Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

УН Диета

Дискусија во 'Диети' започната од mKdevojce, 7 јануари 2010.

  1. volsebna

    volsebna Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    1.162
    Допаѓања:
    806
    Пол:
    Женски
    luge немојте да ја држите диетата на Жан Митрев, преопасна е за организмот, плус полна е со јајца, тоа е шок за организмот! со оваа диета се слабее бавно ама славно, јас ем не ја држев строго и ригорозно, ем си ослабев 7 кг за 2 месеца, и сите ми се чудеа како ... за онаа 8 кг за 8 дена незнам, скептик сум и несум ја држела, ма да може да даде резултат, но после тоа пак да се вратат килограмите... подобро држете си се до оваа диета, ослабнете си здраво... поздрав до сите диеталци
     
  2. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Добар ден драги мои диеталки! Јас решив и од денес ја почнав диетава, се надевам ќе ми тргне.

    ПРВ ДЕН - протеински
    За појадок: две јаболка;
    За ручек: динстано свинско месо со печурки (со многу малку зејтин), салата: марула и спанаќ, супа- не јадев (заборавив);
    За вечера: си оставив малку од месото и пак иста салата.

    Е сега знам дека свинското е многу калорично и треба да се избегнува, ама како за прв ден де, да не осетам многу глад од првиот ден - па да се откажам уште не почната :( . Следниот протеински ден ќе јадам 2 варени јајца за ручек и 1 јајце за вечера- па ќе ја исправам работава.
    Сакам да ве прашам нешто: може ли во салатите наместо оцет - сок од лимон? Некои салати ми се поубави со лимонов сок отколку со оцет (а и за крвта е подобро).
     
  3. Melany.Macedonia

    Melany.Macedonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    67
    Може, и поздраво е таа да се користи, оваа киселина шо ја користиме е само заострувач на вкусот и ништо повеќе, лимонот е покористен :)
     
  4. volsebna

    volsebna Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    1.162
    Допаѓања:
    806
    Пол:
    Женски
    може, ставај лимон или ако имаш наместо вински ставај јаболков оцет
     
  5. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Може но подобро јаболков оцет користи :D
     
  6. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Е ајде сега? Значи се‘едно е. Што ќе си посакам, тоа ќе си ставам во салатата :D . Јас мислев да не има проблем дека со лимон му доаѓа како да мешам овошје со ручекот или вечерата. Ама малку витамин Ц нема да штети.
    Во секој случај, денес ми беше прв ден и добро поминав! Јеееј! :)
     
  7. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Денес овошен ден...ама многу тешко да издржам неможам многу за учење имам и ми треба концентрација па црна чоколада една мора да кркнам и до вечерта јаткасти плодови
     
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    Денес, 5ти ден, јаболко за доручек, ручек - по една мала кифличка, две варени јајца, шопска салата и мала чаша јогурт.
    Ручеков денес е бајаги богат, од се' по малку, со оглед на тоа што месо не сакаме да јадеме. Го бојкотираме. Дури мислам дека и следниот протеински ден ќе јадеме попрво риба, неголи месо.
    За вечера половина од горенаведеното.

    Денес во кафето си дозволивме и малку млеко.
    Мислам дека е дозволено, штом одбравме јајца, автоматски можеме сиренце и млеко, нели? :wasntme:

    Одлично ни оди засега, да не се урочиме, и на двете, дури мајка ми јаде и помалку од мене, т.е. одбива да вечера како човек (наместо тоа, измислува криви дрини - де портокал лупи, де сакала една шолја мусли, а јас сум строго да се оди по списокот). :^)
    Јас не испуштам оброк. :D

    Се забележува разлика, посебно во деловите кај стомакот и спојлерите, каде што и ми е целта да симнам најмногу.
    Плус вртам орбитрек со ќеси замотана и шушкам како лудача некоја.

