7ми ден. Доручек: две јаболка. + едно нес 2 во 1. Ручек: макарони или шпагети со кечап. Вечера: две колачиња од оние диеталнине не знам како се викаа, едно од овие и еден сладолед и еден ред црна чоколада. Мислам ќе ми биде доста, се двоумев со се сладолед да не ми е многу, ама нема врска.
Буенос диас . Јас денеска овошен ден. Имам јадено кајсии, сеа ќе правам у соковник сок од портокали и јаболки. И до после ќе јадам јаготки неколку и вишни евентуално ако има. И така. И од понеделник официјално почнувам да вежбам на орбитрек, а уз тоа и 4 пати у неделата и на зумба идам. Не сакам стагнирањето да ми трае подолго од што треба. Утре протеински, ќе ручам 2 печени батачиња на фолија без масло и салата зелка со краставичка и малце бибер. За вечера едно печено батаче и истата комбинација на салата. Вие арни? Ма, знам дека сте арни што прашувам па и јас. Ај чао .
Од предолга дружба на темава, ни се синхронизираа деновите, малтене како кога со блиска другарка ќе ви се синхронизира циклусот. И јас терам денес овошен ден, јадев две мали праски и кајсии отсабајле, а чекам јаготки и банани да донесе мајка ми. Ме прелажаа дека цреши ќе ми донесат уште од вчера, препекав, ги изнамислив и не ми донесоа. Сега сум малтене ко трудница досадна, црешите та црешите... Ај, само да помине денов.
Епа и јас ви правам друштво денес, и мене ми е овошен ден. Кога се разбудив сабајле бев толку гладна што мислев дека ќе припаднам на лице место, затоа си поспав уште малку и кога станав си апнав четири кајсии и колку-толку ми го убија гладот. Сега одвреме-навреме си апнувам црешички и морам да признаам доста заситуваат. А дома сите денес тостчиња си јадат а јас само на овошје . Ќе биде, ќе биде. Штом првиот овошен го издржав и овој ќе биде . Ај поздрав.
И мојот ден заврши... За појадок имав 2 портокали За ручек- не ручав (знам дека не треба да се прескокнуваат оброците ама што да правам кога си идам од пракса и одма заминувам на фитнес немам време да се вратам дома и да ручам) За вечера јадев 2бутчиња така малечки, 1патлиџан и една краставица! Сега се спремам за на играорна па ова што го јадев колку толкуу ќе го стопам(се надевам ) Позз до сите!
^ Ова воопшто не е добро што го правиш. Не внесуваш калории, а трошиш. И тоа во денот имаш дури 2 физички активности. Пиј барем витамини некои, за да не ти ослабне крвта, да немаш последици. Или шумливи некои купи, пиј. Сега во тинекс има акција 2 за цена на едно такво.(80ден) И мораш некако да најдеш време пред фитнес да јадеш, па да одиш. Освен тоа што ќе го извежбаш и потрошиш, и на организмот треба да му остане нешто, инаку како воопшто би функционирал?
Токму така, бидејќи кога организмот нема храна почнува прво да троши од мускулот, тој му е полесен за обработка веројатно, а не од салото како што мислат повеќето, ај сега нема да јадам и сало нема да иам, не,не... Значи, макар и едно парче леб, некое зеленчуче за грицкање или на крајот на краиштата задоцни на фитнес, само никако гладна, ќе си направиш поголема беља. Што е тоа што треба да се потроши? Салото, кое е веднаш под кожата и кое е во неколку пати поголема количина од мускулот, а тој се троши со правилен начин на исхрана, диетата која си ја одбрала е еден од начините, не смееш да го изгладниш организмот бидејќи тогаш амлитудата на шеќерот во крвта оди синусоидно, или горе-доле, а не во своите дозволени рамки, е тогаш твојот мускул почнува да се троши а салото само се зголемува или воопшто не се губи. Стави си го ова во крпче што би рекле старите, никогаш ама никогаш немој да огладнеш, ете јас сега сум гладна и прв пат после два месеци и кусур ќе се почастам со половина ќесичка смоки, дознав дека имаат многу малку калории и башка во ПМС одлично ќе ми дојдат, се почастив и со сладоледче така да кој е како мене.
Абе некако не чувствувам глад, од толку многу што имам обврски заборавам да јадам. И да знам дека не е добро, ама немам навистина време да ручам колкуи да сакам да имам не можам. Иначе ако осетам дека немам енергија пијам од тие шумливите(макар што мн малку ми се дешава да немам енергија) , ќе видам ќе прам некако од понеделник тогаш сум втора смена па пред да одам на пракса ќе јадам Фала сепак на извоено време
Готово, бидна овошниот ден, го заокруживме со салата од зелка, една краставичка и неколку ситни зелени маслинки. После салатата овошје веќе не, тоа ни е последно. Утре го почнуваме 5тиот циклус. 17ти ден. Ќе правиме лесна чорба од зеленчук - кромид, свежа пиперка, домат, зелка и пилешко на коцки. Тоа за ручек и половина за вечера, со шопска во обата оброци. Сирењето никако не го изоставам првиот ден, малку-малку, важно е да си каснеш според мене , зашто и онака млечните производи се на минимум во диетава. А потребни се.
