Луѓе го преживеав овошниот ден, мислев дека нема да издржам но еве ме, жива сум . Јадев јаболки, киви, црешки...Две банани изедов и за тоа малку ме гриза совест, ама не е толку страшно сепак овошје е. Денес повторно протеински ден т.е. 5 ден. Сакав да прашам поради тоа што минатиот протеински ден јадев три парчиња стек со салата дали е препорачиво пак тоа да јадам? Пошто пишува да се одбере помеѓу тоа и три варени јајца ама јас јајца не можам да јадам многу односно жолчката не ја баш јадам па затоа си мислев... Инаку супер напредувам со диетата, поради тоа што и претходно држев диети иако не препишани. Не сум се мерила ама 60 кила имам сигурно. Сега се надевам дека со оваа диета ќе стигнам до идеалната тежина 50-54 кила. Да се надевам на резултати иако полека се познава .
4ти ден овошен. Изедов јаболко и пиев еден зелен чај со нане(ама ко ќе го допијам ќе паузирам со него ионака кирколина пијам). И плус се двоумев дали да јадам банана, малечка беше и ја изедов и една кива и 2 сливи. И сега сум сита, вечер уште еден портокал, а ако ми се јаде повеќе плус една кива. И така. EDIT: во меѓувреме изедов 2 малечки јаболка, па останува вечер еден портокал, инаку сега го пијам чајот и вечер уште една шолја после портокалот.
Леси се враќа дома После "страшниот" викенд јасно е дека следи овошен ден. Од сабајле 2 јаболки, сега земав една чинија цреши, до вечер ќе јадам уште нешто, само не банани, а од утре повторно почнувам по ред. Си планирав во недела кога сум на свадба повторно да ми биде протеински за да не се опуштам пак со јадењето, да си го изедам само месото од порцијата и евентуално салата.
Јас едвај вчера го проживеав овошниот ден при крајот, таму накај 18 часот почна буквално да ми се гади. Во фацката бев жолта лимонка, дури и другарките ми рекоа дека изгледа безбојно и бледо. Па си мавнав две мали ВИВА сокчиња, од оние со сламка внатре и ме вратија во живот. Од 200 мл што се, околу 100 калории има во едно, ги прежалив, искрено сакав само да го дотуркам денот. Денес, 13ти ден, нашиот 4ти циклус, имаме полнети тиквички со мелено месо. Никогаш не сум се радувала толку на полнети тиквички, ги мирисам, им се врткам, едвај чекам. Инаку, ги полниме само со мелено месо, свежи патлиџани, пиперчиња, млад кромид и остатокот од тиквичките издлабени. Без ориз нормално, и без многу зачини, поприродни ни се. И шопска салата, денес може сиренце да си дозволиме.
Ја имам држано оваа диета,пред неколку години,издржав само недела,и ослабев едно 2 кг Ми се допаѓа,и кога би бирала диети,пак би ја држела само оваа.Никогаш не бев гладна со неа. Мајка ми ја држеше кога качи бааги кг,од стрес,само јадеше и нагло накачи,и мислам дека беше едно 2 месеца или 3 на неа.Изгуби едно 15тина кг,ако не и повеќе.Потоа,кога престана со неа,немаше никаков апетит,буквално не и се јадеше . Сестра ми веќе 2,3 недели е на неа,ама вели воопшто немала резултати.За тоа време едвај 1,2 кг. До организам т.е.метаболизам је !
Завршив ја денеска со јадење зошто во таблица за калории кога видов колку калории имале сушените сливи, косата ми се крена, каков портокал какви бакрачи иако 20 калории плус нема да ми менат многу. Абе на сто грама било, сега видов, 5 малечки изедов не знам колку грама имаа ама 213 калории на 100 грама. Абе мислев над 1500 имам изедено, ама нешто сум погрешила во пресметките. Вака сега вкупно ми кажува 671 калории со се кафињата и 2 чаши сок испив од црвен портокал купечки. На чајот калории не му пресметав не знам ни дали содржи. Со се него би дошоло 800 калории отприлика ако има. И вака не изгледа многу, можам и портокалот да го изедам значи. А водата пошто немат калории не ја сметав, имам испиено 8 чаши и уште една до после таман за мерата треба да пија по 2,46 литри на ден според калкулаторов. Баш ќе пресметам утре колку калории ќе внесам. Утре со маслото 900 калории го сметав ми излегува вкупно со се нескафе 1286 што е таман за слабеење плус јајца ќе јадам и ќе бидам најадена со се салата. Масло на 100 грама е 900 калории, ја ако става 2 пати во салата колку калории да му израчуна? Отприлика 200 во две салати? Ако е така утре ќе внеса минус 700 што би дошло 586калории што е многу малку, збунета сум со маслово. И одсега ќе броја и калории, 1200 нема да смеа да надмина. Иако до 1400 и нешто смеа според пресметкиве во табеливе.
