луѓе не се замарајте толку бре... држете ја диетава, ефикасна е, стварно се губат килограмите, ама не е до толку страшно ако се јадат печурки, или некогаш ако се прекрши.. па луге сме, толку време не сме водиле режим за исхраната, сме дозволиле да се здебелееме 10 кила над дозволеното( најчесто овие луге ја држат оваа диета), па сега ке правиме проблем за јадење печурки? и ммој совет, по завршувањето на диетата прекинете ја,нека се одмори организмот барем 2 месеца од строги правила и режим на исхрана.. за појадок јадете овошје, не вечерајте, пијте зелен чај, наутро по станување вода со јаболков оцет, или со лимон, и ке немате проблем со враќањето на килограмите. И може уште нешто, што јас го практикувам.. секоја недела се мерам, и ако имам зголемување на килограмите следниот ден пазам што јадам.. ке јадам само овошје и зеленчук, и пак ке се вратам на истата тежина... така да не се замарајте
2ор ден и овој пат ќе терам до 90ти еве јавно со постов ветувам и секој ден ќе го пишувам тука. Поручав: еден цитрон и зелен чај со нане. + нес 3во1 со кафеав шеќер +1/5 вода Ручек(пред малку го завршив): еден тањир манџа од грашок(само грашок потпржен со кромит, црвена пипер и масло)инаку грашок обожавам можам да го јадам секој ден. И салата од краставици, морков, пиперка и цвекло со сол и масло и сега ќе пијам чај кирколина. За вечера истото од ручекот значи пола тањир грашок и салата. И еден чај кирколина после вечера. И уште литро и пол вода дали да пијам се прашувам.
ако можеш испиј не липол итро вода, 2 ... и кој чај од киркулина го пиеш?... и мој совет.. пиј кафе 2 во едно, ако веќе ставаш кафеав шекер, и научи се да пиеш со што помалку шекер, јас турското го пијам без шекер, а во неста ставам сосема малку, многу е подиетално
Ама од ко почнав да пијам по 3литри вода на ден не ослабев туку се подув(да не случајно ми е страв да не ми се задржува водата во организмов и затоа на вага покажува толку) Можно е водата да се задржува во огранизмот? Ми кажаа во еден центар за убавина дека секој човек треба дневно да пие 2литри вода, а за слабеење по 3 или 4, пиев една недела по 3 и после по литро ипол. Сега не знам дали да испијам уште 1/5. Инаку едно време пиев нескафе 3во1 без шеќер ама со кафеавиов ми е поубаво. На чајов пишува за слабеење, класик ќе да е.
Денес, јаглехидратен ден. Вчера јадев компири за ручек и многу салата, навечер не јадев многу, претежно салата. Е сега имам едно прашање за денес. Дома има зелник за ручек па ме интересира дали би требало да се јаде? Мислам дека не ама да си прашам за секој случај. Ако не, тогаш макарони ќе си јадам како и што планирав .
Здраво! Вчера ми беше 7-ми ден- јагленохидратен: појадок: 2 портокала, ручек: шпагети со доматен сос (не ми беше воопшто вкусно, па додавав сол, бибер, магдонос- едвај го изедов); вечера: 1 ред темно чоколадо (пред пешачење), по пешачењето јадев чоколадни кикиритки (од Кам), и доцна вечерта, на кај 10 и пол јадев 4 топки сладолед (сладоледот не ми беше потребен, искрено- не бев гладна, ама договорени бевме за излегување, а такво мало слатко задоволство - не се одбива ) Денес 8-ми ден- овошен: 2 јаболка за појадок, сега ќе ручам овошна салата од јаболко и портокал, и ќе вечерам 1-2 портокал/а. Денес за чудо не чувствувам глад. Всушност и не е чудо, сеуште го чувствувам вкусот на сладоледот во уста ^Ако нема сирење во зелникот- можеш. Тесто можеш да ручаш, само да нема месо или млечни производи во него. Во зелник не би требало да има.
