AnchiS мора да продолжиш !!!! Утре имај овошен ден пак или па продолжиси со протеински , не се откажувај !!!! Јас вечерва издржав некако ама знам дека и јас ке згрешам некогаш , ама подобро една грешка или две отколку да се прејадувам секој ден и да не внимавам . До сега не се имам вагано а почнав и јас пред 4 дена со 73 кг , ке се вагам на 10 тиот ден ама убаво се чуствувам па ке видиме Со упорност до целта !!!! поздрав до сите напатени души како мене хахах
еден ден ми покажа помалце ...сега сум пак иста 80 кг во обем осекам намалување а мене првите 4 дена исто ми покажа -2 кг....ваљда ке се покаже тоа барам искуство некој да ми каже дали е можно одеднаш да ми покаже зошто осекам разлика и стварно ја држам за разика од порано!!
Првиот пат кога ја држев диетава, првата недела ослабев, 4кг, па наредните две недели стагнирав, и последната недела од месецот ослабев уште 4кг, па една недела стагнација, па пак уште 4кг, а сега последниов пат, две недели немав резултати воопшто на вага, а и плус секој ден вежбав по 30 мин на орибтрек, па уште 15 мин со тегчиња за рацете и градите, и стомачни правев, и во обем се осетив ослабена, најмногу си осетив по долниот веш и фармерките, ама затоа, после 2 недели секој ден симнував по 1 кг, така да не се откажувај, многу зависи до организмот, и тоа колку имаш за симнување.(имав другарки кои ја држеа диетава со мене, што се одприлика нормална тежина, и они ослабеа за еден месец само по 2-3кг) Така да немој да се откажуваш, сигурна сум дека ке имаш резултати и на вага подоцна
Имам и назад низ странициве пишано дека ја држам веќе 55 дена. Резултати и те како има. Вчера беа минус 12ипол, денеска се точно до грам -13 кила! Последниов период малце поспоро се симнуваат килограмите, ама сепак се симнуваат.
Прв ден Појадок: Црно кафе или чај (малку засладено) 1/2 грејпфрут 1 парче тост леб 1 супена лажица путер од кикиритки Ручек: 1/2 шоља туна 1 кришка тост кафе или чај (малку засладено) Вечера 100 грама варено не многу масно месо (било кое) 1 шоља варена боранија 1 шоља морков 1 шоља сладолед или крем од ванила 1 јаболка средна големина кафе или чај (малку засладена) или вода Втор ден : Појадок: Црно кафе или чај (малку засладено) 1 варено јајце 1 парче тост леб 1 банана Ручек: 1 шоља немасно сирење 1 кришка тост леб кафе или чај (малку засладено) или вода Вечера: 2 виршли 1/2 шоља моркови 1 шоља сладолед или крем од ванила Кафе или чај (малку засладен) или вода Трет ден Појадок: Црно кафе или чај (малку засладено) 50 грама сирење 1 кришка тост леб 1 јаболка Ручек: 1 тврдо варено јајце 1 кришка тост леб кафе или чај (малку засладено) Вечера: 1 шоља туна 1 шоља морков 1 шоља карфиол 1 шоља сезонско овошје 1/2 шоља сладолед од ванила кафе или шај (малку засладено) Замени во диетата "3 дена": Портокал наместо грејпфрут Туна наместо сирење и обратно Ладен јогурт наместо сладолед Боранија наместо брокула Карфиол наместо брокула Цвекло наместо морков.
Добро утро диеталци Вчера овошен ден ... една банана, две јаболки, една чинија јагоди и 50 гр. лешници и 50 гр. непечени, несолени бадеми. Денес протеински ден. Сега ќе ги кркнам двете јаболчиња, а за ручек имам една и пол печена кременадла со пипер и патлиџан место салата ... За вечера шопска со малку или воопшто месо
Мислам дека околу сите овие диети едно не е јасно, диетата не е којзнае што, тоа е само правлен начин на исхрана, внес на храна онака како што би требало сите да внесуваат, е сега во ригорозни ситуации кога е потребно да се намалат килограми тој внес се контролира. Не, јас не сум некој стручњак, едноставно ме интересира моето тело па си истражувам и дознав навистина интересни работи. Нашето тело има одвишок на масни наслаги и тие се тие од кои треба да се ослободиме, е сега што е решението, да се изгладуваме и да ја намалиме мускулната маса а салцето да си го зачуваме или пак да јадеме умерено, правилно и со одреден режим и продукти кои ќе ни помогнат во слабеењето како што се зеленчукови супи и овошје и притоа да слабееме правилно, односно да го намалиме салото на чија сметка ќе го зајакнеме мускулното ткиво. Имајте во обзир кога купувате месо дека едно парче од 2 килограми има големина отприлика колку една помла детска топка, додека 2 килограми сало има големина колку една средна патна торбичка, навистина е фрапантно но вистинито е. Е сега кој ми беше муабетот, при слабеење, не секогаш ќе почнеме да намалуваме килажа и да намалуваме сантими во обем подеднакво рамномерно, напротив, некогаш можеме да изгубиме и до 10 см во обем а во килограми да стагнираме, тоа особено се забележува кај погојасните луѓе, оние кои имаат значителна површина сало по телото, тие прво ќе намалат од обемот а потоа ќе започнат данамалуваат килограми. Затоа, мој совет, супа од целер, пашканат, магдонос и морков, грејпфрут и кралицата на сите напитоци Вода, се вистинските состојки за борба против килограмите, и секако оброци правилно распоредени во текот на денот, 3 оброка со 2 ужинки. Мене ми успеа, етаболизмот ми е на завидно ниво, килограмите се намалуваат, со тоа и обемот. Ви посакувам на сите среќа и се надевам дека ви помогнав со постот.
