Иако ја прекршив диетава поради прослави и матурски , утредента секогаш бев на овошје и сега сум 27 ден и околу -5 кг и плус воден ден треба да држам !!!!пресреќна сум почна да се намалува !!ако паднам у стагнација планирам вака вториот месец со јаболков оцет од сабајле и третиот месец турбо УН !!!
Кифличките најдобро со Кечап јади ги.Во јаглехидратен ден не одговара салата,додека пак сирење уште толку.
7ми ден од диетата, денес богами убав беше денот, портокал и кафе за појадок, вегетаријанска пица за ручек и две парчиња домашен колач за вечера. Охохохо, меше полно, насмевка од уво до уво, сфаќам дека овој ден е вака скроен, за да ментално и физички те мотивираат за утрешниот - овошен. Почнуваат да се забележуваат првите резултати, би рекла дека 1 кг сигурно се см'кнал, ама да не си ја урочувам диетата... ќе се качам на вага после 4 циклуси, односно на 16тиот ден. За овошниот ден имаме стандардно киви, јаболка, банани, јаготки и по една чаша сок си дозволуваме со кафето. Се обидувам да вечерам до 20 часот, односно да не јадам подоцна. Некако поубаво се чувствувам така.
Еве ме мене повторно. Нели ја завршив диетава и као ке ја продолжувам ама што да правам некако се ми се јадеше незнам зошто ме фати таква криза. Ослабнав што ослабнав 16 кг,т.е од 75 на 59 и јадев како ненормална благо и такви работи и тоа во кое време си сакам и сега сум 63,7 се мерев попладнево на полн стомак. И сакам пак да почнам да ја држам диетава ама неможам се ај од утре ај од утре.. И сега сакам навистина ОД УТРЕ да почнам но страв ми е пак да не се залажам и пак утре да не си јадам.. Ве молам помогнете ми,дајте ми мотивација затоа што МНОГУ сум разочарана.. Толку бев цврст карактер и никогаш немав прекршено и сега почнав да забушавам кога летото доаѓа. Благодарам,поздрав диеталци
brownie, ок е, не се демотивирај, не си качила многу, нецели 4 кг, ќе ги симнеш за брзо време, единствено е лошо што на организмот му правиме такви шокови со - нејадење па претерано многу јадење. Јас мојот си го жалам токму поради тие причини, се плашам дека некој ден ќе ме акнат на лошо моите лоши навики. Но, не се откажувај, не си изгубила премногу контрола, што е тука е, почни си од утре со режим, и ќе дојдеш наскоро во нормала. Не е као да си качила 10 кг. Почни си од утре како да не било ништо, за 2-3 недели најмногу ќе си повторно во ред. Сигурна сум. А за колку време ги симна тие 16 ?
немој да се разочаруваш...ефект ке имас после 10 дена или две недели...мене така ми беше..и јас се плашев дека нема ефект...не се секирај после тие денови одма ке скинеш 4 кила поззз
Си пиела вода,си јадела многу као шо велиш, пардон за ова ама сигурно дебелото црево ти било полн со фецес и згора на се си се измерила?? измери се наутро штом станеш откако ќе се измочаш не пиј вода да видиш оти ќе ти покаже оти само 2 килограми си се поправила.
Извинете, да прашам нешто: третиот ден (јаглехидратниот) не се јаде салата? Така некако прочитав во некој пост од Nutricionist. Ве молам кажете ми, јас јадев шпагети со кечап и салата. Не треба ли? Благодарам.
Фала, сега видов. Не знам зошто мислев дека секој ден, освен овошниот има и салата . Сум згрешила значи. Нејсе. Денес ми беше 4 ден - овошен: појадок: 2 јаболка; ручек: две помали јаболка и 3 киви; два часа потоа многу ми се јадеше- каснав 1-2 парченца свеж ананас, уште два часа подоцна каснав 4-5 мали кајсии; вечера: 3 помали портокали. И толку. Едвај издржав некако. Плус - пешачев околу 1час.