Мислам дека може во овошниот ден, но не повеќе од 100 гр мешано, со тоа што според мене, најдобро е да јадеш печени, но несолени бадеми и несолени лешници. Кикиритките подобро избегнувај ги, мрсни се и најкалорични, земи си некое оревче подобро.
Tуф туф, цел форум на ун, па се мислам и јас Cамо скробен ден бре, што ќе јадам грав грашак компир се јаде? Jас без леб ги јадам. и ме интересира, Kрабите оние сурими стапчињата што се ко портокалови, во кој ден да се јадат? Cмее ли во протеински? Aјде ќе почекам некој ден, јас ја чекам Tрендафилка да се мери, да видиме што направила за овие 2 недели
Втор ден денес, а на менито имав за доручок една банана. Во 13 часот ручав ориз со салата од зелка. Сега вечерав ориз и тоа многу малку, си направив витаминска бомба од цвекло и морков, ставив зејтин, ама немаше оцет. Па ќе ја јадам вечерва, накај 20 и 30. Вака како што се хранам здраво со овошје и зеленчук железото ќе ми се покачи . А Лудо ич да не му ја мислеш, јас со оваа диета ослабев до моите 63 кг и никогаш не ги вратив. На времето накај 70 имав. Во скробен ден можеш и турлитава да јадеш . Лукс не број калории, значи диетата не е базирана врз основа на калории, туку на комбинирање на храната. Во овошниот ден цел ден имаш да јадеш овошје, може и сушено, па плус бадеми, лешници, ореви. Ако пресеметеш многу се, ама не е финтата во калориите туку комбинирањето. Јас во сите диети користам масло за јадење и оцет, плус вагетка, сол и сл. Утре, едвај чекам. Ќе јадам пица, ќе ја тргнам шунката, кашкавалот е растителен (може?) и печурки. Вечерата бајадерките . Уште сега им се радувам. Инаку дечки да ве известам, се мерев, стартувам со 65 килограми .
Не мрднала Трендафил ич, со килограмите мислам, со паметот е веќе одамна отидена еве го, 13ти ден, и на истата килажа, јас стартував со 70 браво за мене се чувствувам ко гревче, ама што е - тоа е, од една страна се тешам дека барем не се здебелувам. Прочитав некаде погоре, девојка исто со почетни 70 кг, за 2 месеци симнала 6. Па можеби и јас сум од тие, реално 6 кг не се мала бројка, ама некои имаат побрзи резултати, па и јас понекогаш забегувам и се надевам на чудо. А мојот метаболизам е брз, тука нема збор, ама еве, последниве 6-7 кг ми се симнуваат најтешко. Во денешното кафе си ставив и малку млеко, зашто е дозволено во првиот ден, заедно си сирењето. И кога пијам кафе со млеко, еден час после тоа имам многу повеќе енергија за вежбање, отколку со обично турско. Штета што не може секој ден.
Леле Лукс, не се оптеретувај толку со калориите. И Јуле ти кажа, диетава е базирана на комбинациите од храна, а не на калориите. И јас го заокружив денов. За доручек едно јаболко, за ручек мимоза салата со две варени јајца, за вечера истото само со едно јајце. Толку за денеска. Утре скробен ден. За ручек два варени компира со патлиџан салата(2,3 патлиџана, малце кромидче, неколку коцкички лута пиперка, краставичка, сол и зејтин). За вечера еден компир и најверојатно истава салата. Сега се мерев, имам 77 кила, што значи уште едно кило минус.Последниот пат кога се мерев имав 78. Само ќе почекам уште ден-два, за резултативе да ми бидат поверодостојни . Лудо, ајде ако се решиш да ја држиш диетава, те чекаме, ќе се дружиме . Инаку за скробен ден, можеш варен/печен ориз со зеленчук, манџичка грав или грашак, печен компир, варен компир со кечап, тавче-гравче, зелена салата+варена пченка+кубети(замена за оброк во скробен)... И така
Тренди најверојатно ќе ги симнеш наеднаш. А во обем намали ли? Јас најмногу во обем смалив првите денови, а и воопшто. Плус последните 5 кг од идеалната тежина се симнуваат многу бавно. Јас ќе ослабнам до 60 и толку. Никако не можам до 55. Може и до тоа да е. Не знам точно со колку почнав, сигурно имав 70, а може и повеќе. Ја држев 66 дена и ослабев минимум 7-8 кг, но во обем најмногу. Гардероба сменив. И не ги вратив килограмите. Значи ако јадам нормално тежината ми е од 60-63, зависи од периодот. Е сега сум поправена, 65 имам. Кога држев други диети слабеев и до 57, ама потоа ги враќав оти јадев доста. УН диетата не ја држев пак затоа што ми беше досадна, а и ја прекинав бидејќи стагнирав со тежината. Не слабеев. А и немав во волја за диетава. Сега чуствувам дека можам да издржам. Плус сега вежбам и доста сум физички активна во текот на денот. Во пешачање ми одат и 45 минути до еден час. Очекувам побрзи и подобри резултати од првиот пат.
