Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

УН Диета

Дискусија во 'Диети' започната од mKdevojce, 7 јануари 2010.

  1. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498

    Можеш. :)
    Мене на овошен ден кога и да ми се пријаде нешто, си земам пример едно јаболко и гладта ми поминува.
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    Трет ден од УН диетата, денес малку јаготки за појадок, по едно парче вегетаријанска домашна пица (кечап, раст. кашкавал, младо кромитче и пиперка) и сладолед за вечера.
    Ментално и физички се спремаме за утрешниот овошен ден. :)

    Мајка ми сака во кафето да додава млеко, дали е дозволено?
    Јас не и' дозволувам, ама она не може да пие турско. :(

    Како што сфатив, за време на овошниот ден може да се јаде и зеленчук?
    :^)
    А супа?
     
  3. MartinaSim

    MartinaSim Активен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    13
    Мило ми е што ти помогна мојот одговор, и што на некој начин те мотивира, немој да се откажуваш, барем два месеци издржи ако неможеш три или барем дур не си ги добиеш посакуваните резултати но и после мора да си припазуваш, знам дека се здосадува постојано истото јадење, ама мора да си најдеме начин да си направиме јадењето да ни биде вкусно за јадење и колку што дозволува диетава поразлично, експериментирај со рецепти, нормално само многу пази да не ги мешаш протеините со скроб и јаглехидрати, јас веке се приметив дека и кога гледам некој рецепт на тв не размислувам веке "леле сеа на диета сум неможам ова да го јадам колку е вкусно", туку, самата си размислувам како да го искомбинирам и зготвам и да не ги измешам, а сепак да ми вкусно и да не ми е досадно, веке ми стана навика таквиот начин на готвење, знај дека има толку многу зеленчици кои можеш да ги зготвиш во комбинација со месо , воопшто да не ти ни текне веке дека ти фали компир и леб. исто и со скробниот ден, можеш да си правиш толку многу варијации на ориз, компир,грав доволно за 2 месеци секој пат коа ке си на тој ден да можеш различно да јадеш. Диетава се држи 3 месеци намерно за да може организмот да ти се навикне на таков начин на исхрана, за да продолжиш и после тоа да си го практикуваш, а од друга страна и да почнеш на таков начин да размислуваш, се е во навиките.
     
    На trtla му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MartinaSim

    MartinaSim Активен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    13
    супа ако јадеш , гледај да си ја направиш дома од зеленчук, купечките колку што имам гледано позади во состојките некои содржат скробни материи, во некои има и брашно, шекери и слично. Баш сега отидов до кујна да проверам на супа бистра од петел што содржи зашто таа единствено од готовите ми личи ко да би можело но немам моментално, но сепак провери си позади во состојките што пишува ако неможеш да си направиш домашна.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    За време на овошниот ден може да се јаде и зеленчук, затоа што ова е всушност витамински ден.
    Ако се јаде зеленчук, предност има свежиот, без додавање на зачини.
    За супата не сум баш сигурна дека може да се јаде на овошен ден. :?: Јас не би јадела.
    Што се однесува до кафето, не е дозволено млеко да се става, ама штом она не може да го пие чисто турско, тогаш нека си дозволи барем малку млекце. :)

    Инаку јас имам едно прашање. Мислам дека еднаш го имам поставено ама не се сеќавам точно што сте ми одговориле. Смеам ли да изедам една мала туна за протеински ден?
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MartinaSim

    MartinaSim Активен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    13
    Секако дека смееш, туната е месо:) јас си ја јадам во салата со марула и морков исецкан на мали коцки, лимонов сок/оцет и зејтин
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  7. lovelife

    lovelife Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.722
    Ајде..од утре и јас се придружувам во оваа група.Е не..па мора да се слабее бре лето иде :D
     
  8. nasmejse

    nasmejse Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    27
    Овошниот ден е овошен :D
    Шала на страна... најдобро е да успееш да го издржиш денот на овошје и вода, така најдобро се прочистува организмот, но доколку навистина неможеш тогаш комбинирај и со зеленчук, ама не мешај. Кога ќе почнеш со зеленчук не се враќај повторно на овошјето. Потруди се барем половина ден да издржиш на овошје, па после касни една салата. Звучи тешко, но всушност не е, ќе видиш. Дополнително во овошниот ден можеш да вклучиш до 100 гр. јаткасти производи (лешник, бадем, орев) кои доста заситуваат и евентуално некое сушено овошје (изобилува со шеќери, така да не претерувај).
    Поздрав и со лесно ;)
     
