3 ден јаглехидратен појадок- 2 портокали руЧек- резанци потпеЧени веЧера - си направив колаЧ со темно Чоколадо , превкусен и мислам дека претерав и сега имам страсна гриЖа на совест ке се изедам од мака а многу сум калориЧна не смеам хахах хахах леллелее ај утре ке се казнам , и ке трЧам од сабајле поздравЧе до сите
скробен ден малце го закаснив доручекот две киви, ручек зелка салата со гравче тавче без леб , имав работа па тек у 9 јадев пуканки...не е сјајно ама немаше спас...мораше гладна бев утре ке си правам кифлички без сирење празни , немам ајвар тоа ме кочи ама ај ке искомбинирам нешто!!
Луѓе, дај кажете што да ставам во тоа оризот утре за скробен ден. Сакам да го варам со вегета и малце морковче, али скептична сум да не биде бљантаво ептен, па да си останам гладна и да не го изедам. И тоа ми се дешавало. А не сакам да ставам многу, многу зачини. М? Инаку јас имам уште едно кило минус и многу се радувам. Ако продолжам барем приближно со ова темпо до крајот на диетава, а ми останува уште повеќе од пола, ќе бидам пресреќна! Уште минимум 10 кила ми се предизвик да ги симнам.
ма го варам и во вареннјето му ставам суви црвени пиперки така цели како што се..и една главица кромид....а потоа откако ке се свараи односно пред вадење....го гмечам гравот кромидот и пиперките и го врајкам назад во водата да се довари од зачини ставам само сол..друго ништо..и така мие вкусен немора да ставам запршки....
Анабела, јас си правам многу често супа со ориз. Ако сакам да мешам, одлично оди супа со ориз и мали ќофтенца, или ориз со бело месо ситни парченца, а кога немешам, само со ориз и ми е многу вкусно. Ставаш вода да врие, додаваш ориз, бибер и вегета и оставаш да врие, ама не до степен и густина на сутлијаш, нешто порано треба да го тргнеш тенџерето, пред да станат зрната огромни, да се сварени е доволно. Соодносот вода и ориз е од око, немам мерка, само гледај да не е ни течно ни ептен густо, па да излезе солен сутлијаш. Можеш да додадеш и рендан морков или морков на ситни коцки. Откако ќе се свари, додади свеж лимон во супата по вкус. Многу е поинаков вкусот ако се додаде путер или кристал маргарин при варење на водата и оризот, и ако се додадат и ќофтенца мали претходно сварени и меки, ама и вака не е лоша, според мене.
Anabel-a јас обиЧно оризот го спремам вака и ми е мн вкусен. Во малку маслиново масло пропржи малку ситно сецкан кромид и морковот па додај го оризот , во друг сад настрана стави коцка од супа од зеленЧук или по желба каква сакас да се вари , па пропржениот ориз полиј го со супата , додај заЧини бибер (добар е за циркулација ) и магдонос и тавЧето стави го во релна да се пеЧе . Мене вака ми е превкусно ! позз
јас секогаш касно доруцкувам пошто касно станувам без обврски сум се уште така да не верувам дека си згрешила позззззз
A кажете ми може ли во оризот да се додаде пченка и грашок ???И леб обичен бел јадете или црн???Ви благодарам однапред
^ Може слободно да додадеш пченка и грашок. А леб никаков не јадеме. Барем повеќете што ја држиме диетава. Топло ти препорачувам и ти да го исфрлиш. Доколку не можеш од одма, почни првите денови со кришка црн леб. Исфрли го колку што можеш побрзо. Така полесно ќе ги симнеш килограмите, без лебот за џабе само да ја оспорува работата. Никој не сака резултати помали и покасно! Руби, незнам дали го пишуваше рецептов во контекст со диетава, земајќи го фактот дека забрането е да се мешаат протеини (месото) и скробот (оризот). Плус, кристал маргарин а посебно путер се забранети. Како и да е, фала, ќе го имам во предвид рецептов со завршување на диетава. Динна, и јас прво мислев вака да го направам, мајка ми вака дома многу често го прави и морам да признаам превкус е, ама сакав да сменам малце и да испробам варен каков е со морковче, вегета. Сепак, фала ти. Инаку јас само што станав, ќе доручкувам стандард едно или 2 јаболка. Денеска пошто сум дома, ќе ручам таму кај 2 саатот.
Јас често додавам и се заедно ставам во рерна да се пече. На почеток на диетава јадев по едно парче црн леб, но веќе повеќе од еден месец не јадам воопшто леб
Денес ја почнав но место месо и 3 јајца јадев една плескавица пола јајце една кришка леб и салата од краставица дане згрешив нешто???
Не ја прочитав целосно диетава која што е напишана тука на првата страница, но во УН диетата која што ја имам дома и што ја имам држено неколку пати со прекрасни резултати, пишува дека е пожелно да јадеш или месо или јајце да не ги мешаш, и ако за ручек си јадела месо и за вечера треба месо, ако си јадела јајца и за вечера јајца, а можеш да додадеш и сирење мегутоа, ако додадеш сирење, сразмерно да ја намалиш количината на месо или јајце која ке ја јадеш во комбинација со сирењето. за доручек обавезно овошје. а слично пишува и за скробниот ден, дека можеш да избереш кој скроб ке го јадеш во текот на денот, ама да не го мешаш со друг, на пример да не јадеш ориз со грашак, да јадеш или само ориз, или само грашак, и ако си јадела за ручек ориз, и за вечера ориз, ако си јадела за ручек грашак, и за вечера само грашак со салата нормално иначе ништо страшно што си измешала, сепак се тоа само протеини не практикувај често да ги мешаш, најважно во диетава е да не измешаш јаглехидрати со скроб и протеини.
^ Смееш. Инаку јас си го направив оризот. Го сварив со морковче, вегета и малце биберче. Сега го пробав, му ставив малце кечап и е прсти да излижеш! Попосле ќе го јадам со салатка.
Браво за сите диеталки. Ми дадовте инспирација и јас да ја започнам. Пред неколку месеци ја држев ама со прекршоци , и пак имав неколку кг -. Сакам да прашам дали можам во скробниот ден да јадам од замрзнатата мешавина зеленчук од фриком за руска салата?
Појадок една рака бадеми, немам ништо овошје дома. За ручек сакам ова да го јадам, ај кажете ми дали е добро.. празни се во натре
Многу е....... изеди 2,немој и трите погледни колкави кифли се.... Даа,јас ова често го практикував првиот пат кога ја почнав,ама сега практикувам повеќе пориродно оти има и грав и пченка и све на пазарот
Нутриционист не планирав сите, само ги сликнав да прашам дали е таман да јадам овакво нешто Многу ми се три..