Вчера ми беше трет ден: Доручек: едно јаболко зелено од поголемите Ручек: Чиниа шпагети со кечап Вечера: Требаше сладолед ама јас изумиф сеа ми е мака, заборајф да јадам еј .. и ко ми текна во 22:00 си каснаф едно јаболче мало. Денес овошен ден Доручек: едно јаболче Ручек: Јаболко и Банана... Вечера: мислам дека ке каснам киви и сливи , а ако сум пак гладна јаболче ! Додека не видам дека сум ослабена да се приметува нема да се вагам!
AngelOfArh i Martina Ви благодарам ептен !!!Јас имам сало по нозете највеќе као да приметувам дека ми се топи целулитот и масните наслаги ептен ми помогнавте со постот ме утешивте !!овој пат ке идам три месеци ке ја држам обично се откажував вака на 20 ден ама сега НЕ!!ке ве известам кога ке симнам се надевам мноооогуууу кг!!!
Овошен ден денеска имам изедено само 3 јаболка и не чувствувам воопшто глад. Вода имам испиено литар и пол и уште толку сега пијам. Сок газиран пиев(пишува дека ако се пие сок да биде газиран демек помалку шеќери содржел од густите) и едно капуичино.
Во 3 циклуса еднаш и тоа на јаглехидратен ден дозволено е газиран сок по една лименка кока кола например,ама повеќе е штетно.Конзумирајте но умерено,оти газираниот сок е главен виновник за салото на стомакот како и индиректна поврзаност со кардиоваскуларните болести(хипертензијата)
Знам дека газираните сокови се многу штетни и гледам да ги избегнувам(а и долго време немав пиено)последниов месец со матури, гости, ова она и пропив и ете се случи денеска ама од утре нема повеќе. Инаку ќе ја следам темава ама оваа диета ја прекинувам со денешниов ден зошто јадев и сладолед и житарки со јогурт и ќе почнам друг построг режим(сама си го измислив и поради нискиот внес на калории сигурна сум дека ќе има резултати) Се состои од секојдневно конзумирање на поручек јаболко(или некое друго овошје) во пар како и во диетава и ручек салата и житарки со јогурт и измеѓу овошје и вечера е овошје. Многу вода и чај и вежбање.
Dechki, jas moram da pijam neshto dodeka jadam, e sega , znam deka vo dietava e zabranet alkohol, ama koga odev na nutricionist mi kazaa deka so hranata edinstveno neshto shto smee da se mesha e crveno vino, ni voda ne smee zoshto vodata se vrzuva so solta i taka se pravi celulit, shto mislite vie za toa?shto piete za vreme na obrocite?
Поминуваат деновиве, си поминува диетава.. Денеска јаглехидратен ден. За доручек измиксиран сок од две јаболки, за ручек ѓеврече и за вечера 2 витанови и едно чоколатце. А, да, и еден ред чоколадо за готвење. Утре овошен ден. Појма неам што ќе јадам. Т.е знам, ама не ми се јаде па цел ден овошје. Ај, ќе се истрпи некако. Зумбав денеска еден саат. Имам слаб нет, да ми се досимне торентот од Бразил бат лифт, ќе почнам и тоа да го практикувам дома, во склоп со диетава, за поголеми резултати.
Леле денес вежбав Бразил бат лифт, душава ми излезе се препотев ! Супер се тие вежби во комбинација со диетава. Иначе денес испив само кило вода, неможев повеќе
Исправно ти рекле... половина час пред јадење и 1 час по јадење вода не треба.После може секако...вино најдобро јаглехидратниот ден,тогаш може...ама сепак не е добра идеја зашо им пркоси на правилата на диетата.
Здраво феминки.Нова сум на форумов но ги следам темите,особено оваа за диети, па се решив и јас да ја почнам ун диетата гледам дека доста од вас споделија дека имала позитивни резултати. Мислам дека би можела да се придржувам до начинот на исхрана,како голем љубител на благото олеснителна околност ми е тоа што може да се конзумира од време на време. Е сега имам една макаобожавам вечерно кулирање. Не ми поминува недела без еднаш да си ги посетам омилените места за излегување, а некако уз тоа неминовна ми е и понекоја чашка алкохол. А како ли да џускам у Кала без бакарди кола?? Знам дека алкохолот содржи голем број на калории и затоа е строго забранет во секоја диета. Па сакав да ве прашам како се справувате вие со овој проблем? Што најчесто пиете кога сте излезени??
Буенос диассссс амигос диеталци . Досега имам изедено 1 портокал и сега штотуку си направив сок од 2 киви, 1 јаболко, пола банана и еден портокал. Чувството беше прајслејс кога го пробав!
Епа ај добар ден!!! Доручекот помина како и секогаш со две јаболчиња. Сега си варам кафе додека ручекот се крчка... рижото, многу го сакам. Дефинитивно нема да ти оди со диетава... Ја имам држено порано, кога шетав и тогаш пиев чиста вотка, а ако ми се погодеше овошен ден, ја комбинирав со цеден портокал. Е сега секако дека го забавува слабеењето, а дополнително ако си слабо јадена одма ќе те фати
Пак имам прашање. Бидејќи ми е овошен ден, дали смеам цел ден да конзумирам овошје и зеленчук, не само за ручек и вечера (туку и како ужинка)? Претходните денови растојанието меѓу оброците ми беше 4 саата, а сега после 2 саата ме фаќа криза.