  9. DEBELUSKA

    DEBELUSKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2012
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    273
    јас некогаш си јадам туна во протеински ден..колку што знам дозволено е....бидеќи пред да ја јадам прашав овде на форумов...си земам поголема конзерва и си ја делам да си имам и за вечерата поззззз
     
  10. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    633
    Јас ја прекинав вчера.
    Ми здосади од тоа јајцата и варените моркови и грашок, а поготово од макароните.
    24 дена, 6 циклуси ја држев.
    Ослабнав 5 кг, а слободно можам да кажам дека премногу ригорозно ја држев :!:
    Сакам уште 3-5 кг минус да бидам.
    Планирам од понеделник да почнам со диетата на Жан Митрев, 2 циклуси, а после да продолжам со режимот на Ирена.
     
  11. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Коментарот на баба ми(лека и земја) само да ти кажам за диетата на жан митрев:
    -"Кој ненормален се најде да ја изнесе оваа диета во јавност,зарем е свесен народот со што се залажува,оваа диета не е за здрави лица,оваа диета е за лица со кардиваскуларни проблеми кои ПРЕД ОПЕРАЦИЈА треба да симнат над 10 килограми" ...
     
  12. trtla

    trtla Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2010
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    71
    Мартинка , душо овој пат цврсто решив да ја држам ко што треба па колку кг и да симнам не е битно битно мислам дека ќе има трајно решение и тие 90 дена после диетава одржавање , денес се мерев -3 кг сум 8) ...ајде веќе нека тргне !!целулитот полека се топи гел од бршлен и возење точак , и после модел ке станам зошто ми е желба од малечка :rofl: :D фала душо уште еднаш
     
  13. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Rainlover, не сакам да ти кршам филм, ама воопшто не ти ја препорачувам диетата на Жан Митрев, позната и како медицинска диета. Тие кила што ќе ги симнеш, ќе ги вратиш за многу брзо време, верувај.
    Јас си вратив пред 2 месеци 6 кила за 6 дена откако ја завршив диетата :worried:.
    Ти предложувам да продолжиш со Ун диетава, при што храната не дозволувај да ти биде толку монотона и да ти се здосади од тоа. Не мораш ти секој циклус на протеински да јадеш јајца варени или пак на јаглехидратен макарони. На протеински можеш печена риба, пример ослич со вегетичка, туна (туна салата со марула), батаци печени, пилешки стек на скара,шопска итн итн. За скробен варен или печен компир, ако правиш печен стави си и малце морковче, или пак спанаќ со ориз, ориз варен со вегета и доматен сос, грав чорба или тавче. За јаглехидратен имаш толку голем избор. Можеш шпагети со кечап, потпечени шпагети, кифла со крем или празна, вегетаријанска пица (со растителен кашкавал). Или пак купи си кифла некоја празна и стави ја на тостер потпечи ја малце, преубаво е така.

    Инаку јас освен тоа што ви набројав прееска, испив и сок од едно цвекло и 3 моркова. Чисто ради крвна слика.Го пиев со затнат нос :!:. После тоа одма бомбома лапнав да не го осетам мирисот. :D Не осеќам воопшто глад, мислам дека за денеска ми беше доволно. Утре за ручек планирам една туна мала со малце кромидче и неколку коцкички свежа зелена пиперка внатре. А ако има марули дома, ме мрзи сеа да видам, ќе си направам туна и марули салата. За вечера најверојатно повторно туна.
     
    На ludoto19, MartinaSim и Trendafilka им се допаѓа ова.
  14. MartinaSim

    MartinaSim Активен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    13
    Ајде со срека! :)))), и јас за 2 дена ви се придружувам, имам уште два дена да ја завршам "8кг за 8 дена", и продолжувам со оваа, и се навракам и на орибтрекот и стомачните :)

    п.с. кој гел од бршлен го користиш? знам дека има повеке, другарка ми користи некој во туба, и некако не е задовлна, а мене ми кажуваа за некој од времето уште, во пластично округло кутивче(многу ефтин) и многу помагал само не ми текнува од кој производител беше?
     