    И уште нешто важно, диетава е одлична за подобрување на метаболизмот.
    Сите кои имаат проблем со тврда столица, ќе го решат со овој начин на исхрана.
    :D
     
    На Dinnna му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Немој со ќеси,купи си најлонска фолија и ти препорачувам термо крема и се завиткаш и после облечеш нешто за да се испотиш и гајле немаш :D
     
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    Фолија ќе купам, ама термо крема?
    :^)
    Каква, каде, колку?


    И секако облекувам хеланки врз кесите, во иднина фолијата, иако вежбањето оди потешко, оди нормално се потам повеќе, како некое прасенце гревно.
    :D
     
  11. Dinnna

    Dinnna Популарен член

    Се зачлени на:
    19 мај 2012
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    423
    Пол:
    Женски
    и мене ова ме интересира за кремот , на форумот за целулит прашав никој не ми одговори
    Те молам нутриционист кажи ми каков е тој крем, дали е тоа антицелулитен крем ? ти благодарам :)
     
  12. Anabelle

    Anabelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    458

    Веројатно мисли на нешто вакво, и јас се мислам сеа дали да потрошам од џепарлакот на ова чудо :)
    http://www.medobil.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=32&Itemid=16
     
  13. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    ^
    И јас бев заинтересирана за термо кремата, ама кога видов од која фирма е скептик сум.
    Имам лоши искуства со производите на Медобил, особено со препаратите за слабеење. Ужас.
    Не би сакала да ризикувам и со кремава, макар што е обична антицелулитна на некој начин. А 500 денари не сакам да ги фрлам повторно во вода. Еднаш 2 000 лупнав за срање како ова. Ќе побарам во аптека некоја друга термо крема, па ќе видам што ќе биде.

    Што се однесува до диетава, денеска скробниов ден ми помина супер. Два варени компира (еден голем и еден помал) комбинирано со еден голем варен морков за ручек, со салата патлиџан и кромидче, за вечера исто 2 не толку големи компира со пола варено морковче и салата цвекло, зелка и морков рендани.
    Морав за вечера да јадам повторно 2 компира, ми требаше енергија за на зумба.

    А, Тредафилка, на кои делови ставаш фолија? :wasntme:
    Јас додека вртев на орбитрекот некад ставав на стомак, раце и бутови и ми паѓаше по 5 минути нон-стоп.
    Ама се потиш бааѓи :).
     
    На Anabelle и Trendafilka им се допаѓа ова.
  14. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    ^ Фолијата ја ставам на бутовите, односно колковите, некаде до колената и секако - на половината, ја виткам околу мешето и спојлерите. :$
    Од онаа самолепливата, тенка фолија за храна.
    Потоа облекувам хеланки, ама овие моиве се доста добар материјал, плус 3/4, нема шанси да мрдне.
    А после сум жива вода, директно под ладен туш, зашто реално не е добро да се седи непотребно со фолиите, сум читала дека многу од исфрлените материи и токсини преку потта, може повторно да се вратат во телото ако се зачмаеш така со нив да речеме.
    Задоволна сум и помалку шушка од кесите.
    :D

    А разгледав за термо кремата, сепак имам неколку начнати и недотрошени антицелулитни креми, да ги потрошам прво нив. Со нив се мачкам пред нанесување на фолијата. :)

    За утре се решивме да јадеме оривче со зелена салата.

    А дали супата може да се јаде секој ден , освен овошниот или само првиот ден? :?:
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.314
    Допаѓања:
    158.314
    ^ Ете пишав и на темата со целулитот,само ќе ве замолам овие допилнителни работи,пишувајте ги на соодветните теми за да не се губат низ темава,преферирајте да ја користите само за диетата.
    А конкретно за термо кремава,да ви кажам дека истиот ефект ќе го постигнете со паволвичева крема,а да не зборувам дека запотувањево со најлони нема,значи НЕМА никаков ефект. Не си ги трошете парите,купете си голема паволвичева. Битно е да е мрсно. Ако сакате ефект плус,додадете си цимет.
     
