Денес поручек јаболко и зелен чај со нане. Сега ручав ама не вегетаријанска туку класична со стек(ама стекот го извадив) и сеа еден чај кирколина ќе манам.
12ти, овошен ден денеска. На менито имаме се', киви, банана, јаготки, кајсии, портокали. За ручек изедов една салата од зелка. Се надевам дека не е грешка, до крајот на денот повторно ќе бидам само на овошје. Една ситница ме мачи сепак... 12 денови, а вагата не покажува ниту грам подолу.
^Нека не те мачи, можно е во првите 10 дена па еве во твојов случај 12 да не дојде до намалување на килажата, ама после нагло се симнуваат 3-4 кила. Кај мене во прирачникот за диетата ова го пишува. Баш дали ќе биде кај тебе така да не известиш. И немој да се разочаруваш, бавно, бавно ама битно да се губат.
ke namalиш нагло 3-4 кила, не е страшно, само си можела до вечер да јадеш овошје, а за вечера зелка салата.. така пишува, ако почнеш с зеленчук да не јадеш пак овошје, еве можеш во овој случај за вечера краставица да јадеш.. во секој случај подобро овошје од нешто друго
јас не сум на УН диетата веќе 2 месеци, но денес сакам да се прочистам.. од сабајле имам изедено 1 цитрон, и пијам чај целулит микс ( од порано сум го купила, и да го дотрошам ) инаку обично пијам зелен чај, или киркулина.. и не осекам многу глад, повеќе психа ме мава, оти не сум била 2 месеци без храна... а дома има ручек полнети тиквици, ама најверојатно ќе ме почекаат до утре мора да го симнам ова кило што го качив овие 2 месеци
Прв ден: За појадок во 9 часот - една банана. Ручек околу 11:30 - стек со 2 парчиња домати. Вечера сега, околу 17 и нешто - пилешки плескавици, филети или апки, што и да се, печени со шопска салата. За два часа одам на аеробик. Вода - слабо. Бајадерите ги оставив за во среда, таман за вечера . Инаку јас порано јадев филети риби и овие пилешките, ги печев и ослабев. Тие се со презла и јајца, а денес е протеински ден, плус е дозволено и едно парче леб нели, значи не грешам. Стекот ич не ми е убав,а оваа е најефтина и највкусна варијанта. И лесно достапна. Јас вечерата не ја делам, значи јадам исто како и на ручекот бидејќи така ручам накај 17 часот, одам на аеробик, а легнувам накај 1 полноќ. Ќе се сетам за прв пат кога ја држев колку јадев и пак ослабнав. Јадев и леб, сега не планирам. Дури се чудев самата од толку јадење да слабееш. Тренди не се разочарувај, на почеток ни кило нема да смалиш, ама потоа може и 4 наеднаш. Значи на почетокот тешко, потоа се гледаат резултатите. Еве и еден предлог за наутро, наместо овошје, исцедете 2 цитрона. И не ја одбегнувајте бананата. Јас во секоја диета ја употребувам. Дава најмногу енергија, ете ајде да не се две, туку една. Ќе ве држи сити повеќе отколку 2 јаболки. И нема да имате кризи до ручекот. Морам да редактирам пак ама убаво пишува на првата страна, сега видов Ако сте згрешиле, продолжете со оној ден кој ви следува, а не со овошен,
Јас ја држев, па ја прекинав(да напомена за 45дена имав 7кг ослабено), ама бидејќи немам повеќе никакви обврски почнав да ја држам од денес... Прв ден- За појадок имав јаготки Ручек/вечера си направив марула со краставици и јајца ставив внатре И тоа е тоа за денес... Утре мајка ми ќе правела Кромпир манџа па ја замолив мене посебно да ми ги направо кромпиритее! Со среќа на ситее!
Вечерав малку одповеќе благце т.е го претерав ама се што изедов е колку количински да сум изела три парчиња торта. Така да не се секирам многу, утре ми е прочистувачкиот односно овошниот ден. Испив после вечерата кирколина битно. Сега сум презаситена и се налевам со вода иако вечерав пред два сата. П.С да напоменам 3 ден.
Денес - 9ти ден - протеински. Мислам малку го зафркнав менито денес: појадок: 2 јаболка; ручек: сосема малку телешко месо со 6-7 печурки (цели шампињонки), ама проблемот беше што сето тоа беше во некаков сос , но јас се потрудив колку- толку да го отстранам сосот + салата, вечера: е и тука ја оплескав, јадев сос што гоправев сама (печурки, шунка, морков, кромид и доматно пире ) и салата! Пешачев околу 1 час. И на крај завршив во знак на денешниов ден- пиев едно нес кафе со малку млеко . Ајде од утре - ќе се поправам, ќе бидам подисциплинирана! Туку, имам едно прашање до вас: дали смеам од време на време да пијам Цедевита? Вие пиете ли некои витамински таблети или слично?
