Не несмее цеден сок и лимонада... Тој ден си е стрикно за ВОДА! Покрај водата можеш незасладен чај и кафе пошо немаат ништо калории.Финтата е тој ден да внесеш 0 калории за да се прочистиш од цел месец претходно...
Леле денеска на болница завршив, имав многу грчеви во стомакот и ми рекоа дека цревата од не јадење почнале да ми се лепат ... морав дома да ја прекршам диетата и каснав и малце леб, незнам дали да продолжам, на лекар ми рекоа во никој случај да не продолжам, ама да внимавам пак на јадењето ама да не се донесам до изгладнување, мака ми е цел ден и плачам зошто сакам да ослабам!
^ Melany.Macedonia, многу ми е жал што ти се случило тоа. Јас мислам дека треба да ја прекинеш диетава, но немој нагло многу да јадеш, пак ќе имаш проблем. Девојки, ве читам некое време и сметам дека премалку јадете . Што е тоа едно јајце и еден патлиџан? Јадете мешана салата со јајцето, и тоа полна чинија! Не претерувајте! Денес ден 5 - протеински: појадок: 2 јаболка; ручек: 2 варени јајца и ПОЛНА чинија салата од зелка и цвекло, малку супа; вечера: 1 варено јајце, малку сирење, и ЦЕЛА чинија шопска салата. Физичка активност - ништо. п.с. по 4 дена јас сум -1кг. Туку ај да не се радувам пред време. Поздрав!
Аман бе девојче , искрено се чудам . Ако е толку лошо прекинија . Ама ако си ја држела построго од што треба епа тоа е причината за грчевите , сепак треба да се јаде тоа што е на мени во денот . Јас некогаш и повеке јадам ако ми е тешко , на пример салата . Не се обесхрабрувај и разочарувај , размисли што е најдобро за тебе . Јас си јадам се што е дозволено и воопшто не чувствувам глад , мислам диетава има толку многу за јадење што во ниту една друга нема да најдеме
Eпа ќе се придржувам на некој начин на диетава, нема да јадам мрсно и да мешам се и сешто и во мали количини и ќе вежбам, кога ќе ми се привикне организмот на помалце ќе ви се придружам пак, ова втор пат ми се случува, и предходно со една др диета имам вака завршено.. иначе го јадев точно она што го пишува во диетава, само тука пишува и леб, а јас не го јадев... а денеска не бев јадена од 12 до 9 вечер бидејќи бев на училиште.. страшни болки беа, ама јас претерав, многу вежбав, би рекла и премногу заради мојава желба да ослабам, и диетава е поригорозна и организмот се ми трошел и си барал уште... многу ми е криво, секогаш кога ќе осетите глад, не го занемарувајте тоа, каснете овошје, зеленчук било што само немојте да се доведите во ситуација како мојава
И јас ви се придружувам од денес, имам 10 килца да симнам па ќе видеме што ќе испадне . Инаку сакав да прашам пошто мене ми е малку пореметено спиењето. Може ли на пример ручекот да ми биде накај 17.00,18.00 часот попладне? Исто и вечерата да ми е малку покасно со оглед на тоа што си легнувам доста касно.
Чудно како од оваа диета,нејадење да осетиш.Нели постови постови поназади сум кажал дека патлиџан да апнеш е добро,затоа што нели вели дека за ручек треба салата...значи и вода не си пиела доволно штом ти се залепиле! За да не осетуваш глад и за да се лачи плунка која има удел во перисталтикатата на цревата,најдобро е мастики да џвакаш без шеќер!
Денеска скробен ден. (62 најверојатно) За доручек еден портокал. За ручек ориз печен, без претходни пржења, со зеленчук и печурки. Уз ова салата патлиџан со кромидче, краставичка, пиперка. BlackSwan, епа ај нека ти е со лесно. Ќе се дружиме периодов што следи . Иначе Мелани, многу ми е жал заради тоа што ти се случило. Само не ми е јасно како уопште дошло до тоа. Диетава не е премногу строга, си има јадење, не викам не. Или ти си јадела толку минимално што предизвикало компликации. Тоа ти било огромна грешка, за жал. Што било, било, немој да си дозволиш ова да ти се случи некој нареден пат. Јас би ти препорачала малце да стагнираш, пример една недела додека организмот малце ти се смири и дојде во нормала, и да продолжиш со диетава, при што ќе јадеш многу салата, оброците ќе си ги зголемиш и ќе пиеш минимум литро вода дневно ако не можеш повеќе. Немој во никој случај да си играла на истите карти ако ја почнуваш повторно диетава!
