Денеска јаглехидратен ден. Доручкував 2 праски, ручав вегетаријанска пица со кечап, растителен кашкавал едно парче, 2 маслинки, тек таму резанки кромидче и пиперка, тиквица и патлиџан. Печурки не ставив. Тестото беше купечко, сигурно знаете оние тестата за пица од продавница колкави се. Е сега јас пола пица изедов за ручек, а пола за вечера ќе оставам. Благичко вечер нема да јадам. Може така, нели? Утре овошен ден, едвај чекам. Од следиот циклус ќе почнам да ги намалувам оброците. И малце посторого.
10 ден. Портокал и кафе за појадок. Златна мешавина и салата од зелка за ручек. За вечера половина од количината на мешавината и повторно зелена салата (некако не ми оди патлиџан со оваа комбинација). Инаку не целипдлачиме дотолку по дома. Внимаваме, ама мајка ми пример денес има смена од 12 часа на работа, си направи и ориз и златна мешавина. Ми вика - да ја истребиме ли пченката од мешавината? Викам жено не се будали, уживај. А и во вегетаријанската пица пред некој ден имаше неколку печурчиња, ни на крај памет не си ставив дека е некој проблем. Одлично ни оди и не се брзаме никаде.
Луѓе, ми требате како никогаш досега! Денеска мислам дека кикснав од диетава. Едноставно попуштив..Пола пица изедов за вечера, плус после тоа 2 витанови, па еден колач, па уште една тортичка мала. И сега изедов цела чинија цреши. Се мислам дали да направам една недела пауза од диетава, и од овој петок што следи, да ја почнам од ново. И да ја држам повторно 90 дена. Затоа што ми завршува некаде 20-ти јуни, и после тоа не знам што ќе правам. Страв ми е многу да не се изгубам и почнам повторно да јадам. Вака барем ќе си бидам на режимов. Што мислите вие?
Да ме послушаш мене, утре ќе си продолжиш со денот кој си следува. И во книгата за УН диета си го пишува истото. - http://www.moja-dijeta.com.hr/un-dijeta/
^ Мерлинке, и ќе те послушам да знаеш. И уште нешто да прашам.. Диетава ми завршува таму кај 20-ти јуни. Е сега, ништо страшно ако си ја продолжам уште 3 месеци без пауза? Многу ми е страв да не потклекнам пак на јадење. Ах. Ако треба цел живот на диети ќе бидам!!!
Ако ослабе значајно од диетава, редно е да направиш пауза. 30 дена се паузира, нели? Штом си била еднаш на диета, знаеш дека е тешко, но крајната цел е доволно мотивирачка за да се истрпи. Затоа, сметај дека си на диета и однесувај се пристојно.
3 месеци мораш пауза и за време на тие 3 месеци ќе јадеш овошје за доручек и ќе симнеш уште 2-3 килограми ако си на здрава исхрана како резултат на промена на метаболизмот! Значи некои совети откако ќе завршиш: 1.Секогаш доручкувај овошје! 2.Ручекот нека ти биде најчесто протеински или скробен 3.Вечерај секогаш салата и можеш да се почестиш чаша јогурт(баланс) најдобро 4.Јади и благи работи ама умерено и тоа помеѓу доручек и ручек 5.Никогаш во ручек не мешај протеин и јаглехидрат 6.Меѓуоброк слободно можеш овошје 7.Пиј наутро вода со лимон во неа 8.Пиј вода барем 2 литри на ден 9.Зголеми го вежбањето за 30 % .......тоа се воглавно советите! ...аа и да,гледај обавезно еднаш неделно да ти биде овошен ден или пак секој петти ден! Користи повеќе лук и кромид во исхраната и секоја вечер најдобро е да јадеш по 2 лажици варена пченица! Ако ми текнат некои други совети,ќе ти пишувам
здраво диеталки јас конечно ја заврсив диетава денеска ми беше последен ден овошен.....незнам колку сум во минус....ама од последното меренје -10 кила.....а тоа беше после велигден... али ќе си се придржувам со диетава. ке избегавам да ги мешам јаденјата..а лебот не мие проблем него така и така не ги јадам ...е сега со господ напред...али нема да ве заборавам редовно ќе ве читам поззззззз до сите и само напред
Да те утешам, јас денес изедов 4 мали погачички, 2 парчиња торта, сладолед, крем банана и едно чоколатце на Виталиа. И минатиот пат кикснав на јаглехидратен, се прејадов, ама продолжил трендот на слабеење за среќа. Кога имам поголем избор, повеќе паѓам во искушение, а кога сум поограничена и послабо јадам, немам гајле.
Анабела немој да ја прекинуваш.. Продолжи со овошен но утре цел ден пиј вода со лимон,да се казниш за греката. Од лично искуство те советувам да не прекинуваш зашто после тоа кој знае дали ке се наканиш пак да ја држип верувај ми! Поздрав и издржи! Иде лето,зар џабе ја држеше 2 месеца?
