Диетава е многу полесна ако си со обврски и во движење и буквално немаш време да размислуваш на јадење и на симфонијата на цревата, а доколку си дома и учиш е ужас, го чекаш секој оброк, пресметано до секунда преостанато време до истиот Летно време сакале или не, пиеме многу вода, барем јас, само додека сум надвор купувам 2-3 шишенца , и можеби се залажувам, ама мислам дека ако си користите едно од 0.5 дома, нема да осетите дека го цуцате и само ќе го полните, и накрај од денот кога ќе направиш суме-сумару ќе искочат 3 литри, гарантирам. Диетава, т.е начинов на исхрана како што јас милувам да го нарекуувам, ветува многу, затоа само напред и решително!
Шумачи и јас пијам. Мислам дека не се проблем. Фала за предлозите, овшниот ми е во четврток, утре е јаглехидратниот . После овошниот, најтежок ми е скробниот. Еве цревата ми кркорат, гладна сум. Каков ориз, каков компир, само грав ме најадува. Следниот пат тавче-гравче ќе јадам. У комбинација со салата од зелка . Макар да мора и да потпрднуваш, барем нема да си гладен .
еве и јас , се изнамачив денес ама издржав 16 ден ден со диетава и да се фалам -6 кг јееееееееееее а да напоменам дека неделата ја прекршив ама затова вчера се прочистував со овошје и зелен чај . Ме факаат кризи на моменти ама грицкам зеленчук , исто забележувам целулитот ми се намалува . Задоволна сум ама се плашам од НЕДЕЛА тој ден е смрт за мене , сите јадат околу мене како невидени Срекно на сите
мој предлог како да се пие повеќе вода веднаш по станување пијам една чаша, а потоа во 1 ипол литар вода ставам 3 зелени чаја, или 2 кесички киркулина, или 3 лажици целулит микс, може и секој ден различно, да не е монотоно малку е поразреден чајот, ама поентата е повеќе вода да се пие, нели кога малку ќе се олади ставам 1 мало лажиче мед, и сок од 1 лимон...и веднаш испивам една чаша, останатото го ставам во фрижидер, и имам прекрасен леден чај...и до вечер го испивам, така да 2 литри најмалку ми се собира само незнам дали треба и чајот да се пие до 20.00 часот, или нема врска ако се пие и покасно? Оти јас пијам сигурно пола литар пред спиење
во врска со водата , јас пред да појадувам пијам 2 чаши вода , па и во тек на денот , после тренинг пијам многу вода а во текот на денот исто како ВОЛШЕБНА ставам 3 кецички чај (најчесто зелен ) во литар вода и цел ден си пиуцкам од ова ...а инаку незасладен чај можеш да пиеш и пдоцна од 20 часот нема калории . На сите им препорачувам да пијат вода и билни чаеви кои се за исфрлање на токсините така побрзо се слабее , мислам дека ова е една од причините што побрзо слабеам со диетава . Навалете на чаевите и водата народе хаха
Ама чај и вода не е исто. Треба 2 литри чиста вода да се испие, не ги мешајте чајот и водата. Во 2 литри спаѓа само водата, башка се соковите, млекото, јогуртот, чајот па и шумливите таблети.
Денес ми е скробен ден и искрено поим немам што да јадам. Компир јадев минатиот пат а овие преостанатите јадења не ги баш обожавам, да не речам ич. Ама ќе мора нешто да изберам. Грашокот како приготвен треба да се јаде? Само грашок или? Инаку овој стекот ептен најадува, еве и вчера без вечера поминав и драго ми е. Што помалку јадам толку поарно, сакам побрзи резултати да има. Како брзо летаат деновите, тоа чудо некое. Чинам вчера се мислев дали да ја почнам а скоро се ближам до 10-тиот ден. Планирам да ја држам цело лето, да си го навикнам организмот на ваква исхрана. Лебот што толку многу го јадев и ми беше неизоставен дел од исхраната веќе неколку месеци не сум го вкусила. За брза храна и да не зборувам, не знам како изгледа. Се осеќам како од некој порок да сум се откажала...