Поминавме два циклуси од по 4 денови, денес е 9тиот ден. Портокал и кафе без шеќер за појадок. За ручек имавме летна манџа - кромид, пиперки и патлиџани пржени на маслиново масло и додадовме некоја коцка варено пилешко мевце. Многу убаво ни се погоди со салата од краставица (иако ова нема често да го дозволуваме, сепак зеленчукот е подобро да се консумира сиров, отколку пржен, ама добро, останавме во границите на менито). За вечера - половина од летнава манџа со нова зелена салата. Вчера за среќа супер го издржавме овошниот ден. Два портокали, потоа мавнавме овошна салата од киви, јаболко и јагоди, а вечерта по една чаша компот од вишни. Јас се ограничувам на две кафиња на ден, на мајка ми и оди потешко - мава накај 4 дневно, што верувам ќе се смени, зашто ја убедувам дека кофеинот го отежнува слабеењето. Се чувствувам ослабено и полесно, но не сум се измерила. После 4тиот циклус тоа.
Ај биди friend па кажи ми соини шницли како спремаш сакам и јас ама не знам да ги правам а ни мајка ми !!!позз
Денес ми е 6-ти ден Скробен ден: појадок: два портокала; ручек: грав и салата од зелка; вечера: планирам помалку грав и повторно салата од зелка. Денес можеби ќе пешачам
Ги вариш во вода со вегета 20 минути, ги вадиш малце ги стискаш нели да не бидат ептен водени и ги ставаш на фолија во рерна да се печат без ништо друго да додаваш. Времето за печење варира, зависно кога се готови. Ептен едноставно, а вкусно .
Ајде Brownie, со тебе сме. Само гледај јади си повеќе здрава храна, немој минимално да јадеш од истата. Јас утре јаглехидратен ден сум. Е сега имам една голема дилема. Ќе правам вегетаријанска пица со домати, тиквици, 2,3 маслинки, оригано, кечап, растителен кашкавал и се мислам дали да ставам печурки. И претходно имам прашано за печуркиве во што спаѓаат и ми рековте дека се неутрална храна. И јас нема да бидам јас, ако не го пребарам цел можен гугл. Пишува дека изобилуваат со протеини и се одлична замена за месото. А денеска во оризот ставив и печурки . Плус и минатиот пат кога правев вегетаријанска пица, и тогаш ставив печурки. И сега што да правам? И конечно печуркиве имаат протеини или ? Ух, готово целата сум у прашалници сега и испобунета..
Не ставај печурки не спаѓаат во јаглехидратна храна, нив комбинирај ги во протеинскиот ден. Ако сакаш да ја збогатиш пицата можеш да ставиш и кромид или пиперки, а исто сум видела и дека ставаат зрна пченка. Користи и зачини за поинтересен вкус. Босилок многу добро оди во пица. Нема шанси да е лошо, иако и твојата комбинација без печурки е сосема доволна
Луѓенца абе да не се заречам ама ептен лесно оди диетата, барем првиот ден Од сабајле сум само на овошје и за ручек што изедов печен стек и салата и сум најадена. Сега за вечера не ми се ни јаде па нема да јадам. Леб јас воопшто не комбинирам, затоа што го исфрлив потполно од исхраната. Исто и супата не си ја дојадов, никаков апетит да се немало . Не знам што ми се случува. Инаку имам едно прашање за јаглехидратниот ден. Топки сладолед или парче торта задолжително ли е да се јаде? Оти малку ми нема смисла, сепак тоа е бааги калорично.
Па не мора ти стриктно торта да јадеш или сладолед. Јас на јаглехидртен ден, за вечера многу често јадам по 2 витанови. И токму поради фактот дека на тој ден се јадат и тестенини и благо, наредниот ден е овошен, организмот да се прочисти.
Може печурки во секој ден,затоа што малце повеќе содржат јаглехидрати т.е скроб одошто протеини ама тој сооднос им е близок и варира исто како и млекото пример 2,3 гр протеини 3,2 јалгехидрати 1 гр масти исто е и кај нив,јас ги јадам највеќе на скробен ден!