Добро е денес лилипут се држам некако. Сега си дојдов од факултет и јадев овожна салата па до вечер може уште нешто и вода пијам цел ден. Фала богу повеќе време сум на предавања па не мислам мн на храна зошто кога сум дома не можам да се контролирам. Кај тебе како е?
Јас денес имам слободен ден, не бев на факс. па така цел ден мислам на тоа што ќе јадам утре Малку тешко ми оди денес, изедов две јаболки и 2 банани, но исто како ништо да не сум јадела ... Но еве, денот помина веќе , ќе пробам да си легнам порано Едвај чекам да дојде утре, да живнам малку. Ти што ќе јадеш утре ?
девојки во овошен ден може да јадете до 100 грама лешници,бадеми,индиско оравче итн...после нив не чуствувате глад и полесно се издржува овошниот ден
Ја почнав 4тата фаза од диетата и сега за сега резултатите се добри. Се навикнав без благо и леб. Ама се јавиа неколку проблеми имам многу гасови и потта почна да ми мириса што до сега немав мака, ама тоа е знак дека ми се чисти организмот. Диетата ми завршува за нова година ке се потрудам да ја издржам пошто имам некој што ке ми води инат односно брат ми
Лилипут сабајле изедов една јаболка пред факултет ама на паузата не можев да издржам,цревата ми беа погласни од професорот па си купих една мала кифличка. Планирам да ручам кај 4-5 и тоа мало парче свинско и салата од марула а вечер нема пак исто ама можно е без месо,само марула да јадам. А ти?
Јас ја прекршив диетата неколку пати ... Вчера бев на роденден и неможев да и оддолем на пицата и пастармалијата, па си апнав по едно парче од двете и торта јадев ... Еве сега ми донесоа италијанско чоколадо и апнав два реда И сега се мислам дали да ја прекинам ? Тебе пеперутко како ти оди, се гледат ли веќе ефекти ?
http://rapidshare.com/files/300192433/U ... 0-Dana.pdf Ова е линк до книгата за диетата. Не знам дали смеев да ставам линк. Инаку јас во моментов го започнав третиот месец од диетата и сум презадоволна. Најтежок ми беше почетокот, кога се ми изгледаше дека е невозможно, но по читањето на сите можни постови на интернет за оваа диета и особено по читањето на книгата која е еден вид на водич, заради тоа што до детал ја објаснува диетата како и рецепти за да не биде еднолична храната и се разбира преполна е со логични одговори на сите прашања кои си гипоставуваме кога сме на диета. Во 3 месеци и нормално е да се прекрши диетата, но тоа не значи да се прекине со диетата и да се осудуваме себеси и давајќи си причина плус за прекинување на диетата. Најдоброто нешто е што искрено не ни помислив дека диетава може да ми го промени начинот на исхрана, ставот и мојот термитизам во однос на фрижидерот.
vo vakvi slucaevi koga ne mozete da se vozdrzite ne ja prekinuvajte dietata prodolzete utredenta so ovosen den znaci ti prakticno si go preripala proteinskiot ili skrobniot den....samo hrabro
Поарно да не а почињаш... Ке се двоумиш после дали да пииш или не Сени се некња у Па-пу како ми беше. Па пиев на гладно срце и после не знаев кај терам Се зезам... терај си ти ке си водиме инат кој побрзо до нова година
Ххахахахаа цуциии нее решив и апочнав еве два дена а за пиење дефинитивно не пиамм а з иантот нема проблем ке видиме иако си ти со месец повеќе од мене ама јас па одам на фитнес и пиам херба лајф така да може да те стигнамм... хахаа
еј ја држам диетава околу 12 13 дена и сакам да прашам дали може да се јадат барем по малку грисини ? многу ги сакам не можам да издржам без нив
Јади ги но со мерка јас си дозволувам по 1 бејкролс на 2та дена + тоа секој викенд пиам и сега за сега има резулатати. Ја држам 25 дена и ослабев 10кг
Здраво девојки јас сум нова на форумов Да преминам на главното долго време читав за диетава и вашите искуства со неа, решив и јас да ја применам веќе 11 ден ми е, се чуствувам некако поубав,о по олеснето, едноствано забележувам дека организмот почнува да ми функционира подобро. Прочитав и уште еден податок дека диетава посебно позитивно влијаела на луѓето со крвна група А+ (мојата крвна група) што уште повеќе ме мотивира да продолжам, само една работа ме кочи а тоа е дека не сум многу физички активна немам услови секој ден да вежбам па помислив дека можеби тоа ќе ми го успори губењето на килограми шшто мислите вие? и уште една ствар сакав да прашам, сите викаат дека со овој режим се забрзува метаболизмот а јас под тоа разбирам и поредовно одење во WC знаете по голема нужда ама кај мене тоа сеуште не е регулирано па сакав да прашам после колку дена би требало тоа да се регулира? Благодарам однапред
Метаболизмот се убрзува само доколку се издржи целата диета односно 90 дена, под услов оброците да се прилагодени секој ден во исто време, за да може организмот да се навикне.
Јас и другарками заедно ја држиме диетава 17 ден ни е .. и сакам да прашам дали пиете нес кафе во текот на диетата и дали ставате шеќер ? јас пиам скоро секој ден а без шекер неможам да го пијам