  15. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    915
    Девојки утре ви се прклучувам на диетава ја прекинав 8 кила за 8 дена за 6 дена ослабев 6 кила и сега сакам да ја одржувам килажата,а и уште некое кило да симнам.
     
  16. Melany.Macedonia

    Melany.Macedonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    67
    денес добро поминав...
    Доручек: јаболко
    Ручек: 2 јајца и салата
    Вечера: 1 јајце и салата

    Ајде бидете упорни,ние го можеме тоа!
     
  17. trtla

    trtla Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2010
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    71
    п.с. кој гел од бршлен го користиш? знам дека има повеке, другарка ми користи некој во туба, и некако не е задовлна, а мене ми кажуваа за некој од времето уште, во пластично округло кутивче(многу ефтин) и многу помагал само не ми текнува од кој производител беше?
    MartinaSim

    Не користам уште ама сега планирам да купам од алкалоид е мислам.Има рубрика на фемина за целулит таму девојките имаат еден тон предлози и искуства,
    Секако планирам теретана и точакот стандард 20-25 км дневно само времево малце да се опорави!!!
     
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    Денес - овошен ден, опремени сме со киви, портокали, јаготки и малку банани. :)
    Мајка ми купила сок од праска на Вива, се напивме по една чашка со кафето, и толку, доста ни е сокче :D атер што ни е прв овошен ден, инаку не би требало да пиеме таков тип на сокови, подобро домашно цедени и чаеви, нели?
    Полни се со шеќери купечките. :(
    Жената ми забушава, ама ја држам под контрола некако.
    :D
     
    На anabel-a и ludoto19 им се допаѓа ова.
  19. brownie

    brownie Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    49
    Каква е таа диета :D И стварно има резултати? И ако не е тајна ти колку кг. имаше пред и по диетата? :) Мене ми треба уште 3-4 да симнам :)
     
  20. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    И како што имам пишано погоре денеска за доручек изедов еден портокал.
    За ручек туна салата(марула, туна, малце кромидче, свежа лута пиперка, сок од лимон, сол).
    За вечера истото само у помала количина.
    Утре скробен ден. Планирам да јадам за ручек 2 варени компира(ќе ги испасирам и ќе додадам варен морков и малце варен грашак). Сето ова у комбинација со салата од зелка, морков и цвекло.
    За вечера 1 варен компир со салата.
    За јаглехидратен ден ќе јадам варени шпагети со кечап за ручек. И за вечере стандард 2 витанови, едно чоколатце и еден ред чоколадо за готвење.

    Вака ми е подобро кога однапред ќе испланирам што ќе јадам циклусот што е пред мене.
    Се случувало да заборавам дека нешто конкретно имам за јадење тој ден а тоа да го немам дома, па у последен момент да барам по продавници, да правам.

    Инаку, незнам дали сте ги видели рецептиве поставени од некоја членка мнооогу страни наназад низ темава. Заборавив од кого беа дадени како предлог, а сега да вртам стотици страни наназад неможам. :D
    Јас си ги сејвнав пред некое време, сега дури ми текна на нив. |(
    Еве ги, да не ви стане премногу монотона диетава.

    -Варено бело месо исецкано на коцки+свежа краставица на ситни коцки+диетален јогурт- излегува како салата, и е многу вкусно (можете во протеински ден);
    -изрендано јаболко со цимет+ малку суво грозје( за овошен ден);
    -соја шницли сварени, па запечени на фолија, во комбинација со домат и павлака нискокалорична(протеински ден);
    -варен компир со вегета и кечап,или може и исецкан на помали коцкички и на фолија да се пече без масло(скробен ден);
    -ориз со зеленчук и печурки запечен(скробен ден) ;
    -батачиња, кокошка, риба, се печено, без масло, а многу протеини;
    - сарми само со ориз (скробен ден), само со месо( протеински).
    Салати:
    - зелка+морков+цвекло+ лимон
    - домат+краставица+сирење рендадно+оригано+маслинка( одлична замена за вечера во протеински)
    - зелена салата+ варена пченка + кубети (одлична замена за скробен)
    - свежа краставица изрендана со диетален јогурт+ сол/бибер/лукче во прав за таратор( протеински)
    - цвекло