анабела еден другарски совет многу астетски ја држиш диетава мислам многу се замараш , колку кг имаш и колку сакаш да ослабеш??? Мислам јас сум сфатила вака не знам дали грешам секогаш кога држам диета јадењата си ги јадам како обично со зачини , зејтин, оцет ,печени и стварно тешко слабеам и не слабеам колку што е максимум ...ама па кога ке ја прекинам диетата не ги враќам брзо ( освен со јаворов ) зошто замисли ке ослабеш со варена и несолена храна 10 кила плус , ама замисли кога ке почнеш регулар да ги јадеш јадењата не 10 петнаесет ке вратиш.Ова е моја филозофија и после диета потешко ги вракам , ttrust me....
Луѓенца, фала ви што ме охрабривте. Стварно ми требаше тоа! Ја продолжувам диетава, и ќе држам 2 овошни дена. Денеска и утре! И откако ќе ми заврши морам да ја продолжам, ќе направам пауза од максимум неколку дена и повторно ќе ја почнам. Едноставно морам.. Затоа што немам контрола врз јадењето и попуштам многу лесно.
Анабела, само напред!!! Никако не смееш да попуштиш, па ти си ни најголемата мотивација на форумов... Ако не ти е тешко уште еднаш да споделиш колку си висока, со колку кг почна да слабееш и колку имаш сега ( сигурно веќе си пишала претходно, ама кој да бара назад )
^ Диетава ја почнав со верувале или не 94 кила, што е многу е многу. Висока сум 1,73. Моментално имам 78 кила! Значи -16 кг за само два месеца од диетава! Сакам да стигнам некаде до 67/68 кила. Значи можам да стигнам! Имам и желба и се`! И еден ден конечно ќе ја напишам и мојата успешна сторија во истоимената тема! И покрај се, не планирам да се откажам во ниту еден случај!
Од утре и јас ве дружам. По втор пат ќе ја држам диетата. Ја држев некаде пред 3 години и ослабев многу. Најефикасна диета. Ќе јадам овошје накај 9 часот, во 12 ручок и накај 17 вечера. Потоа вежбам аеробик. Ако имам кризи навечер, во протеински ден ќе пијам јогурт, во останатите денови салата, или краставица. Од утре со нови сили за нови походи .
Анабел-а никакво откажување, важно си останала во рамките на тоа што треба да се јаде, не си каснала месо во сос, или пржени компирчиња или некое друго калорично јадење. Според мене тоа е многу важно, понекогаш бре душата ти сака повеќе од парче торта или 4 колачиња. Па си поткаснала цреши и мала тортица, биг дил. Уживај, продолжи си. (Инаку го имаме истиот проблем и страв. И јас кога не сум на диета не знам што и како да јадам, кога имам значи целосна слобода за избор на храна, се губам и тогаш се здебелувам најмногу) Мене најголем проблем да ви кажам искрено не ми е храната, туку викендите кога се искача и кога сите пијат. Што да се пие луѓе? Вчера на пример, земав едно Радлер Скопско, колку да правам друштво. Не е фер, ниту убаво, сите си пијуцкаат, ти гледаш ко некој грев. Не кажувајте само - пиј си сокче. Луѓе, јас доаѓам од источниот дел, срамота е такво нешто да се помисли, камоли да се каже и направи. Денес - домашна веге пица и домашен колач за вечера. Еден ред чоколадо за готвење.
Девојки чаша вино може да пиете. Јас пиев и ослабев. Исто и чаша кока кола. Значи може. Жестоко може во јаглехидратниот ден. Шеќери е тоа. Јас кога имаше благо јадев цело кујнско чоколадо и торта или сладолед плус. За ручек јадев по три гевреци. Во протеинскиот ден јадев шарска, по две дури. Некогаш јадев и свинско. И ослабев, најмногу од сите диети што ги имам држано. Килограмите до ден денес ги немам вратено. Сега имам некаде оклу 64, дотаму стигнав со УН диета. Инаку ако направите грешка, продолжете си со денот кој ве следува. Мислам оти така беше. Или овошен, да се прочистете, ама само еден ден. Јас во овошен јадев само овошје и 50 до 100 грама бадеми или лешници. Заситуваат и не сте гладни. Потоа прочитав дека може и овошје или евентулано супа од зеленчук. Држев и воден ден. Значи не се оптеретувајте со количината, туку со комбинирањето. Можете да видите и од постовите колку јадев, а слабеев. Мислам дека пишував секој ден. Ако ви треба нешто слободно прашајте ме. Јас мислам и книгата ја бев читала. Има УН книга, ако некој може нека си ја набави, јас од некој хрватсаки форум читав некој дел мислам. Печурки може да јадете секој ден, не ги одбегнувајте.