Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

УН Диета

Дискусија во 'Диети' започната од mKdevojce, 7 јануари 2010.

  1. fensy

    fensy Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2010
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    10
    И конечно по година дена да и се вратам на диетава.Од утре почнувам !!! Уште сега си спремив појадок за утре и зелен чај ме чекаат во фрижидер.Па да ослабниме уште малку,лето се ближи бааги се поправивме
     
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.677
    Допаѓања:
    104.663
    Пол:
    Женски
    Каква глупост, ве молам, размислете пред да кажете нешто бе девојќи. Зарем памучните хеланки не се продорни, зар низ нив не може да продре потта. Како прво, никакви токсини не се враќаат преку кожата, потта не се враќа назад, единствено можете осип да добиете ако имате нежна кожа. Никад досега не сум чула да се облекуваат хеланките танана врз памучни али ајде секој различно. Пред некој пост повторно прочитав нешто слично, ако не се соблечеш што си испотил ќе ти се врати назад, хахахаха, не ми се верува, размислете пред да напишете нешто. А ете и ја отидов Офф а сакав да кажам дека претеруваме со Офф муабетиве, целулит и потење не иде уз УН диетата мислам, си имаме и тема и све, да не ја претеруваме а?
     
  3. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Ајде прочитај на пакувањето од Танана хеланките ;)
    Поздрав!
    п.с. Извинете за Off topic.
     
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.677
    Допаѓања:
    104.663
    Пол:
    Женски
    Душичке, на форумов со никого се немам спречкано па не ни сакам, реков не сум чула, можно и е и штом ти ги имаш ете пишува и така е, мојот коментар беше за враќањето на токсините и потта назад ;)
    Што се однесува до диетава, ме интресира оние кои ја држат како се справуваат со водата, пиете вода доволно, има некакви ограничувања или? Ова ме интересира чисто од аспект да споредам со мојов режим, да знам до кај сум ја со исхранава. Инаку ја пијам по 3-4 литра вода на ден, резултатите се фантастични, голем дел од правилата на оваа диета ги почитувам, но не се држам строго до неа, не можам да направа таква строга поделба на исхрана по денови и слично. Читам одлични резултати, баш ми е мило ;)
     
    На DEBELUSKA му/ѝ се допаѓа ова.
  5. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Денеска скробен ден. И повторно заборавив да доручкувам :doh:. Ова не е воопшто добро...
    За ручек сега само што изедов една чинија макарони варени со кечап. За вечера или сладолед или витанова :).
    п,с На вагата ми покажува уште едно кило минус. И сега кога ќе израчунам од почетокот на диетава до ден денеска, имам симнато се' на се' 15-тина кила. Незнам.. некако не ми е верно, у шок сум :D.
    Вие девојки како напредувате?
     
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    Јас го напишав тоа, и вчера за жал ми се случи, во смисла дека ако после вежбањето си се оптегнеш да одмориш, или продолжиш со други вежби, не е баш најздраво, конкретно затоа што потта од половината постојано се слева надолу и удира директно врз бубрезите.
    Мене буквално ме пресекоа после вежбањето, ќе мора да измислам нешто друго, :( или едноставно - да не мотам фолија позади, само на предните делови и бутовите.

    И се извинувам ако одиме премногу офф топик, мајке му, се' е врзано за диетата и слабеење, треба ли посебно да посетам 4 различни теми, за целулит, за вежбање на орбитрек, за симнување спојлер и перничиња и за диетава, за да се искажеме?
    Сфаќам дека се сака ред и прегледност на форумов, ама не гледам дека нешто посебно прекршуваме од правилата.

    Како и да е, денес јадевме ориз со салата - домат, краставица и кромитче.
    За вечера - половина од количината ориз и нова салата.

    Никој не ми одговори дали може супа да се јаде и овие два денови, или само првиот - протеинскиот?
    :?:
     
  7. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    ^Само во протеински ден смее супата. :)
    Нормално, нели без резанци.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Денес ми е трет ден:

    појадок: 2 јаболка;
    ручек: чинија шпагети со кечап (чудно: никогаш не ми било убаво да јадам шпагети со кечап, но денес ептен ми се допадна :lol: ) и голема чинија салата од зелка;
    вечера: мммм :mm: планирам да јадам 3 или 4 топчиња сладолед и еден ред темно чоколадо: Алпико. - едвај чекам :D
     
  9. fashionista

    fashionista Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    153
    Јас од вчера си почнав!
    Вчера јадев за доручек 2 јаболки, ручек пилешко и салата, супа, вечера домат со парче сирење и маслиново масло и оригано.(ова последново мераци)
    Денес
    доручек: јаболко и белка од јајце знам дека не треба да се меша ама моиве јаболки, ги снема
    ручек: ориз со зелка салата и супа од зелнчук, вечера ориз и едно кафе морав да пијам.
     