^Ако компир не ти се јаде, а останатите јадења не ги обожаваш многу, многу, можеш да си направиш сарми само со ориз или пак зелена салата+ варена пченка + кубети (замена за оброк во скробен) . Грашакот приготвен се јаде, инаку. Или пак направи си ориз со зеленчук..
Мхм, ај ќе пробам нешто да искомбинирам. Всушност мајка ми сега кажа дека грашокот со компири ќе го приготвувала. Смее така? Ако може тогаш тоа ќе јадам денес.
5ти ден.Денот ми започна со две малечки јаболчиња и шолја зелен чај со нане. И само што го допив несот. После ќе ручам две јајца со зачин за јајца и салата од краставица и зелена пиперка. Вечера едно јајце и салата од краставица.
Денес,доручек 2 јаболки,ручек 2 батачиња пилешки само 2 изедов оти беа во рерна заедно со компир печени и плус салата...до вечер ако остане месо арно ако не само салата Инаку 1 ден од турбо ун
Кај сте бе :geek:. Јас го завршив денов. Сега само што вечерав еден варен компир(т.е салата си направив од компир, малце кромидче, бибер и зејтинче сосем малце) и салата зелка со краставица. Утре јаглехидратен ден. Го мразам . Ќе ручам едно ѓеврече, ќе вечерам две витанови и еден ред чоколадо за готвење.
Од понеделник се враќам на диетава.И другарка ми ќе ја држела,така да заедно ќе си ја почниме и ќе си даваме поддршка... Ќе ја држам во комбинација со по ==> за почеток пола час трчање,а потоа ќе си зголемам
И јас завршив за денес.... Таман се решив да варам шпагети кога гледам дома да ти нема, и си сварив макарони со кечап...За десерт имав торта и едно парче милка цоколада од оние што се на парчиња и толкууу
Е*ав си мајката дури сега,го утнав денот...забораив дека су мна диета а тоа ретко се слуцува се најадов ајвар едно убаво...утре го поцнувам наново оти протеински ден од турбо ун ми е...па со среќа
Денес не згрешив со комбинациите, ама си апнав количински. За појадок, стандард банана. За ручек накај 11 часот јадев парче пица, ја тргнав шунката и лиснато со маслинки. Знам дека е многу, ама нема да издржам само со прачето пица до вечер. Пред вежбање накај 17 часот изедов 2 бананки чоколатца, рум плочка и еден ред кујнско чоколадо. По вежбање, 5-6 бајадерки (чоколатцата) и две ванилици од кутија, малечки беа. Многу е знам, ама пак и многу трошам, а и овој циклус се прилагодувам. Од вториот построго. И така, тоа е тоа за денес. Утре му е мајката, овошниот .
БРАВО!!! Мене многу потешко ми оди . Добро почна, но толку беше, ајде си велам, рано е. Денес 11 ден - јаглехидратен - шеќеросав денес (шала на страна, на драга вољја би го менувала денешниов ден со протеински или скробен - не ми се јаде благо, СОЛЕНО ми се јаде бре! појадок: 2 јаболка (стандард); ручек: порција макарони со кечап; вечера: 2 парчиња торта и тоа различни, во растојание од околу 3ч (му доаѓа како два пати да вечерав - ама мораше така да биде, бев на роденден - и тоа на мојот ), +3 коцки темно чоколадо и 1 чоко банана - што е многу, многу е - ама еднаш во годината е. И искрено да ви кажам, воопшто не сум задоволна што изедов толку благо, душава ми бара солено. Ми иде сол да лижам, не знам што ми е.
Денес, нашиот 14ти ден. За појадок јадев 3 мали кајсии. За ручек имавме манџичка со грашок, со кромитче, свеж патлиџан и зачини, и зелена салата (ама марулата беше одвратна , не ја ни дојадов). За вечера повторно грашок, со салата од краставичка. Испешачив 7 км со многу брзо темпо поштено, апликацијата покажа дека сум согорила 300 калории, што не е за фрлање. Жената симна 2кг, со стартна основа 90 кг, јас нула, со стартна основа 70. Статус кво. Утре ќе јадеме макарони со кечап, а за вечера имам парче торта. Денес ми ја пратија од еден роденден.