Трендафилка, и кај мене отприлика во првите две недели немаше никакви резултати, и после нагло симнав неколку кила. Така да, ич да не му ја мислиш. Midnight.Flower, не е препорачливо да се пие цедевита, затоа што содржи шеќер. И јас во почетокот си пиев по една чашка на ден, ама последниов месец скроз ја исклучив од диетава. Витамински таблети не пијам, мислам дека немам потреба. А ако осеќам нешто, одма земам една шумлива од тие во портокалово паковање. Ја растворам и ја пијам. Јас денеска не знам веќе ни кој ден сум. 65-ти најверојатно. Издржав два овошни дена. До душа, вчера тој повеќе на вода него ли на овошје ми беше, а денеска цел ден само овошје јадев. Имам изедено сабајле 1 јаболко, па после праев сок од јаготки, портокали, јаболки.. Па после една банана и едно јаболко. Толку за денеска. Утре протеински ден. За ручек мимоза салата со два варени јајца, за вечера исто мимоза, само со едно јајце. Мислам дека после овие два дена се преродив. Не осеќам веќе вина дека изедов ,,малце'' повеќе за јаглехидратниот ден. И повеќе пица нема да правам! Невр мор! Толку беше! Ми отвара невиден апетит.
Јас би сакал да ја почнам турбо ун,барав страници наназад нигде да ја најдам @: Ќе ја издржам 2 циклуси и толку!Ако може некоја која ја има,нека ја копира да прати porfavor :/
Јас сум бремена со второ дете и ја држам веќе 8 дена диетава и сум полесна 3 кила сега незнам дали да ја продолжам заради состојбата или совет од некоја феминка
dan 01/12 - Proteinski den dan 02/12 - Skroben den dan 03/12 - Vitaminski den dan 04/12 - Proteinski den dan 05/12 - UH den dan 06/12 - Vitaminski den dan 07/12 - Proteinski den dan 08/12 - Skrobni den dan 09/12 - Vitaminski den dan 10/12 - Proteinski den dan 11/12 - UH den dan 12/12 - Vitaminski den pa sledi Voden den..
Прекиниии сместа,секоја диета за време на бременоста е лоша,не само што ти слабееш туку и фетусот! Доручкувај житарки и млеко со мед,ручај протеини а вечерај салата подобро нема за храна на бебенцето...диетата после раѓањето држи ја,сега немој...аа и да,секоја вечер јади по 2 лажици пченица и мачкај го стомакот со павловичева,за кожата кога се растегне после тоа да има колаген да се врати во првобидтната положба! Ти благодарам anabel-a за турбото
Јас се породив пред три месеци и сакав да ослабнам некои си 7-8 кила за да се вратам на старата килажа, ама кога дознав дека повторно сум бремена и тоа 8 недела ми се сврте ама сакам да го родам а на храната ќе внимавам и нема да се поправам могу
Се надевам дека ќе биде така, зашто мака ќе ми биде да се демотивирам и разочарам. Не дека очекувам чудо, барем 2 кг да се симнат. Ми го зема зборот за пицата. Па вчера се погоди едно така тенко и убаво крцкаво тесто, изедов две парчиња за ручек, и уште половина за вечера, заедно со ред чоколадо. Не дека и тоа беше премногу, ама навистина ми отвара апетит пицата. И сум ненајадена. 3 циклуси по ред јадеме веге-пица, овојпат златни посни макарони со кечап... свари си ко човек и најади се. А калориите каде каде се разликуваат.
Јас пак, од макарони неможам да се најадам. После еден час пак сум гладна. Се мислам во среда што да јадам, пица или 2 ѓеврека, што ли ќе ме држи цел ден повеќе .
2 геврека земи си од тие со маслинка а колку калории има парче пица? мало парче, 1/8 од целата ме интересира, денес бев на 1 цитрон и чај, попладне изедов 10тина бадеми, ама после на братучетка ми и било роденден, па изедов 1 парче пица.. битно благо не јадев, ниту сок пиев... аа и вежбав, трчав 1 час, и правев 50 стомачни
^ 200-215 калории од прилика во едно парче (од оние пица на парче зборувам, таа големина) вегетаријанска пица. Значи со растителен кашкавал, кечап и свеж зеленчук.
Значи веќе не знам што да кажам, и не можам веќе да ги смислам и сварам ваквите постови! До другите кои се трудат да им кажат на бремениве жени што запнале на диета да се: Оставете ги, нека прават што сакаат, ако тие не се доволно зрели да размислат што прават немојте веќе да се трудите околку таквите, како на мали деца да се кажува а не на возрасни жени или можеби некој тоа го прави намерно колку само да привлече внимание па да и пишуваат другите дека не смееат да држат диета за време на бременост, да ги убадуваат.. и сл.. Стварно не можам да ги сфатам, Не можам! И крајно ме иритираат!