многу вкусно

    Скробен ден- Варен ориз со сос од домати и оригано
    150-200 гр ориз(за цел ден)
    Вода во однос 3:1 со оризот, значи ако ставите 150 гр ориз, вода ви е потребна околу 450, или 200гр ориз : вода 600гр
    сол,бибер и вегета
    доматен сос(или ако имате по дома домашна салца, а може и 1-2 домати) и оригано
    -Во зовриена вода се става оризот, се додава сол, бибер и вегета и се вари со повремено мешање на потивок оган додека водата ја снема :)
    -За тоа време во друго тенџерче ке го ставите доматното пире со малце водичка и оригано да се загрее/провари/пропржи
    Одкако ке е све готово, си ставате од оризот во тањир, а одозгора преливате со сосот од домати.
    *можете да си додадете и магдонос малце одозгора, чисто за декорација и да ви е повкусно јадењето:)

    Јаглехидратен ден- Пица со доматно пире и тиквици
    За ручек:
    1 тесто за пица
    доматен сос и оригано
    и пола тиквица исецкана на многу тенки кругчиња за да можат да се испечат
    вегета
    -Тестото за пица се премачкува со доматниот сос и оригано, се редат круговите тиквица и се додава малце вегета, се пече на 200 степени околу 10-15 мин(зависи од тестото јас ја сакам покрцкава :rofl: )
    За вечера, го избегнувам благото, па го јадам истото што и за ручек, но ако сакате пониско калорично од торта или колачи, а сепак благо можете да спремите лиснато тесто со рендано јаболко и цимет, завиткајте го како сакате, може и во ролат*морате да го расукате тенко зашто нараснува во печење, може и во мали коцкички, кифлички и слично, и печете на 200 степени околу 15-20 мин.

    Овошен ден- Овошна салата
    за цел ден:
    половина ананас свеж
    4 киви
    1 зелено јаболко
    -мене обично ми е доволно 1/4 ананас, 2 киви и половина јаболко за еден оброк, така да количината ја напишав според тоа колку јас јадам во текот на денот, модифицирајте според вас, но сепак, ананасот мене многу ме заситува и држи многу повеке него кога сум јадела без ананас.Иако е малце поскап, сепак од еден ананас ке имате доволно за два овошни денови, сега ананасот по поефтините маркети може да се најде и од 70-90 ден кг.

    Ова се моите омилени рецепти, јас сум сепак гурман и обожавам да си готвам, така си ја правам диетата позабавна, а и побрзо ке ви поминува времето, за некој ден ке ви напишам уште некој интересен рецепт а сепак диетален и според диетава :)
     
    На nasmejse, Dinnna и anabel-a им се допаѓа ова.
  7. brownie

    brownie Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    49
    Многу ми се интересни твоите одговори! И воопшто не си прекршила,свеж си го јадела зеленчукот. :)
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  8. trtla

    trtla Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2010
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    71
    Ај здраво и од мене ...
    Направив еден ден ја прекршив - бев на свадба ама утредента овошен ден и ок сум ..
    ми беше денеска протеински ден
    доручек:две јаболки
    ручек:две кришки интегрален леб со салата, со сиренце и малку мајонезче
    вечера:салата со сирење и малце мајонезче....
    Сум читала по дајмонт дека една лажица мајонез во салати е дозволено и не е штетно , знам дека најбоље е ич , ама тој вкус ....хххмммм прекрасен беше не ми е криво!!!
    Е сакав и ова Дали на некого му се случило еден ден да е 80 кг , па друг да е 78 , па друг пак 80 ???? :worried:
     
  9. volsebna

    volsebna Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    1.162
    Допаѓања:
    806
    Пол:
    Женски
    значи јас за разлика од другите ќе бидам малку поблага... за midnight.flower ке кажам дека од лично искуство може да јаде и различно за ручек различно за вечера, само да биде во рамките на денот што е , сега можеби нема да има толку големи резултати како кога јаде иста храна, ама дефинитиво ке има поголеми отколку воопшто да не ја почне диетата, сега работата и условите си го прават своето јас на пр ретко кога можев она што го јадам за ручек да го јадам и за вечера, а пак ослабнав сега не 30 кг, ама 7 за 2 месеца, толку и ми требаше, овде сме да се поддржуваме, значи кога имаш можност јади исто, кога не јас протеински ден јадев за ручек риба, јајца или месо со салата, за вечера само салата, некогаш воопшто не вечерав, или пиев само јогурт. пред или после ручекот јадев супа без тестенини
    скробен ден исто не јадев исто, едноставно не ми се погодуваше, важно скроб да е може ручек ориз вечера компир, или ручек зелка манџа, грашок, + салата и јас бидејќи имам ручек на работата во скробниот ден го вадев само месото и јадев без леб, а за вечера дома си варев компир, или јадев било каов скроб
    јаглехидратнниот и овошниот ден ми беа најлесни, бидејки не треба ручекот и вечерата да се исти :) значи во јаглехидратниот си јадев макарони, шпагети, геврек со маслинка, бејкролс, вегетеријанска пица, салата со кубети...за вечера благо, било какво кроасан, торта, колач, што имав
    овошнниот ден според мене е најважен, и јадев секакво овоошје, портокал, јаболка со цимет, ананас, првиот месец јадев 1-2 банани, после почнав да ги одбегнувам, по 1 рака бадеми или лешници, некогаш пиев за вечера и сос од домати, некогаш јадев и 1-2 лажици ајвар без леб со неколку маслинки...
    ако сакаш подобри резултати купи си јаболков оцет и пиј секое утро 1-2 лажици ви 1 чаша вода, и во текот на денот зелен чај
    Зборот ми е дека подобро да се почне УН, па и со прекршоци, отколку да се откажете бидејќи сметате дека е претешка
     