Денеска 9 ден добро поминав Доручек: заборавив прв пат досега, се надевам и последен Ручек: 2 јајца варени, си направив и салата од краставица ама грозна ми беше и не ја изедов Вечера: 1 јајце и 1 домат... после вечерата пак осетив глад и тоа многу ми свиреа цревата, неќев ништо да јадам ама немав сила да вежбам и зедов една банана, се надевам дека не згрешив
И јас мислам дека истот ќе ме снајде ... при крај сум со диетава и веќе почнувам да кризирам. Ќе мора и јас да ја продолжам одма инаку се ќе си вратам. Не се сеќавам кој имаше постирано како треба да се продолжи по диетава ... ќе се обидам да најдам па може така да продолжам. Не се секирај ... мора малку да се опуштиш, ама доста е! Ајде сега пак на режим
A зашто си се мерела на полн стомак? инаку ун диетата ти е за промена на метабилизам, ти вика, после 3 месеца, кога ќе почнеш нормално да си јадеш, требA уште 2-3 килца да симнеш, поради промената на метаболизамот, мене ова ми се има случено, со друга диета Cи јадев нормално кога ја прекинав, ама уште слабеев. и никогаш не се мери на полн стомак, само сабајле кога си празна после мочање по гаќи
Хооола амигос диеталци . Денеска протеински ден(61). Сега само што ручав 2 соини шницли со павлака(10% масленост) и 2 патлиџана со солца само. Вечер истото. За утре скробен ден не знам што да јадам. Се мислам помеѓу компири исецкани на помали коцкички испечени на фолија без масло или пак ориз со печурки и зеленчук. Ама изгледа второто ќе биде. Инаку јас воден ден нема да држам за време на диетава. Со оглед на тоа дека практикувам физичка активност, плус диетава ми трае до крајот на јуни, a од 10ти јуни планирам покрај зумбата да вежбам и бразил бат лифт, така да.. Ептен хард кор ќе ми биде.
и мене ми беше многу страв кога ја завшив диетата да не се поправам... и не ми се јадеше секое утро овошје, ми здосади, сакав веќе нормален доручек , а пишува дека после завршувањето на диетата треба уште 3 месеци да се јаде за појадок овошје, а друго нормално, и се губат уште некулку килограми, а потоа треба уште 3 месеци нормално се да се јаде, па дури потоа може повторно да се започне диетата, и првите 2 недели јадев се, и качив 1-2 кила, но потоа почнав да јадам секој ден по 1 цитрон, и да пијам зелен чај, по 2 шолји,и да не вечерам после 20 часот... и да јадам помалце, понекогаш за појадок јадам овошје, но не секогаш... и сега за сега добро ми оди, не сум поправена, се држам околу 54, кг, а веке2 месеца не ја држам диетата
Здраво згодни, ослабнати и во фаза на слабеење диеталици !!! Денес овошен ден и до сега смачкав 3 портокала ! Добро е сега за сега , кризите почнуваат во 20 часот Едно прашање во врска со водниот ден , не разбрав убаво кога треба да се држи после колку дена од диетата ? и дали може и чај или цеден сок ? Дали сите го приментувате овој воден ден ?
Ако те фаќа криза грицкај зеленчук без сол без ништо на пример краставица , целер или домат ако си во ден каде е дозволено зеленчук .
Здраво Диннна, воден ден се држи после 28 дена односно 28иот ден, дозволено е за време на водниот ден да се пие чај, лимонада и цеден сок па дури мислам и кафе без шеќер. п.с ја денеска су со зелен чај и нане, едно изрендано јаболко со малку лимон. Едно нескафе 3 во 1 без шеќер, 2 рендани јаболка сосе лушпа, две лажици јогурт и млку кафеав шеќер и една чаша вода и чј од шипка, друго ништо. Сега си варам зелен чај со нане и после за ужина имам јаболко, ја терам јаболковава диета и се надевам на резултати, демек за 3ри дена минус 2,5 кг.