Би сакала да го споделам моето искуство со диетава, иако поминаа само 2-3 недели, зашто гледам дека многу се потресувате ако кикснете од распоредот. Диетата ја држев ептен строго на почетокот ( првите 5 дена), јадев на 4 саата, немав никаква ужинка измеѓу, го јадев само пропишаното. После 5тиот ме фати криза и еден ден почнав да пробувам од се` по нешто. Наредниот пат на јаглехидратен ден знаев да изедам и торта и колачи и сладолед. Се случувало и да испијам кафе со млеко, или пак на овошен ден да каснам малку леб, или пак да конзумирам нешто алкохолно, а некогаш вечерата не ми била половина од ручекот, туку еднакво. Првиот пат кога се измерив по само неколку дена, имав симнато 2 кг. Последниов пат, после 2 и нешто недели, вагата е минус 3 килограми вкупно. Значи да напоменам дека мене не ми треба големо ослабување, само нозете планирам да ги ослабам и зацврстам, повеќе ми е значајно што едни панталони кои ги купив и никогаш не ги облеков зашто се поправив, можам да ги облечам, отколку килограми во минус. Ова го пишувам зашто цел живот сум стрвотија невидена, јадев се` и сешто, количински не многу, но мешав разна храна, а со диетава имам некои придобивки. Еве по толку краток период се навикнав да не јадам после 8, не чувствувам глад, пијам многу вода, а порано пиев едвај чаша, вежбам, слабо козумирам кафе и се чувствувам многу поздраво. Некогаш правам големи отстапувања, но порано кога сум држела други диети сум се чувствувала прегладнето и сум имала желба да надокнадам за сета пропуштена храна. Сега и да изедам нешто примамливо, не е во толку голема количина и најбитно немам грижа на совест, си продолжувам нормално по распоредот, а или стагнирам или намалувам, во никој случај, вагата не покажува плус. Затоа, и да згрешите, не се оптоварувајте, килограмите не се враќаат така лесно.
Денеска 5 - ти ден. После првиот циклус се мерев и за 4 дена 1 килограм минус . И покрај прекршувањата има резултати. Точно еден килограм ослабнета. Скокав од радост . Нека ми се множат . Инаку за денес стандард, банана, пилешки прсти за ручeк, за вeчера исто, плус парче похован кашкавал и малце сирење и 3 мали ќофтиња. Количински многу, ама немав утки со комбинациите. Овој килограм ми даде уште поголема волја за диетата .
И јас почнав истото да го правам во почетокот воопшто не ми беше тешко да бидам принципиелна ама како поминува времево се потешко ми е (денес ми е 11ден).........а и по цел ден сум опкружено со слатко,благо, солено....работам во колонијален дуќан .......ама сепак не се предавам ќе се трудам колку што можам да гризам уста
Уште еден килограм во минус. Биднаа 2 досега. И на сите им пратив абер ако се решат да ми купат подарок во скоро време, тоа да биде дигитална вага. 17 ден - here we come.
Трендафилке, знам дека лајк ништо не значи, зошто ти си решена да успееш, ама знај дека многу ми е мило што килограмите се топат и што диетата е успешна. Keep up the good work И до Јуле честитки, само полека и ќе биде посакуваната тежина. Јас кај да е, мора да сменам нешто, од испитнава сесија пуштив стомаче, не знам зошто, обчино кога сум под стрес јас слабеам, овој пат си качив некое килце Но, од што немам време ни кошарка не играм, не трчам, ништо не спортувам, само над книга седам и еве ги резултатите. Ќе се гледаме во темава, уште недела и пол нека ми завршат испитите па ќе гледам некако да го тргнам вишоков.
Трендафилке ЧЕСТИТООО ни даваш мотивација на сите нас што ја држиме Мене ми е 6ти ден(ќе си варам кромпири )
Здраво диеталци! Вчера не успеав да ви пишам и да ви се пофалам: уште 1кг минус! Арно ама вчера направив една грешка од незнаење - супата што ја мислев дека е само од моркови имала и компири во неа . Вчера 13 ден - протеински појадок: 2 јаболки, ручек: 3 варени јајца и салата од зелка + супа (грешна); вечера: една шопска салата и неколку маааали рипчиња. Пиев и едно кафе со млеко вчера. Денес 14 ден - скробен: појадок: 2 јаболчиња, ручек: ќе си направам ориз со зеленчук и некоја салата, за вечера: истото од ручекот со салата. Е сега, во петок сум на свадба, а ми се паѓа овошен ден, па си мислев, да го прескокнам утрешниот јаглехидратен ден и така ќе ми се падне протеински за свадбата во петок - што велите а? Инаку свадбата е во друг град и ќе останеме неколку дена, па не знам како ќе се справам со диетава.
Браво бе Тренди, гледаш дека почнуваат да се симнуваат . И кај мене има подобрување од уште едно кило минус. Од 77 на 76 дојдов . Јас денеска протеински. Само што ручав 2 батачиња(без карабатак) печени на фолија без масло, само попрскани со малце водичка и салата зелка со краставичка. Вечер едно батаче и салата патлиџан решив да јадам со многу малце сиренце, колку да се рече дека има.
anabel-a - колку си ти висока? Зашто на сликите во Модни критики те гледам и визуелно посебно кај делот во колковите изгледаш бајаги послабичка од мене, без разлика на килограмите. Некогаш не е се' до тежината. И други фактори како - висина, конструкција, затегнатост на телото играат улога изгледот на телото.