    На midnight.flower му/ѝ се допаѓа ова.
  10. volsebna

    volsebna Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    1.162
    Допаѓања:
    806
    Пол:
    Женски
    леле немој мајонез... подобро сенф, или кечап..
     
    На trtla му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Melany.Macedonia

    Melany.Macedonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    67
    Денеска официјално ја започнав диетава! Нека ми е со среќа :$
    Доручек; 1 јаболко
    Ручек; 2 јајца, салата свежа зелка, супа без резаници...
    Вечера; 1 јајце, пак зелка салата само помалце од ручекот.
    Све по список, ништо не планирам да земам што не пишува на списочето! хихи
    Воопшто не осетив глад... Леб пишуваше дека треба,ама неможам со ништо не ми одговара :D и затоа решив да нејадам леб воопшто за време на диетава.

    Утре највероватно цел ден ќе јадам компир варен :) ...
     
  12. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    volsebna многу ти благодарам, ме охрабри. Решив: ќе ја започнам, но од недела (така ми одговара најмногу). Поздрав!
     
  13. volsebna

    volsebna Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    1.162
    Допаѓања:
    806
    Пол:
    Женски
    започни ја, резултати сигурно ке имаш за 10тина дена
     
  14. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Ај погодете што.
    Пак заборавив да доручкувам. Денеска на чело пред спиење ќе си залепам ливче да ме потсети! |(
    И дури сега изедов 2 киви. Значи за ручече ќе си се стрпам малце. Ах шопско моја не судена љубави!
    Те чекам со две раце раширени! :wasntme:

    Едит: Епа јас си изедов една шопска со 2 големи патлиџана, 1 краставичка и мнооогу малце кромидче, колку за вкус. И повеќе сирење. И се прејадов. Одлучив да не јадам јајце, затоа што сирење прилично многу ставив. И вечер чисто само салата ќе јадам. Без сирење..

    Утре скробен ден. Ќе си варам ориз со морков и вегета. И салата со спанаќ свеж најверојатно.
    За вечера истото само у помала доза.
     
  15. Wooden

    Wooden Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2012
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    38
    Скробно денче.
    Појадок - јаболко (стандард |( )
    Ручече - сега пред малку, една чинија полна со грашок и морковчиња, шопска ама без сирење, без никакви зачини
    Вечера - истото од ручекот, само што ќе ја преполовам чинијата со грашокот

    И морам да се пофалам, втор ден откако не јадам леб и белив ит ор нот, уште сум жива :rock:
     
  16. Melany.Macedonia

    Melany.Macedonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    67
    Луѓе денес јадев варени компири, па да ве прашам пошто не јадев салата со компирот решив во него да ставам малце кромид, црвен пипер, и масло и со тоа си направив салата,
    дане згрешив нешто :?: ?
     
  17. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Не, не си згрешила. :)
     
  18. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Кикиритките се важат како јаткасти плодови, или се штетни или мора во одреден ден да се јадат или ич да не се јадат?
    Денеска изедов баѓи и направив прекршок, слободно карајте ме, за ќотече сум. :D И не е смешно, ми се плаче. ;( ;( ;( ;( ]:)
     
  19. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Не се штетни се додека не се пржени и посолени,ако се печени во ред.Тие се полни со омега 3 масни к-ни но секако дека ако си изела повеќе од 100 грама и тоа касно (тоа ти е 600 калории) а тоа ти е еден обилен ручек заедно со десерт гледано според процентуажата па и ако се пржени 900 калории не им бегаат.Сепак,клако што реков тие содржат здрави масти,кои го хранат и срцето и мозокот и заситуваат! Сепак,не практикувај кикиритки,подобро бадеми јади си! поздрав :D
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  20. nasmejse

    nasmejse Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    27
    Денес јаглехидратен ден. За појадок 2 јаболки, ручек макарони потпечени во рерна и за вечера нес со сладолед и 4 мерси чоколатца.