  10. Dinnna

    Dinnna Популарен член

    Се зачлени на:
    19 мај 2012
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    423
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите
    Успешен 9 ти ден со УН диетата и да се пофалам почнав со 73 кг а денес имам 68 кг !!!!!!!!!!!!!!!!!! :rock: :rock: :rock: :rock: и во обем имам намалено
    многу сум срекна ке полетам од срека :D
    до сега никогаш не сум слабеела вака , сакам да кажам не сум гладна јадам а слабеам .
    Диетава е супер и на сите им ја препорачувам , метаболизмот ми се подобри и одлично се чувствувам

    инаку денес скробен ден и си направив палента ммммммм многу беше вкусна :P
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Melany.Macedonia

    Melany.Macedonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    67
    Не е можно жими се, 8 дена на диета ни едно кило помалце не покажува , ем си кратам од јадењето од диетава ем вежбам , нешо не е во ред со мене, или вагата не ми е саглам ;(
     
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    Можеби е рано. :)
    Не се откажувај, ние по дома утре правиме една недела точно, и не сум се качила на вага, не сакам да се демотивирам, а искрено и не е важно, важно е убаво да се чувствуваш.
    Очекувам забележителни резултати накај третата недела, верувај од искуство - што побавно слабеење, тоа подобро и поздраво.
    Мој совет е да не се нервираш и да не ја прекинуваш диетата.
    :)
     
  13. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    ^^Не е ни до тебе, ниту до вагата! :D
    Туку таква си е природата на диетата. Во првите две недели можно е да не дојде до намалување на килажата, ама затоа после ослабнуваш нагло 5,6 кила.

    Него јас изедов наместо еден ред чоколадо за готвење, два реда. И две витанови. Ништо друго.
    Ми падна многу тешко и тужно некако. Незнам зашто така, досега ми се нема случено вакво нешто. :worried:
     
  14. Dinnna

    Dinnna Популарен член

    Се зачлени на:
    19 мај 2012
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    423
    Пол:
    Женски
    не се разочарувај , различно реагира секој организам .
    Еден совет од мене пиј течности повеке , мене лично мислам дека тоа многу ми помага
    покрај диетава , дневно пијам 1,5 лит вода . литар зелен чај (разреден не јак ) и чај од коприва .
    Мислам како Анабела ако не слабееш од почеток нагло ке симнеш 5/6 кг третата недела
    Срекно и не се разочарувај ;)
     
  15. Melany.Macedonia

    Melany.Macedonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    67
    Пијам по 2 литри вода во денот, и сега само ми се оди во вц :lol: ... а кога ќе ги облечам фармерките големи ми се, ако ги носам без ремен свршив работа :D а и со ременот ги кревам на секое ако се движам подолго време и сега за научилиште почнав само тренерки да носам :lol: ...а вагата цело време покажува 85... многу се разочарав очекував бар едно кило ако не др.. ама тоа е
    И ОД ИНАЕТ НЕ СЕ ОТКАЖУВАМ! си ветив дека ќе ја држам до крај и нема да си го прекршам ветувањето додека не стигнам до 65 :$ ! За матурата в година мора да сум совршена како што си иамм замислено! :*
    Фала ви на поддршката, иначе менито за денес:
    Доручек: 1 јаболко
    Ручек: ! јаболко, 1 банана
    Вечера: 1 јаболко , и 1 банана...
     
  16. nasmejse

    nasmejse Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    27
    Ќе прегладнеш вака... многу малку овошје е ова :(
     
  17. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Денеска овошен ден(60). Уште точно еден месец ми останува до крајот. Јухуууу :smoke:
    Сабајле изедов 2 портокала пред да одам во школо, а сега кога се вратив направив сок од 3 портокала и една кива. За до после уште два портокала ми се предвидени и една банана вечерта кај 7 саат.
    Толку за денеска. :)

    Утре протеински ден.
    Ќе го правам рецептот што го имам запишано неколку страни наназад.
    Соја шницли прво ќе ги сварам , па после ќе ги ставам на фолија во рерна да се потпечат. И после ќе ги јадам со нискокалорична павлака и салата од зелка, цвекло, морков и малце лимонче ќе стиснам.
    За вечера истото само без павлаката. Значи само соја шницлите со салатка некоја. Најверојатно со истата како и за ручек. :)
     
  18. fashionista

    fashionista Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    153
    Трет ден од мојава диета, сабајле јадев 2 јаболки, ѓеврек и кифличка, сега сакам да прашам со што можам да ги јадам кифличките, може ли сирење?? и може ли салата да јадам денес пр домати?
     
  19. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Не може со сирење. Можеш пример да изедеш една кифла со крем.
    А како тоа сабајле си јадела јаболки ѓеврек и кифличка?! За доручек треба само овошје.
    Нешто не ми штима со твојов распоред :?:.
     
  20. fashionista

    fashionista Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    153
    Не си ме сватила ова ми беше ручек ѓеврекот и кифличката :)