КОнечно и мојот ден заврши Како што напоменав јадев кромпири, мајка ми ми ги имаше направено, а со тоа јадев и салата. За вечера многу малку јадев, само од чорбичката што беше и тоа! Сакам да напоменам дека ич вода не пијам, а пред неколку недели бев на некој сипитувања од Хербалајв и треба да внесувам 2.5л вода најмалку, е знам како да се мотувирам за да почнам да пијам ?
^ Абе добро сега.. Не мора ти точно 2,5 литра вода на ден да пиеш. Ако не можеш толку, потруди се барем литар на ден да пиеш. Јас порано кога пиев многу вода, некаде литро, литро ипол на ден, постепено ја пиев водата, во текот на целиот ден. Пример сабајлето 2,3 чаши, за ручек(пред/после) 2,3 чаши, за вечера неколку чашки, и така... Сега за жал не можам да достигнам ни до литро на ден. Одма во веце одам, а пошто во школо сум втора смена, не можам на секои 5-10 минути низ вецињана да се влечкам. Ама добро, сега за време на распустов ќе се потрудам повеќе вода да внесувам..
Јас се прашувам како ќе го издржам овошниот ден . На работа сум од 9 до 16 часот. Плус и на патување сум тој ден, во друг град. Како ќе биде со банани и јагоди, не знам. Несакам да јадам зеленчук, ама изгледа ќе морам и салата да вметнам или супа од зеленчук.
Ситно исецкај си банана, јаболко, киви, јаготки, кајсии и бутни во некоја пластична кутија. Ако сакаш заблажи со лажичка до две мед. Купи си Вива сокчиња 2-3, од малите со сламка внатре, тие мене ме спасија пред некој ден. Или пакетче суво овошје, кајсии, ананас, брусница. Ако можеш свари си чај и стави си во шише. И бадеми, лешници непечени, некое оревче за грицкање. И надежно дека - ќе помине денот полесно. И мене тој ден ми е буквално смрт, и чувствувам како да нема крај, а сите кои мрчат - де бе, за еден ден ли е, ќе го издржам ич ко ништо, нека не мрчат многу. Плус секој 4ти ден е тоа па тоа, и многу брзо ми доаѓаат некако.
И јас да се надоврзам со идеите на Трендафилка за ,,преживување'' на овошниот ден . Купи си сушено мешано овошје 2 пакетчиња(ги има во Тинекс 30 денари се), верувај дека и те како заситуваат! Или сушени кајсии. Или пак ако имаш соковник направи си сок од сето овошје што го имаш дома(или евентуално зеленчук) и стави го во шишенце. Мене една чашка ме заситува а не пак шише, макар и пола. Исто можеш и да си испечеш јаболки со цимет, можеш да додадеш и малце суво грозје и да ги ставиш во пластично некое. Вака кога се печени, барем нема да ти поцрнат за брзо време. Ај со лесно нека ти е утре.
Пак јас, кога може да јадам сирење? Иначе деновиве јадам сабајле редовно 2 јаболки, после за ручек салата(домат, краставица или зелка) и месо или ориз, компир(зависи од денот). За вечера јадам салата и чат пат ако сум многу гладна јадам тоа што сум имала за ручек. Е сега ме мачи нешто, мислам дека не внесувам доволно калории, но не чувствувам глад. Да не ми се успори метаболизмот? Ако почнам да вежбам дали масното ткиво ќе ми премине во мускули? И уште нешто пица ако јадам со што можам да ја јадам?
Ден број 10 - скробен: појадок: 2 јаболка; ручек: варен ориз (само со сол и црн пипер) + голема салата од зелка; вечера: потпечен ориз со зеленчук и голема салата од домати, краставица, кромидче и пиперче. Многу ми беше вкусен оризот, мислам дека изедов повеќе од колку што требаше (цела порција, а не пола...а да имаше уште, уште ќе јадев ), не знам како да се воздржам- барем за вечера . Без физичка активност денес. И јас пак да си прашам, зашто сум загрижена: ајде Цедевита- нема да пијам, а шумливи таблети (оние на кругер) калциум и магнезиум (на нив пишува: без шеќер, погодни за дијабетичари) да пијам ли? Се плашам дека не внесувам доволно калциум со хранава (еден протеински ден - дали да јадеш месо или млечни производи, што попрво?