Баш па со сирење е, и мене ми текна дека не би требало оти не треба да се мешат млечни производи или така нешто. Ништо, макарони ќе си јадам.
Ако јадеш многу солено ќе ти се поддуа стомак оти солта ја врзува водата! Не јади солено и пиј си вода и гајле немаш
Многу малку јадам сол, вчера јадев салата од краставица и ја јадев без сол и киселина само со масло. И сега мислам дека згрешив, пред вечера(ќе вечерам крај 6 и нешто)каснав 20тина јагодки мали и еден портокал како ужина, не смеев така? Кажете ми за да знам дали смее ужина (тука се збунив нешто)за да знам за друг пат.
Епа Лукс, ужината се смета како оброк. Барем така пишува во книгата за диетава. Значи сепак не е дозволена. Како и да е, ти не си направила некоја којзнае каква утка. Уживај си . Јас од сабајле до сега пијам само вода, и имам изедено се' на се' 2 јаболка и 2 праски. Ништо повеќе, ништо помалце. Толку, само на вода ако треба ќе бидам денеска да се прочистам од вчера. Уф, со кој памет посегнав по други работи . Толку, готово! Од сега па натаму ќе го тупам малце повеќе во темава, така ми е полесно .
Одсега нема да ужинам, и затоа изедов само пола тањир грашак без салата. А да прашам мед смее, зошто веќе каснав 3 мали лажички(многу ми се јадеше благо), ама ако не смее и него го исфрлам .ја напнав малку темава
здраво на сите и јас ептен ја утнав диетата денес , ама недела ми е најтежок ден секогаш со тие фамилијарни ручеци и вечери уфф лошо се чувствувам , таман почнав да одам надолу и сега утка огромна напрајв се измешав и благо солено и кисело утре морам да се прочистам и да се казнам Анабела мило ми е што продолжуваш , никој не е безгрешен не се секирај , само напред !!!! Сакав да ве прашам поискусните за совет , што мислите дали да почнам со турбо УН диета од утре , многу ми е битно да изгледам најдобро што можам до 24 јуни (свадба , старосватица сум ) или не ??? Па после 24 да сун на нормална УН??? Дали со турбо УН ке имам побрзи резултати ?? Ве молам совет
Вака,јас ја држев диетава 3 месеци и мене ми се случуваа вакви кризни моементи ама издржав. Турбо ун нема да ти помогне да ослабнеш побрзо туку ако си во стангација да направи промена во организмот и пак да почнеш со слабеење,инаку ако сакаш побрзо да ослабнеш не јади леб и јади во помали количини а во исто време зголеми ја количниата на салатата,така е најдобро. И почни да пиеш чај киркулина за слабеење,коој протерува и тоа ти најдобар начин. Поздрав!
Точно знам како се осеќаш и јас вчера го имав истото чувство. Ми се чинеше од тараса да се џитнам! Утре биди овошен ден или воден. И немој утре да јадеш банани ако бидеш овошен. Гледај што повеќе цедени сокови пиј и вода. На крајот на краиштата, луѓе сме. Грешки сме правеле, правиме и ќе правиме. Така да.. Јас 2 овошни дена ќе држам. Денеска многу слабо овошје јадев, повеќе вода пиев. Утре повеќе овошје ќе јадам. Класичен овошен ќе го одржам.
Фамилијо диеталци поздрав од мене и да ви кажам сум ве сонувала.. Како сите ние сме се договориле официјално да се запознаеме и да излеземе на вечера да се почестиме после диетава.. леле ке умрам,хаххх
^ Е, па и ти, за тоа ли е проблем . Ако не реално барем во секој момент можеме виртуелно да си се почастиме за постигнатите резултати и упорноста. Спојлер Една шопска мислам дека ќе заврши работа . Денеска јас повторно овошен ден. Од сабајле имам изедено само 2 јаболки. И пред да излезам од дома ќе направам сок од јаболки, портокали 2/3, јаготки.Прајслес.