    На anuskaNESTLE, anabel-a и Trendafilka им се допаѓа ова.
  16. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Да,за овој прозивод мислам,мислам дека беше 260 денари ама не сум сигурен и не е само за целулит туку за место каде има масни наслаги највеќе(пример стомак кај мене) јас си зедов таква и веќе еднаш се намажав,инаку има и негативни реакции многу влакна растат па мора еднаш месечно стомак да депилирам!
    Значи постапката е таа: земаш втриваш измасируваш обвиткуваш со најлонска фолија,ставаш појас за стомак околу тоа мајца прилепена ако имате и дуксер и слушалки у уши и трчете.Најдобро е на топло кога има сонце да се трчи...кога ја симнувате пазете потта да не ви иде во гаќи( оти вам проблем може да ви напраи) мене буквално кога еднаш ја користев кога и да го симнував најлонот вода на земја ми се облеваше.И секако,ќе се истриете и после тоа повежбајте уште малцеее...
    Кога ја користев јас буквално ослабев околу стомак многу само со едно кутииче,тогаш сакав масните наслаги да ги тргнам мислам не ни имав ама сакав стомачните се повеќе во израс да дојдат.И да,немојте 40 минути. 30 највеќе држете ја.Има ефекти навистина,аам не држете многу долго оти ќе има контраефект и може да биде кобно за бубрезите.Ако осетите студ веднаш симнувајте ја.Значи втриваш,лепиш најлон,појас,мајца дуксер трчиш 30 минути симнуваш фолија ја истриваш потта и трчиш пак уште 10 минути по интензивно после дома туш и како нови ...
     
  17. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    И да се вратиме на темата :!: :

    Втор ден - скробен:

    појадок: 2 јаболка;
    ручек: ориз со цимет и салата од зелка и цвекло;
    вечера: ориз со зеленчук и салата од зелка и краставица (не знам дали вечерата беше пола од ручекот, со оглед на тоа дека многу бев гладна, ама удрив повеќе на салатата - така што не се важи ;) )

    Физичка активност: никаква :( Се надевам утре ако биде времето како денес - се враќам на пешачењето.

    патем, јас си купив „гумени хеланки“ од Танана, ги има по аптеките. Едноставно, ги облекуваш- потиш, соблекуваш - переш (со вода само, не мора прашоци) и утре пак исто :) Инаку и јас приметив дека „водата“ што излегува од нас кога сме замотани во најлон, фолија, гумени хеланки.. е само кондензација на испарувањето од кожата кое се добива при физичката активност. Сепак, се надевам дека хеланкиве (или фолијата) помагаат за подигнување на температурата на кожата и телото на тоа место, а со тоа се зголемува испарувањето на потта и токсините.
     
  18. Melany.Macedonia

    Melany.Macedonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    67
    Денес седми ден
    Доручек: јаболко
    Ручек: Макарони со кечап една чиниа
    Вечера; три топки сладолед :)

    Некако многу лесно ми поминуват диеталниве денови, воопшто не чуствувам глад :)
     
  19. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051

    ммммм... јас утре ќе го имам твоево мени :) Со душа го чекам сладоледот :$
     
    На Melany.Macedonia му/ѝ се допаѓа ова.
  20. volsebna

    volsebna Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    1.162
    Допаѓања:
    806
    Пол:
    Женски
    i jas gi imam helankite од танана, и многу се добри, приметив дека од нив се намалува целулитот, и се облекуваат задолжително врз памучни хеланки, значи прво хеланки, па гумените од танана, па пошироки тренерки, па на трчање... и кога ке ги соблечете танана хеланките памучните се утопени од пот... и мислам дека тоа е поефикасно и поздраво од фолијата, бидејки со фолијата потта оди директно на телото, а со овие хеланки се впива во памучните...